Author: Media Point

Православната црква и верниците в сабота ја одбележуваат Митровденската или есенска задушница, која секогаш е во ден сабота, во очи на големиот празник Свети Димитриј Солунски – Митровден. За таа цел, свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица упатува Известување за распоредот и време на присуство на свештените лица на вечните почивалишта на територија на општина Македонска Каменица. Сабота, 06.11.2021 година Село Саса 06:00 часот Село Моштица 06:00 часот Грчки гробишта 07:30 часот Село Луковица 07:30 часот Нови градски гробишта – Капела 09:00 часот Стари градски гробишта – Св. Илија 08 :30 часот Свештенството при Светиот…

ПОВЕЌЕ ...

Кризна состојба  од вторник, но без рестрикции. Министерот Бектеши утре ќе го достави барањето во Влада.  Но вели граѓаните да бидат мирни, нема да се гаси струја. Кризна состојба се прогласува  за да може финансиски  да се помогнат енергетските  компании кои изминатиов  период направија големи трошоци за да ги обезбедат потребните количини. За ова најверојатно ќе се користат околу 100 милиони евра пари кои останаа неискористени од ковид мерките. Пред само неколку дена Владата  на седница за време на изборен молк донесе нова уредба за прогласување на кризна состојба во енергетиката. За дел од енергетичарите со ваквата уредба се доцни…

ПОВЕЌЕ ...

Сончево со мала облачност, температури до 23 степени Времето денеска претпладне долж Повардарието ќе биде магливо и со значително ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, а попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.…

ПОВЕЌЕ ...

Корисниците на Инстаграм и Фејсбук од голем број земји денеска повторно се пожалија на големи прекини, јави Интѕернет страницата Downdetector, која ги следи прекините и неправилностите во работата на популарните интернет мрежи. Проблеми најчесто пријавуваат корисници од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Полска, Русија и други земји. Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се поврзани со работата на апликацијата, како и поврзувањето со серверот и вчитувањето на страницата. Проблемите на Фејсбук, пак, главно се поврзани со работата на страницата и тешкотиите при најавување на налозите. (МИА)

ПОВЕЌЕ ...

Не е вообичаен пример кога бебе или новороденче може да се види како ги прави првите чекори неколку минути по раѓањето. Затоа ова видео е многу необично. Видеото го снимила бабица и го погледнале над 80 милиони луѓе. Овие акушерки биле зачудени кога го виделе бебето како стабилно оди. Погледнете како тоа изгледаше. Добивајте

ПОВЕЌЕ ...

Најголем раст на новозаболени минатата недела имало кај населението од 20 до 29 години. Овој податок беше соопштен од Институтот за Јавно здравје. Правејќи анализа за периодот од 25 до 31 октомври, кај оваа возрасна група процентот на заболеност е зголемен за 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на ИЈЗ. Од таму пристигна и податокот дека вчера биле регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања. Најмногу новозаболени имало во Скопје. Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8…

ПОВЕЌЕ ...

Времето наутро ќе биде студено, по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места по должината на Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Времето наутро ќе биде студено, по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места по должината на Повардарието повремено…

ПОВЕЌЕ ...

Околу 3,5 трилиони тони мраз стопен на Гренланд во изминатата деценија го подигна нивото на морето за еден сантиметар и го зголеми ризикот од поплави ширум светот, предупредува новата студија објавена во понеделникот. Ледената покривка на најголемиот остров во светот содржи доволно замрзната вода за да го подигне нивото на океаните за шест метри на планетата, а фреквенцијата на екстремно топење на таа област расте во последните 40 години. Иако Гренланд е едно од местата во светот кои климатолозите најмногу ги проучуваат, студијата објавена во понеделникот е прва што користи сателитски податоци за откривање на истенчувањето на ледената покривка. Според списанието…

ПОВЕЌЕ ...

Во моментов во земјава најмногу заразени со ковид 19 има во Скопје, Куманово и Велес.Додека пак најмалку заразени има во Пехчево, Дојран,Дебар, Демир Капија. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 88767, Активни 3399 Куманово 12295, Активни 413 Тетово 11025, Активни 144 Прилеп 9505, Активни 291 Гостивар 8005, Активни 23 Битола 7465, Активни 245 Велес 6823, Активни…

ПОВЕЌЕ ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021…

ПОВЕЌЕ ...