Author: Media Point

МИЛЕ ЈАНГЕЛОВ ГО ИЗВАДИ СВЕТИОТ КРСТ ОД КАМЕНИЧКА РЕКА Миле Јангелов го фати Светиот крст што денес, по повод празникот Богојавление-Водици, беше спуштен во водите на река Каменичка. По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа пријавени учесници, меѓу кои Миле беше најсреќен. Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му врачи пригодни подароци и посака годинава да биде исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба за сите жители во општината. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, 17.01.2022 година со почеток во 20:00 часот се одржа првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Седницата ја водеше премиерот Ковачевски, а на истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска. Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година. Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да…

ПОВЕЌЕ ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕТИОТ ХРАМ „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Ние, свештениците при храмот „Свето Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваме сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот. Ја користиме оваа пригода и да им укажеме на учесниците во овој свет чин, да се однесуваат пристојно и во духот на нашата православна вера. Денот пред Богојавление- Водокрст (18. Јануари) е строг пост (на вода), а во среда, на…

ПОВЕЌЕ ...

На 13.01.2022 полициски службеници го лишиле од слобода Ј.П.58) од Кочани, бидејќи во место викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА. Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА. По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневен билтени на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Лазаров го пропушта Европското првенство Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели. Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема…

ПОВЕЌЕ ...

На градската депонија во Македонска Каменица, во тек се активности за доуредување и воспоставување на систем за поголема контрола врз истата. Според директорот Влатко Димитровски, “проектот опфаќа дооградување на просторот и забранет слободен влез за неовластени лица на депонијата”. Почнувајќи од денес, додава Димитровски, “граѓаните надвор од работното време на овластеното лице, ќе можат да одложат отпад на депонијата исклучиво со претходна најава на телефонскиот број 071 703 369”. “На овој начин, воспоставуваме контрола врз градската депонија, со минимизирани проблеми, како што се палење на отпадот, носење на истиот надвор од депонијата и депонирање на отпад без критериуми, во и…

ПОВЕЌЕ ...

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска уништени се вкупно 195 домашни свињи, односно со овој потег немаме ниту една жива свиња. Направена е депопулација, со што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот. Ова го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски на денешната прес-конференција организирана од Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Вонредни мерки за справување со прв случај на африканска свинска чума во Република Северна Македонија“. Во наредните денови, Бабовски соопшти дека ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Горан Гоцевски со вчерашната прозивка го означи стартот на подготвителниот период на ФК Каменица САСА во пресрет на новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Како што истакна Гоцевски, амбициите на екипата од Македонска Каменица се продолжување на одличните резултати во пролетниот дел од сезоната и пласман во Првата македонска фудбалска лига. “Започнуваме интензивен подготвителен период, кога покрај редовните тренинзи на екипата, ќе одиграме и неколку контролни натпревари. Стартуваме без поголеми измени во ростерот, освен Дејан Ангов и Филип Димоски кои заминаа, останатите играчи денеска ги започнаа подготовките со тимот. Ростерот на тимот ќе биде затворен со нов “шпиц”…

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река продолжува со вршење на редовните работи и активности поврзани со одржување на чистата животна средина во урбаниот дел и руралните средини од општина Македонска Каменица. За таа цел, започната е акција за чистење на просторот околу влезовите во градот, која опфаќа отстранување на високостеблести дрва и џбунести растенија. “Редовното чистење и отстранувањето на обраснати дрвја и високорасни џбунести растенија покрај коловозниот дел при влезовите во градот е елементарна потреба за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот и олеснето движење на граѓаните” – изјави директорот на претпријатието Влатко Димитровски која најави дека “Акцијата на ЈП Камена Река, за…

ПОВЕЌЕ ...

Младата репрезентативка Ива Чолаковска од Струга ги засилува редовите на шампионот во македонската кошарка, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. Во претходните сезони, Ана Чолаковска покрај настапите за ЖКК Струга, била дел од тимот на Вардар и Работнички од Скопје. Чолаковска има солидна статистика во досегашните настапи за репрезентацијата и во редовите на Работнички, од каде доаѓа во Наскет Кам за да го засили тимот на позиција 2 и 3.

ПОВЕЌЕ ...