Македонска Каменица, 27.05.2021 година – Распишан е тендерот за доизградба на Градскиот кеј од Каменичка Река објави градоначалничката на општина Македонска Каменица.

Како што стои во соопштението за јавност градоначалничката Соња Стаменкова кажува дека „Станува збор за изградба на последните 150 метри од Градскиот кеј, со што целосно ќе биде завршено уредувањето на овој дел од централното градско подречје“.
„Дополнително, со изградбата на Паркот на млади и доуредувањето на пешачките патеки и шеталиштата со хортикултура и урбана опрема овој дел од градот ќе добие сосема нов и модерен лик, а граѓаните на Македонска Каменица пријатно катче за прошетка, спорт, забава и рекреација“ – додава градоначалничката Стаменкова.

Проценета вредност на проектот за изградба на минор и мајор коритото на Каменичка Река е 10 956 994 денари.
Постапката трае до 7 јуни 2021 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица
Линк до соопштението за јавност објавено на официјалниот профил на Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица:
