Македонска Каменица, 04.05.2021 година – Во петок, 07.05.2021 година, со почеток од 9:30 во Дом на култура во Македонска Каменица ќе се одржи редовна крводарителска акција.
Во соопштението за јавност и поканата за учество во акцијата упатени од Црвениот Крст стои дека во акцијата која ќе трае до 13:30 часот, можат да се вклучат сите крводарители и граѓани на Македонска Каменица кои сакаат да даруваат крв.
На крводарителската акција ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот!

