Author: Media Point

Македонска Каменица, 29.08.2021 година – Денес, од раните утрински часови гореше депонијата во Македонска Каменица. Екипите на ТППЕ Македонска Каменица и ЈП Камена Река сѐ уште се на терен. Непознати се причините кои го предизвикаа пожарот кој утрово ги вознемири каменичани. Пожарот е ставен под контрола, но целосното гаснење е отежнато од присуството на огромната количина на пластика и други лесно запаливи материјали во отпадот. Повеќе информации во текот на денот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.08.2021 година – Три празници во едно славеа каменичани на празникот Голема Богородица. Денот на рударите, православниот празник и дополнително оваа година се одбележа 25 години од основањето на Општината Македонска Каменица. Оваа година, како и секоја измината на 28-ми август, одбележувањето беше во знакот на рударите, дополнето со славењето на младите. Деновиве завршија работите на Паркот на младите, чиј изглед го дадоа двајца млади архитекти, чие решение беше избрано на конкурс. Лоцирано на уредениот кеј на Каменичка река, веднаш до делот за младите со скејтпаркот, поставено е новоуреденото детско игралиште, кое на празникот беше преполно со деца,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.08.2021 година – Марија Николов од вчера е ново засилување Женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од Македонска Каменица. Станува збор за најдобрата поединка во редовите на македонската М-16 репрезентација која пред две недели го освои Челенџер турниот во Тбилиси, Грузија. Марија Николов во Македонска Каменица доаѓа од редовите на скопски Бадел1862, каде настапуваше во младинските категории во претходните сезони. Доминацијата на теренот во репрезентативниот дрес ја има преку високите 14,8 поени по натпревар, 10,6 асистенции и 7,8 укредени топки по натпревар ја прави играч со висок 11 коефициент по корисност во играта. Со ова најново засилување, Баскет…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица САСА оствари висока победа против екипата на Осогово во Кочани. Ова меѓуградско дерби, одиграно во рамки на првото коло од Втората македонска фудбалска лига на Македонија, заврши со високи 4:1 за екипата од Македонска Каменица. Бледата и недоволно организирана игра на домаќините, се покажа како пресуден момент при креирањето на крајниот резултат. Иако, на полувреме се замина само со 1:2, уште на самиот старт од второто полувреме гостите ја преземаа иницијативата. До крајот на натпреварот, успеаа уште во два наврати да реализираат за конечни 1:4. Стрелец за домаќините беше Ќазимов, додека мрежата на Осогово ја тресеа Ричков, Божинов,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 23.08.2021 година – Општина Македонска Каменица во соработка со Јавното претпријатие „Камена Река“ и екипи на ТППЕ, денеска, започнаа со активности за подобрување на хигиената во градот со редовно чистење на улиците во централното градско подрачје. Во известувањето кое пристигна од ЈП Камена Река, стои дека од денес, 23. Август 2021 година започнува редовно перење и чистење на најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица. Истите ќе бидат третирани според распоредот наведен во известувањето: улица Гоце Делчев, Осоговска, Каменичка со ул. Вера Јоциќ, Илинденска, Александар Македонски, Самоилова, Филип 2, Руенска, Рударска, 28 Август и др. Акцијата со перење и…

ПОВЕЌЕ ...

Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во вечерните часови во делови од Скопската котлина ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена. Во сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во…

ПОВЕЌЕ ...

Актуелниот освојувач на двојната круна во македонската кошарка договори уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона во која првпат ќе настапува и во ВАБА лигата. Во Македонска Каменица ќе пристигне американската интернационалка Адиџат Адамс, кошаркарка на центарската позиција со богато искуство. Има 29 години, а нејзин последен клуб е бугарскиот Берое каде настапувала во сезоната 2019/20. Истата сезона била избрана во најдобрата петорка и во најдобрит дефанзивен тим на ВАБА, како најдобар центар, но таа година регионалната лига не беше довршена поради пандемијата со корона вирусот. Во својата кариера, Американката играла и во Грција, Австралија, Шпанија и Аргентина.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19.08.2021 година – Во рамки на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, општина Македонска Каменица доби поддршка од УНДП за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на фасада и кров за потребите на детска градинка Бамби. Во продолжение линк до објавениот Јавен оглас за избор на најповолен изведувач на услугата: https://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=82121 Во изминатиот период, општина Македонска Каменица покрај ентериерното уредување на повеќе простории за потребите на вработените и дечињата кои престојуваат во ЈОУДГ „Бамби“, беа поставени фотоволтаични системи за заштеда на електрична енергија, системи за прочистување на воздух и сл.

ПОВЕЌЕ ...

Нашето 20 годишно постоење, стручноста и професионалноста на инструкторите кои ја вршат обуката нека бидат ваш мотив и причина да ја одберете Авто Школата Ацико за обука од А1, А2, А, Б, Ц, ЦЕ и Д категорија Располагаме со возила за сите категории и стручен кадар кој настојува да го пренесе своето знаење и долгогодишно искуство на секој кандидат и од него да направи совесен и примерен учесник во сообраќајот. а Особено внимание посветуваме на теоретската настава која е предуслов за започнување со практична обука и имаме нова група за теоретска настава секоја недела, за сите категории. За да им…

ПОВЕЌЕ ...

Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за значењето на непосредниот однос на човекот со Бога. Тие зборови се: Господи, добро ни е овде. Во црквата смислата и значењето на празникот секогаш најдобро се иска¬жуваат во тропарот на денот,…

ПОВЕЌЕ ...