Author: Media Point

https://www.facebook.com/250526831968734/posts/1512852485736156/ Македонска Каменица, 30.09.2021 година – Зачестени вандалски дејствија во кругот на детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица. Оштетени се оградата, поставената урбана опрема, дел од надворешната столарија и фасадните делови на објектот. Од детската градина упатуваат апел за воздржаност од ваквите дејства, кој ви го пренесуваме во целост: Сечиј имот треба да се чува како свој, особено објектите и други средства и инсталации на јавните и други Установи, бидејќи се тие општо добро и им служат на граѓаните. Она што се има случено во ЈОУДГ БАМБИ пред неколку денови, кога е оштетена и откорнати оградата на дворното место,…

ПОВЕЌЕ ...

Новиот предлог-закон за административните службеници предвидува вработените во администрацијата секој петок да работат со скратено работно време. Во предлогот се наведува: „Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено“. Ова е членот 55 од предлог-законот за административните службеници, кој е објавен на ЕНЕР. Овој предлог-законот е изготвен од страна на Министерството за информатичко општество и администрација и е отворен за анализи, дебати и сугестии уште шест дена. Во предлог-законот стои и дека за неполно…

ПОВЕЌЕ ...

До вчера биле попишани 1.813.153 граѓани Извор: Fokus Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората. Најмногу попишани граѓани од странство има во Швајцарција – 64.806, Германија – 46.161 и Италија – 28.265. Денеска е последниот, 26-ти ден од Пописот 2021. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.09.2021 година – Со реализацијата на четвртото издание на „Tour The Kalimanci lake“, Македонска Каменица полека се афирмира во еден од главните центри на одржување на велосипедски тури во источниот дел од државата. Денес „Tour The Kalimanci Lake“ ги собра велосипедистите од Македонска Каменица, Кочани, Виница, Делчево и Скопје на планинската тура околу Калиманско Езеро. Собирно место на „Tour The Kalimanci lake“ беше Паркот на рударите во Македонска Каменица, а финишот на турата беше во Паркот на млади. Официјалниот дел од турата започнува од браната Калиманци, па се до завршувањето на локалниот пат кај село Илиово. Вкупната должина…

ПОВЕЌЕ ...

Ева Доневска: Апсурдот на стигмата за емоционалното здравје Зошто младите се плашат да зборуваат за својата емоционална состојба со стручно лице?   Денес, низ зборовите на Алберт Ками: „Човекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.“ ве предизвикувам искрено да си одговорите како навистина се чувствувате.   Механичкото одговарање на прашањето „Како си?“ индиректно го претворивме во тренд кој верувам дека тешко би можеле брзо да го отстраниме. „Па…добро, ти?“, „Топ, ти?“, „Супер, ти?“ – се типичните одговори што јас и ти би ги дале; но, дали некогаш би ни дошло на памет да броиме колку пати на ден лажеме, базирано единствено на одговорот на ова секојдневно, недоволно суштински третирано прашање….? Сè почесто и почесто успевам да се најдам во ситуација каде младите во моето опкружување зборуваат за нивната осаменост, демотивираност и страв; иако никогаш не се сами, иако концизно го имаат испланирано текот на следните две години од својот живот, и иако секогаш тие се оние кои ги охрабруваат и тешат другите околу нив. Па, зошто овие проблеми упорно ги идентификуваме како безначајни? Зошто упорно молчиме за виорот на непознати емоции во нашата душа и мисли во нашиот разум…? Недоволна едуцираност? Па, не би рекла.. согледувајќи по бројот на „story“-ња што ги споделуваме на социјалните медиуми за менталното здравје на познатите амерички ѕвезди, нели? Страв? Срам? Дефинитивно да. Реалноста е дека негативната стигма околу менталното здравје е сè уште мошне распространета во нашата држава. Чекорот до признавање на тоа дека на младите им е потребна стручна помош е голем предизвик. Зошто? Суштински, поради фактот дека во општеството и помеѓу останатите млади ќе бидат категоризирани како „луди“, неспособни да ги решат своите „мали“ проблеми самостојно. Оттука, силно верувам дека токму овој страв што прави некоја индивидуа да биде знаена како „понеспособна“ е клучната причина зошто македонската младина не бара стручна помош.   Неодамна, наидов на еден видео запис која на ироничен начин одговара на прашањето: „Што би било ако зборуваме за физичкото здравје на истиот апсурден начин на кој зборуваме за менталното здравје?“   Во видео записот се сретнува следниов од многуте кратки разговори: А: Земаш уште една доза инсулин?! Б: Ммм, да, па морам. А: Дали некогаш си помислил да ги отфрлиш фармацевтските производи и да го третираш/лечиш ова на природен начин? Б: Мојот дијабетес?   Лечење дијабетес на природен начин? Токму така…   Кога сме настинати, повеќето од нас не се двоумат да појдат да побараат стручно мислење. Вообичаена практика е да се третираат симптомите на настинка или грип, особено сега – во време на пандемија. Но, што е со симптомите кои алудираат на емоционална нестабилност? Несомнено, мошне мал дел од македонската популација, а особено младите, го третираат своето емоционално здравје на начин на кој го третираат своето физичко здравје. Задолжително е да се има свој личен тренер во теретана, но кога ќе кажеш дека имаш свој личен терапевт мноштво луѓе ќе почнат да те гледаат и третираат на сосем различен начин, кој за жал не е од перспектива на позитива. Па зошто јас или ти би сакале да имаме личен терапевт, кога тоа би било причината нашите „блиски“ пријатели да нè осудуваат, или уште полошо: одбегнуваат…?   Стигмата за менталното здравје што е присутна во македонското општество ги тера младите кои веќе се свесни за својата емоционална нестабилност да се чувствуваат уште полошо, почудно или да се срамат затоа што, како што вели францускиот егзистенцијалист, тие „се единственото суштество што одбива да биде она што е“. Да се дообјаснам: не велам дека треба да ја прифатиме својата емоционална нестабилност и да живееме со истата, напротив, сакам да посочам дека игнорирајќи ја нејзината присутност истата може да се насочи кон многу полоши патишта: прераснувајќи во сериозни ментални нарушувања. Голем дел од луѓето кои се свесни за вистинитоста на емоционалната нестабилност и менталните нарушувања верувам дека можат да укажат на апсурдноста за стигмата на менталното здравје во нашето општество.   Сметам дека друга стереотипична причина зошто младите се плашат да побараат стручна помош за нивното ментално здравје е заблудата во врска со нивната дијагноза. Дури и јас самата, пред доволно да се едуцирам, сметав дека откако некоја индивидуа ќе биде дијагностицирана со емоционално нарушување, истото тоа нарушување би се задржало засекогаш, бидејќи таа личност едноставно е родена со тоа специфично нарушување. Да, можно е да постојат случаеви кога емоционалното нарушување е вродено, но во повеќето останати случаеви ставот дека дијагнозата на дадена личност ќе се задржи засекогаш и дека никаков вид на терапија не би помогнал во лечење на истата, сакам да вервам дека е неточен. Не сум ни приближно експерт во областа за со сигурност да кажам што и да е за оваа тема. Па, затоа моите ставови се главно базирани на пишаниот збор прочитан од стручна литература и директна изложеност во моето општество на живеење.  Националната Алијанса за Ментална Болест посочува дека помеѓу 70% и 90% од оние кои се дијагностицирани со емоционално или ментално нарушување успеваат да се опорават.   Свесна сум колку застрашувачки звучи: „Посети терапевт.“, особено ако си тинејџер или во своите дваесетти.  Но, доколку успеа да стигнеш до самиот крај на оваа колумна, те сметам за љубопитна и свесна индивидуа за не толку зборуваните, а мошне значителни теми во нашето општество. Сакам да верувам дека после читањето на овој текст ќе успееш на некој начин да се разубедиш да почнеш да се грижиш за својата емоционална, психолошка и социјална благосостојба. А начинот на кој преферираш да го правиш тоа е тотално твоја самостојна, независна одлука.   Е па, за крај се надевам дека ќе успееш искрено да си одговориш: „Како си? “ Извор: kulturbeta.com β-колумни

ПОВЕЌЕ ...

Двете најдобри екипи од ланската, ќе ја отворат новата сезона во женскиот сегмент на македонската клупска кошарка… Oнаму каде што застанаа лани, во финалето на плеј-оф, утре вечер екипите на Баскет КАМ и на Бадел 1862 ќе продолжат. Двете екипи кои беа најдобри во ланската сезона, ја добија таа чест да го играат првиот, и историски натпревар од Суперкупот во женска конкуренција. Од 17.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, двата фаворити за највисок пласман и во оваа сезона која доаѓа, но и учесници на ВАБА лигата, ќе се борат за првиот трофеј. Актуелниот бранител на двата трофеи…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22.09.2021 година – Македонска Каменица се приклучи кон градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста и Светскиот ден без автомобили. Со придржување кон ковид протоколите, во рамки на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили – 22 Септември, на градските улици од централното подрачје во Македонска Каменица, денеска се одржа пригоден настан со возење на велосипеди. На настанот покрај возењето на велосипеди од учениците од V и VI одделение, беа истакнати и транспаренти со пораки до возрасните за зголемено користење на велосипеди и останати еколошки превозни средства, со што сите заедно…

ПОВЕЌЕ ...

Освојувачот на дуплата круна во македонската женска кошаркарска конкуренција, Баскет Кам од Македонската Каменица не запира со градење на тимот. Ново име кај „рударките“ е искусната 31 годишна поранешна српска репрезентативка Кристина Балтиќ, сега Пуљизовиќ. Станува збор за одлична кошаркарка која игра на центар и крилец центар и зад своето име има богата интернационална кариера. Има игранот за Лублин (Полска), Хипо (Финска), Сату Маре (Романија), БЛК Прага (Чешка), Едрине (Турција), Албури (Австралија), Лион (Франција), Куинта Дос Ломбос (Португалија), Марибор (Словенија) и Партизан и Краљево во Србија. Претходно Баскет Кам ги ангажираше и црногорката Снежана Алексиќ, американката  Адиџат Адамс како и…

ПОВЕЌЕ ...

Според информациите од УХМР времето денеска ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло. Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Во Битола максималната температура до 30 степени. Во вторник и среда ќе преовладува променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Температурата значително ќе се намали, а вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер. Од четврток ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Најмногу слободни места има во студентските домови „Пелагонија“ и „Стив Наумов“ Студентите од прва година запишани на јавните и приватните факултети можат да аплицираат за сместување во државните студентски домови најдоцна до 24 септември. Министерството за образование и наука информира дека за бруцошите има 1 249 места. „Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом . За слободните места во студентските домови, кои се останати непополнети по објавување на конечните списоци, пријавувањето ќе…

ПОВЕЌЕ ...