Author: Media Point
До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. – До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото…
Секоја среда во Здравствениот дом во Делчево ќе се вршат прегледи – ехо на дојка. Оваа нова здравствена услуга за делчевските пациентки стартува од 2 февруари и пациентките ќе можат преку своите матични доктори да закажат прегледи преку Мој термин кај д-р Андријана Илиевска-Велковски. Воведувањето на оваа нова здравствена услуга е резултат на прифатената иницијатива за воведување превентивни прегледи на дојка доставена до Здравствениот дом во Делчево од страна на Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево. Со поддршка и огромно залагање на пратеничката д-р Соња Михаиловска, директорката на Здравствениот дом, д-р Марија Глигоровска, како и на д-р Андријана Илиевска-Велковски, прегледот ехо на…
Во Словенија изминатава година има значително зголемување на побарувачката за вработување на странци. Заводот за вработување соопшти дека во 2021 година биле примени 52.281 барање за работни дозволи, што е најмногу од 2015 година, кога е воведен сегашниот систем, јави СТА. Словенија на тој начин го надмина претходниот рекорд од 48.127 барања за работна дозвола примени во 2019 година, кога вработувањето на странци во Словенија беше највисоко во последните години. Се наведува дека од 52.281 пристигнати барања во текот на 2021 година, одобрени се 46.264, а одбиени 6.017. Зголемениот интерес на странците за работа во Словенија е последица и на…
Берзата на криптовалути доживеа пад, без разлика дали крипто инвеститорите сакаа да си го признаат тоа или не. Падот на вредноста од 25%, 33% и 45% за помалку од еден месец, во зависност од предметната криптовалута, не може да се оправда со никаква „системска нестабилност“. Секое средство што губело толку многу вредност толку брзо пропаднало, било да се тоа акции, обврзници, стоки или криптовалути. Терминот „корекција“ не е доволен за да се оправда ваквото опаѓање на вредноста за толку краток временски период, особено што добар дел од тој пад се случи за само неколку дена. Слаби се аргументите на оние…
На 24.01.2022 во 16.30 часот во полициската станица Кочани, лекарка пријавила дека околу 16.20 часот во просториите на Итната медицинска помош во Кочани, З.Р. од Кочани агресивно се однесувал кон неа. По комплетирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Борка Николовска од делчевското село Звегор е добитничка на главната премија од инстант лозот Аморова стрела во износ од 500.000 денари. Среќната добитничка вели дека секојдневно купува од нејзините омилени инстант лозови Дијамант и Аморова стрела со надеж дека среќата ќе и се насмее. Добитниот лоз е купен од среќното продажно место “Вера НБ” во Делчево, а добивката потврдена и исплатена во регионалната благајна на Државна лотарија во Кочани.
Македонија се искачи за 24 места според Индексот за перцепција на корупцијата, покажува извештајот на Транспаренси интернешнл. Со 39 индексни поени државата се наоѓа на 87 место, што е подобрување од лани, кога со 35 индекни поени Македонија се наоѓаше на 111 место. Меѓутоа, и покрај големиот скок, Македонија е во друштво на Виетнам, Танзанија, Суринам, Мароко, Етиопија, Колумбија, Косово. Во регионот Македонија е на подобро место од Србија, Албанија и Босна и Херцеговина. -Значи имаме подобрување, но тоа не значи дека е многу добро. Резултатот е се уште многу висок. Се уште е под половина, под 50 поени и…
Маестро Александар Џамбазов е македонски диригент и композитор роден на 3 февруари 1936 година во селото Стапар, Војводина. Тој целиот свој работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент и на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство а добитник е на голем број стручни награди. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје Негов син е познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов а негова ќерка е Тања Џамбазова. Тој беше во брак со актерката…
Македонија под нула, во Маврово и Берово утрово -20 степени Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени. Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15. Времето денеска ќе биде студено со максималната температура до 6 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност…
За една недела престанува да важи одлуката за замрзнување на цените на дел од основните прехранбени производи, а засега нема најава за нејзино продолжување. Но, и покрај тоа што одлуката генерално се почитува од трговците, граѓаните се жалат на поскапување на некои од производите кои имаат замрзнати цени. Велат дека поскапени се некои видови сирења, леб, брашно млеко… Освен производите кои имаат замрзнати цени граѓаните се жалат дека во меѓувреме се качија цените на сите други производи, а позабележителен раст има на цената на кафето, производите од преработувачката индустрија и кондиторските производи, пишува Вечер. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека мал…
