Author: Media Point

Вечерва, на свеченоста во хотелот „Лимак“ во Скопје, се надеваме дека ЖКК Баскет Кам ќе прими повеќе признанија како една од најуспешните екипи во оваа година. Најзначајно и сосема заслужено би било признанието во категоријата Екипа на годината, кое оваа година заслужено треба да допатува во Македонска Каменица во витрините на двојниот шампион во македонската женска кошарка, екипата на Баскет Кам. Македонската кошаркарска федерација ја продолжува традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт. На свеченоста која ќе биде вечерва (19.30 часот), во хотелот „Лимак“ во Скопје, најуспешните во оваа 2021 година ќе ги добијат заслужените признанија. Освен тоа, федерацијата…

ПОВЕЌЕ ...

Емина Јаховиќ објави нови фотографии кои го одземаат здивот Емина Јаховиќ е една од најубавите жени на нашите простори. Пејачката сака секогаш да изгледа убаво и привлечно, а доказ за тоа е нејзиниот Инстаграм профил, каде сподели фотографии кои воодушевија многумина во последните неколку дена. Во духот на празничната атмосфера, оваа атрактивна пејачка позираше во најразлични комбинации и изданија, а објективот на камерата ги сними најубавите кадри. Пејачката со овие фотографии инспирираше многу жени, за нивните празнични фотографии. Елегантна, префинета и сензуална, Емина е веќе подготвена да влезе во 2022 година. Црвениот аутфит остави многумина без зборови. На Емина одлично…

ПОВЕЌЕ ...

Експлодира автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија Ѓорѓи Манасков Синоќа Стопанската комора за енергетика на Македонија на својот фејсбук профил инфомираше дека возилото во кое се возел претседателот на Стопанската комора Ѓорги Манасков експлодирална автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север. Манасков во моментот на експлозијата во автомобилот бил со сопатник. Од Стопанската комора инфомираат дека брзата интервентна полиција која била во близина и противпожарната екипа веднаш реагирале, но не успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгорело до темел за неполни 3 минути. Од комората информираат дека нема повредени во експлозијата.

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска препладне ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со слаб северен ветер. Во Македонска Каменица максималната дневна температура ќе достигне до 2 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 5, Битола 1, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 4, Дојран 8. И утре времето ќе биде студено со утрински температури до -10 тепени. Преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност со температура од 0 до 9 степени. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ПОВЕЌЕ ...

Собранието денеска во второ читање ги усвои законските измени за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден. Тие треба да почнат да се применуваат од 1 јануари. Прецизирани се дејностите во кои неделниот одмор може да се замени и со друг работен ден и тие по проценките се неопходни за нормално функционирање на општеството. Измените предвидуваат за 50 проценти поголема дневница и слободен ден за тие што ќе работат во недела, а се дел од овие дејности. За 100 отсто поголема дневница и слободен ден се предвидува за оние работници кои ќе работат во несуштинските дејности, што е…

ПОВЕЌЕ ...

Полициското одделение во Македонска Каменица започнува со спроведување на превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства“. Целта на кампањата со спроведување на редица активности е насочена кон граѓаните, односно најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на граѓаните. Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата заплени автобус- со фалсификувани документи возел за Истанбул Полицијата денеска заплени автобус на скопска фирма поради сомнеж дека е направен фалсификат по регистрација и по бројот на шасијата на возилото. Автобусот се движел по истата рута на кобниот автобус на Беса транс кон Истанбул, а припадници на мобилната единица на граничната полиција го сопреле на наплатната рампа кај Миладиновци. Покрај фалсификуваната документација, се проверува дали 56-годишниот возач имал соодветна лиценца за управување со автобус во меѓународен сообраќај. На 23-ти ноември, во несреќа кај Софија во пожар настрадаа 45 патници кои се враќале од Истанбул за Скопје со автобус на…

ПОВЕЌЕ ...

На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав. Неговото прво дело, поемата „Мостот“, ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат…

ПОВЕЌЕ ...

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција. Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој свет­ец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Житие Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци. Роден е во градот Патара во Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како единствено и измолено од Бога дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина, кои решија да Му…

ПОВЕЌЕ ...

На 17.12.2021 во 22.55 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода Д.Д.(26), Ф.Д.(24), К.С.(21), С.Ѓ.(20) од Виница и П.Ѓ.(21) од Кочани. При претрес во домот на Д.Д. и Ф.Д., извршен со судска наредба, каде биле затекнати и К.С., С.Ѓ. и П.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР:  Дневни  соопштенија  на  МВР

ПОВЕЌЕ ...