Author: Media Point
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која со која се врши врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година. Од полноќ за еден денар поевтинуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека цената на дизелот ќе се намали за 1,5 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, а на мазутит за 0,716 ден/кг. Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС…
Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година. Согласно конкурсот, обезбедени се 4303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а…
Епископот г. Марко чиноначалствуваше со Светата литургија отслужена на третата недела по Педесетница
На третата Недела по Педесетница, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Свети Наум” во Делчево. По читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ се причести со Светите Божествени дарови. После Богослужбата на покана на родителите на новороденчето, Епископот г. Марко изврши чин на свето крштение на божјото чедо Алексеј Стојчев.
Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00…
Разговорите за времето сѐ почесто се претвораат во приказни за бури, топлотни бранови, суши, поплави… Сите овие несреќи нè погодуваат почесто и пожестоко од кога било, а предвидувањата на научниците стануваат сѐ помрачни и велат дека повеќе од половина од Земјата до крајот на векот ќе премине во нови климатски зони. Овие наведувања може да се протолкуваат и како општи изјави, кои можат или не мора да влијаат врз нас лично, бидејќи понекогаш е тешко да се идентификуваме со толку долгорочни прогнози. Затоа е добро и поучно, па дури и предупредувачко, да се види како овие промени ќе влијаат врз…
Почина Шенен Доерти, ѕвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“ Шенен Доерти, ѕвездата на Беверли Хилс, 90210, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години. „Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People. Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Пристли, со кого остана блиска до крајот на животот.
Физички нападната 34 годишна жена од Виница, од страна на жена, маж и двајца малолетници. „Денеска (13.07.2024) во 02:15 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода К.М.(65) и Д.М.(45) по претходна пријава дека околу 01:40 часот во парк во Виница заедно со уште две малолетни лица физички ја нападнале С.И.(34) сите од Виница“, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во рамки на одбележувањето на Павловден – празникот на градот, во Виница се одржа свеченост на која беше отворена реконструираната киносала. Проектот за реконструкција почна пред неколку години и беа инвестирани над 19,7 милиони денари, од кои половина од буџетот на Општина Виница, а половина од Центарот за развој на Источниот плански регион, преку Бирото за регионален развој. Целосно е реновирана фасадата и кровната конструкција, а во внатрешноста е обновено гледалиштето и сценскиот простор каде е инсталирано ново осветлување и современа опрема за прикажување аудиовизуелни дела. -Се работи за функционален објект со капацитет од 200 посетители, во кој во иднина…
Википедија Павловден — голем христијански празник од летниот циклус кој се слави на 13 јули. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост. Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарсус (старогрчки: Σαούλ (Соул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос); латински: Paulus илиPaullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Сол од Тарсус )[2] (c. 5 – c. 67 ), е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот Завет. Роден е во Тарс во…
Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42°C. UV индексот ќе изнесува 10. Во Македонска Каменица, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38°C. Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната…
