Author: Media Point
Баскет Кам 2011 влезе со големо засилување во 2022 година, и го победи Вардар (72:59) По еден месец одмор, овој викенд продолжија и возбудувањата во Првата лига-жени. Се одигра 12. коло, кое го одбележа враќањето на кошаркарските терени на Јелена Антиќ. Ако во досегашниот дел од сезоната беше во улога на прв тренер, од пред неколку дена, Антиќ е активна и на теренот. Ги запиша своите први играчки минути како дел од шампионскиот тим од Македонска Каменица. Одлична вест за екипата која ги брани двата трофеи во македонската женска кошарка. Тоа беше „евидентирано“ и со победа во дуелот потив екипата…
Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст. Веста е објавена на официјалната фејсбук страна на групата. Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје, каде тој учи да свири клавир, а подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи. Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија. Извор: Опсервер Почина Аки Рахимовски | opserver.mk
Интензивно се чисти снегот од градските улици, тротоарите и локалните патишта во Македонска Каменица
ПРОДОЛЖУВА АКТИВНОТО ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГОТ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ, ТРОТОАРИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА КОН РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ Како што стои во соопштението за јавност, објавено на официјалниот профил на ЈП Камена Река “Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Камена Река постојано се на терен и го чистат снегот од тротоарите, градските улици и шеталишта. Овие активности, во соработка со економскиот оператор задолжен за зимско одржување и проодност на патиштата на територијата на општина Македонска Каменица, паралелно се одвиваат и на локалните патишта кои водат до руралните средини”. Исто така, во соопштението стои дека “ЈП Камена Река апелира до…
Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса“ и автомобил „опел“ кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма. Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке…
Facebook има нови игри за деца кои треба да ги научат како безбедно да користат Интернет 21/01/2022 9:57 Facebook најави нови активности на својата платформа за деца, Messenger Kids, која треба да им помогне да научат како безбедно да користат Интернет и да носат „здрави одлуки онлајн“. Експерти за онлајн безбедност, развој на деца и детски медиуми учествуваа во развојот на Messenger Kids Pledge и Pledge Planets, соопшти компанијата, најавувајќи го започнувањето на интерактивната активност Pledge Planets на Messenger Kids. Pledge Planets се заснова на она што Facebook го вели дека се принципите на Messenger Kids се: бидете љубезни, почитувајте,…
Пакистанка осудена на смрт поради „богохулни“ пораки на „WhatsApp“ Суд во Пакистан осуди жена на смрт поради „богохулни“ пораки испратени на „WhatsApp“ и Фејсбук, пренесува „Гардијан“. Аника Атег, 26, е обвинета и осудена на смртна казна откако против неа била поднесена пријава дека ги прекршува драконските пакистански закони за сајберкриминал и богохулие. Според обвинението, Атег преку онлајн игра се запознала со друг Пакистанец и тие продолжиле да разговараат преку „WhatsApp“. Тој ја обвинил за испраќање на „богохулни“ карикатури од светци, за религиозно коментирање на „WhatsApp“ и Фејсбук и за споделување на содржините на разни профили. Атег е сега обвинета за…
Македонска Каменица, 20.01.2021 година – Општина Македонска Каменица во соработка со фирмата ТМ ДОО од Штип која располага со современа опрема за дијагностика започна со решавање на проблемот со уличното осветлување во централното градско подрачје. „Укажано ни е дека проблемите со осветлувањето настанувале и ќе настануваат поради неколку децении старата, дотраена и честопати оштетувана електрична инсталација“ – стои во соопштението за јавност на официјалниот профил на градоначалникот Димчо Атанасовски Градоначалникот Атанасовски во соопштението дополнува дека ќе бидат преземени потребните чекори за трајно решавање на овој проблем, истакнувајќи дека „Локалната самоуправа е определена за реализација на квалитетни проекти кои вистински ќе…
Пејачот Аца Лукас денеска во текот на денот итно бил примен во Ургентниот центар во Белград Имено, пејачот останал да лежи во болница за да ги направи сите дополнителни прегледи во врска со неговото здравје. Првото упатство што го добил за преглед било за гастроентеролог, но деталите за неговата дијагноза се уште не се познати. Менаџерот Саша Мирковиќ рече дека наводите се точни. – Точно е дека Аца Лукас заврши во болница. Се чувствувал уморен и слаб, но направиле детални прегледи. Само ќе ви кажам дека се предозирал, бидејќи претходните денови и недели работеше многу… Му дадоа витамински коктел -…
Дали сопствениците на станови од последен кат можат да постават сончеви панели на кровот од зградата без одобрение од другите станарите или куќниот совет? Одговара Јасмина Петреска од Регулаторната комисија за домување.Извор: самопрашај.мк
Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата во наредните денови, кога и учениците се на распуст, да не се оди на работа, со цел да се заштеди енергија. Во дописот до директорите на училиштата се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно – техничкиот кадар, освен за техничкиот кадар којшто е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштата во периодот од 20 до 26 јануари, кога се користи зимскиот одмор за учениците. „Оваа препорака се дава со цел да се намалат трошоците за енергија и за електрична енергија во…
