Author: Media Point

Лажен оџа од Кочани силувал деветгодишно дете за да го „излечи“ од црни магии Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело – Измама согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. „Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврати на 23 и 24 ноември…

ПОВЕЌЕ ...

Листата на производи со замрзнати цени најверојатно ќе се прошири. Министерот за економија, Крешник Бектеши, информираше дека Владата размислува да ги замрзне и цените на оризот и јајцата, доколку се увиди дека цените во трговијата на мало и трговијата на големо се зголемиле во текот на ноември. На владина седница треба да се разгледаат податоците од Заводот за статистика во делот на движењето на цените во трговијата на мало и големо и доколку е забележан пораст тогаш ќе се воведе проширената листа на продукти со замрзнати цени. Доколку биде донесена таква одлука, цените кои биле формирани од трговците од 1 декември ќе важат до 31 јануари…

ПОВЕЌЕ ...

Употребата и продажбата на пиротехнички средства е опасна и казнива, МВР апелира до граѓаните да не користат петарди Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба. Така,…

ПОВЕЌЕ ...

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм. Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи. Новите цени на…

ПОВЕЌЕ ...

https://www.youtube.com/watch?v=iNf2zmMBzaY Нашиот сограѓанин, Дамјан Стоименовски уште еднаш ја воодушеви македонската публика, овој пат со неговата прва песна “ Те губам” . Музиката и аражманот се на Гоце Симоноски,додека текстот е на Ивана Димова. Зад видео записот стои Владислав Гавриловки , а видеото е снимано на повеќе локации во Скопје. Ова младо момче има 20 години и е студент на правниот факлутет “Јустинијан Први”. Дамјан е страствен љубител на музиката и пеењето. Тој редовно посетува часови по пеење , а досега има преработено неколку музички нумери. Редовно учестува на сите манифестации и музички настани во општина Македонска Каменица и регионот. Има…

ПОВЕЌЕ ...

Баскет Кам уште не може да се пофали на терен (има две службени), но затоа, првпат во своето постоење и во својата дебитантска сезона во ВАБА доби МВП на колото. Станува збор за американската интернационалка Адиџат Адамс која беше убедливо најдобра во поразот од Триглав. За разлика од АБА, во ВАБА за играч на колото се прогласува кошаркарката со највисок индекс, без разлика дали нејзиниот тим победил или загубил, па така и Адамс се закити со ласкавото призание. Против Триглав (пораз од 74-78) таа постигна 20 поени со шут за два 7/8 и 6/7 од линијата за слободни фрлања, а…

ПОВЕЌЕ ...

По повод 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Градоначалникот на Општина – Димчо Атанасовски во својот кабинет ги прими членовите на невладината организација ЦПЛИП “Порака“ од Македонска Каменица. Тој ја изрази својата благодарност кон ова хуманитарно здужение за акциите што ги превземат за да им помогнат на маргинизираните групи на граѓани. На средбата Градоначалникот истакна дека,  “Според Конвенцијата на Организацијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост која Република Македонија ја потпиша и ратификува уште во далечната 2007 односно 2011 година, треба уште многу да работиме на градење партнерство со лицата со попреченост преку Невладините…

ПОВЕЌЕ ...

  Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост И оваа година, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, САСА продолжи со својата континуирана поддршка наменета за овој важен сегмент од локалната заедница. Оваа година, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА донираше опрема и материјали за Дневниот центар за лицата со попреченост, чии услуги ги користат 15 лица од општина Македонска Каменица. Донацијата се состои од кревети, клима-уреди, играчки, хартија и прибори за цртање, принтер и друг канцелариски материјал. „Со својата поддршка за лицата со попреченост што ја обезбедува во…

ПОВЕЌЕ ...

Младиот Кинез, Ванг Сиао Чонг предизвика лавина позитивни реакции од голем број Македонци кои на неговиот профил на Инстаграм пишуваат емотивни пораки под видеата на кои се гледа како тој среде Пекинг ги пее големиоте хитови на легендарниот Тоше Проески како и српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.

ПОВЕЌЕ ...

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 не успеаја да направат изненадување во дуелот со словенечкот пртеставник. На свој терен, во Македонска Каменица заостанаа за четири поени БАСКЕТ КАМ 2011 – ТРИГЛАВ  74:78 Гостинските кошаркарки до клучната предност дојдоа практично во првиот период од играта во кој поведоа со двоцифрени (26:13). Но екипата од Македонска Каменица немаше намера да се рпедаде. Како одминуваа минутите, така домашната екипа беше се поблиску до пресврт. Особено добра завршница имаше македонскиот шампион во која скоро и ја анулираше високата предност на противникот. На нецели две минути пред крајот, по кошот на Адамс, дојдоа на -2 (74:76).…

ПОВЕЌЕ ...