Author: Media Point

Регулаторна комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Минатата недела цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за еден денар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 1,50 денар/литар.

ПОВЕЌЕ ...

Советникот во Општина Битола Иван Чулакоски на својот Фејсбук профил ги повика надлежните органи да реагираат откако во производ купен од Кам маркет пронашол натрапник. „Го сакам КАМ во поштенско сандаче!!! Јадиме здрава храна… Семката ваша!!! Ројал микс со глушец.  Кај да го пријавам ова?, напиша Чулакоски и објави и фотографии од производот. Тој ги повика Владата, вицепремиерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство, Кам маркет, Националната канцеларија за заштита на потрошувачите како и македонските новинари да го истражат случајот. Според декларацијата, производот е пакуван во Србија, а увозник е Кам маркети. Извор: Слободен печат

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.04.2021 година – Младинските категории на ФК Каменица Саса викендов ги одиграа натпреварите од 11-тото коло од соодветните лиги во кои настапуваат. Помладите пионери, предводени од тренерот Дени Михаилов со 1:2 славеа на гости против екипата на Кит-Го. Со оваа победа се израмнија на првото место со екипата ФК Куманово-Милано со 27 бодови и натпревар повеќе. Стрелци на головите за ФК Каменица Саса беа Ристе Лазаров и Климент Трајков. Пионерите пак на Баже Николовски се поразени од соодветната екипа на Кит-Го со 2:0 и во овој момент се наоѓаат на 5-тото место на табелата. Наредното коло пионерите и…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата привела пет лица и прекинала свадба во Кочани поради непостапување на задравствените прописи. Од МВР информираат дека вчера околу 14:00 часот во ОВР Кочани било пријавено организирање на свадбена прослава на улица „Шукри Шаин“ на која биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници и по консултации со дежурен јавен обвинител од ОЈО Кочани од слобода биле лишени пет лица, а свадбената прослава била прекината. -По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“, велат од МВР.

ПОВЕЌЕ ...

04.04.2021 година – ЖКК Баскет Кам е вистинско освежување на кошаркарската сцена во Македонија. Новите засилувања на екипата од Македонска Каменица само ќе ја потврдат доминацијата на Баскет Кам девојките во годинашново првенство. Македонска Каменица е новиот центар на кошаркарската мапа на Балканот. По капитенот на женската репрезентација на Македонија, Анџелика Митрашиновиќ, првопласираниот тим во Источната дивизија од Првата лига Баскет Кам донесе уште две српски интернационалки. Во Македонска Каменица се преселија 32-годишната Драгана Гобељиќ која игра на крилните позиции и 28-годишната Ивана Брајковиќ, центар. Двете кошаркарки доаѓаат од Краљево, но имаат големо интернационално искуство во Бугарија, Чешка, Германија, Грција,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 03.04.2021 година – Во дербито на колото, во директен двобој со еден од конкурентите за титула, против второпласираната екипа од Струмица-Тиверија, девојките на ЖФК Каменица Саса со 1:0 постигнаа важна победа! Гостите успеаа да пружат отпор само во првите 45 минути, додека второто полувреме буквално се играше пред голот на струмичанки. Незапирливата Рабија Дервиши постигна победнички гол во последните минути од натпреварот.

ПОВЕЌЕ ...

Расте бројот на фирми што ставиле клуч на врата и бројот на луѓе што останале без работа. Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека само за една година скоро 1000 фирми од секторот “други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот. Токму оваа дејност, според официјалните податоци апсорбира речиси 7% од вкупниот број на приватни фирми во земјава, анализира Порталб. Расте бројот на невработени поради економската криза Вкупно 250 308 лица се евидентирани како невработени – активни и пасивни баратели на работа. На крајот од вториот месец од годинава податоците од Агенцијата за вработување покажуваат натамошен тренд на раст на бројот…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02.04.2020 година – Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно) Скопје 59394, активни 10281 Прилеп 7190, активни 1106 Куманово 7020, активни 966 Тетово 6397, активни 633 Гостивар 4612, активни 501 Велес 4618, активни 780 Кавадарци 4532, активни 727 Битола 4637, активни 897 Штип 4338, активни 464…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци – 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево -…

ПОВЕЌЕ ...

Почитувани потрошувачи, Ве известуваме дека на 31.03.2021 година, Министерството за економија објави Јавен оглас за надомест на дел од потрошените средства за купената ПВЦ И Алуминиумска столарија. „ДЕ – ПЛАСТ МОНТ“ Македонска Каменица како фирма со Сертификат за коректна фирма во работењето, ја поддржува и спроведува оваа одлука на Министерството за економија. Единствено ние во „Де Пласт Монт“ Ви нудиме помош и соработка при комплетирањето на потребната документација за аплицирање и брза испорака со монтажа на вашата ПВЦ и Алуминиумска столарија. Подетални информации на линкот; https://economy.gov.mk/Upload/Documents/Javen_oglas_PVC_2021.pdf Ве очекуваме, Партнер за квалитет во Вашиот дом Де Пласт Монт Македонска Каменица Прочитај…

ПОВЕЌЕ ...