Author: Media Point
Кои се луѓето кои стекнуваат најсилен имунитет на коронавирусот? Научниците на Универзитетот во Орегон, САД, го истражуваат патот до силен имунитета, a oдговор на прашањето дава и српската докторка Мирјана Гњатовиќ од Институтот за нуклеарна примена на енергија (INEP)која вели дека со најсилен имунитет се оние луѓе кои имаат комбинација на прележана болест и вакцина, а воедно поседуваат и „лепеза антитела“ кои ги штитат во случај на појава на сериозен и опасен сој. „Сите вакцини се базирани на вуханскиот сој, но потоа некои се заразуваа со делта, некои соомикрон, па всушност, на организмот му се чини како да сме примиле…
15 ЛЕКАРИ И СЕСТРИ ОД БОЛНИЦАТА ВО ШТИП БОЛНИ ОД КОВИД Да помогне Кочани! Нема шанси да се отвори модуларната ковид-болница во Штип. Поради тоа што 15 доктори и сестри се позитивни на ковид-19, можностите за евентуално реактивирање на модуларната болница во Штип се сведени на минимум, па Клиничката болница бара други алтернативи и поголемо активирање на болниците во регионот, пишува порталот Експрес. – Инфективното одделение во Штип е од регионален карактер и половина од својот капацитет од вкупно 55 легла го исполнува со пациенти од другите градови во регионот. Времено, поради немање доволен кадар кој исто така е заболен,…
Рафаел Надал е освојувач на овогодинешното издание на Австралија опен откако со 3:2 го совлада Даниил Медведев во финале кое траеше повеќе од 5 часа. Русинот доминираше на почекот лесно добивајќи го првиот сет со 6-2, а потоа го доби и вториот по тешка битка со 7-6. Шпанецот беше на работ на убедлив пораз, но потоа се разбури и наредните два сета ги доби со по 6-4 за да израмни на 2:2. Решавачниот сет, нормално, се играше на продолженија откако беше 5-5. Надал беше посконцентриран и успеа да дојде до 7-5 и за него само втора титула на Австралија опен.…
Стружани сметаат дека игрите на среќа придонесуваат кон зголемување на криминалот и сиромаштијата, но и дека не се почитуваат законите и лица под 18 години посетуваат објекти каде што се приредуваат игри на среќа во Струга. Ова го покажува истражувањето на професорот Ндерим Положани, кој во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи”, спровел анкета со 200 испитаници во рамки на мониторингот на измените на Законот за игри на среќа, со кои се предвидува објекти во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовни институции. – Места каде што се приредуваат игри на среќа,…
Од станот над мене протекува вода. Кои се моите права и каде може да се обратам? Од станот над мене протекува вода. Соседот упорно не сака да го реновира купатилото за да престане протекувањето. Одговара Јасмина Петреска од Регулаторната комисија за домување. Извор: СамоПрашај
Околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода беше удрен човек. Повредениот падна на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје. Повеќе присутни граѓани му помагаа и беше повикана Итна помош. Присутните цело време ги пренасочуваа и ги предупредуваа автомобилите кои се движеа од Кисела Вода кон Центар за да не го удрат повредениот. Тој остана на асфалтот и никој не го помрднуваше затоа што на тој начин можеа да му ги влошат повредите. Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот…
Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909. Според епидемиолошки анализи во моментов, Македонска Каменица има 34 активни случаи, а дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 121321, Активни 9614 Куманово 14770, Активни 836 Прилеп 12700, Активни 598 Битола 12699, Активни 1368 Тетово 12357, Активни 577 Кавадарци 8918, Активни 863 Гостивар 8756, Активни 376 Велес 8431, Активни 511 Охрид 7905,…
На 26.01.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, (35-годишна жителка на кочанско село) пријавила дека на 24.01.2022 година, околу 17.00 часот, кај Градскиот базен во Штип, била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, таа била доведена во заблуда дека лицето може да ја излекува доколку ѝ даде златен накит. Пријавителката ѝ дала златен накит, но откако не можела да стапи во контакт со лицето, сфатила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот. Извор: Дневен Билтен на МВР
Дивјачко возење низ улиците во земјава. За два дена казнети најмалку 500 возачи кои возеле брзо, пијано или не пропуштале граѓани на пешачки премин. Овие казни полицајците ги пишале во различни полициски акции, во само едно деноноќие. За пет часа биле казнети вкупно 138 пијани возачи во контрола вчеравечер која почнала во 22 часот, а завршила утринава во 3 часот. Најмногу пијани возачи полицајците регистрирале во Скопје, Битола и во Тетово. Само вчера МВР казнила 164 возачи кои возеле над дозволената брзина. Од нив, 10 возачи возеле дури над 50 километри на час повеќе од ограничената брзина. Казнет е и…
Македонска Каменица, 29.01.2022 година Пристигна убава вест за мега засилување во редовите на ЖФК Каменица САСА Нова фудбалерка на ЖФК Каменица САСА е Пејтон Тајлер Чик, која во Македонска Каменица доаѓа од Сиетл, САД. Откако помина медицински тестови, Пејтон го потпиша својот едногодишен договор и се приклучи на првиот тренинг на актуелните Шампиони на Македонија. Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции, со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и порезултатни, – стои во соопштението од клубот. Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и секако трета титула во низа!…
