Author: Media Point

Градоначалникот Димчо Атанасовски информираше дека во тек се интензивни градежни активности за тампонирање и поставување на пропусти на критични делови од патот во село Костин Дол – Чобанско маало. Наскоро село Костин Дол ќе добие целосно нов асфалтен пат, а веднаш потоа следува реконструкција на улица Питу Гули и улица Осоговска во централното градско подрачје како дел од летната градежна офанзива, – додава градоначалникот Атанасовски во денешната објава на социјалните мрежи

ПОВЕЌЕ ...

Ланецот на ресторани „Филитеа“ воведува попуст на менито за сите вклучени во гаснењето на пожарите во Македонија Најдобриот ланец ресторани во регионот „Филитеа“ во знак на благодарност кон волонтерите противпожарни друштва и сите лица вклучени во гаснењето на пожарите во Македонија започнуваат акција која вклучува попуст на целокупното нивно мени. Сите што добро не познаваат знаат дека нашите Филитеа ресторани во Кочани и Штип редовно се вклучени со изразена поддршка кон сите настани во регионот. Со воведувањето на попуст од 10% на нашето целокупно ресторантско мени, сакаме да изразиме благодарност кон волонтерското противпожарно друштво од Кочани пред се, но…

ПОВЕЌЕ ...

Телото го користи холестеролот за извршување на различни активности како што се одржување на флексибилноста на клеточните мембрани, синтетизирање на хормони, жолчни киселини и витамин Д. Постојат два вида на холестерол: липопротеин со ниска густина (LDL) – лошиот холестерол кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања и липопротеин со висока густина (HDL) – добриот холестерол кој го намалува ризикот од срцеви заболувања. Покрај холестеролот, мастите во крвта вклучуваат и триглицериди. Биосинтезата на холестерол се одвива во црниот дроб, од кој со помош на соодветни протеини се транспортира понатаму во телото за различни намени. Дел од холестеролот се враќа во црниот…

ПОВЕЌЕ ...

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на западно-нилска треска е од Кочани. Пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани. Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка…

ПОВЕЌЕ ...

Google Maps тестира корисна функција, дали ја имате и вие?  извор: Порта.мк Live Activities е корисна опција што ја има iOS, но за жал не се користи доволно. Google Maps прво објави дека апликацијата ќе поддржува Live Activities уште во 2023 година, а сега се повеќе корисници ја добиваат оваа функција. Во изминатите неколку недели, Live Activities се појавува кај се повеќе корисници на iOS кога станува збор за апликацијата Google Maps, пренесува 9to5 Google. Затоа, јасно е дека Google ја тестира оваа опција, но дека сè уште не ги донел овие тестови до крај. Активностите во живо, патем, за…

ПОВЕЌЕ ...

Продолжено е траењето на сезоната на топлотните бранови – Фото: „Нова Македонија“ Истражувања за климата со заеднички резултатски именител: Периодите на екстремно топло време стануваат подолготрајни, почести и поинтензивни Голем број истражувања покажуваат дека со климатските промени, топлотните бранови станаа подолготрајни, почести и поинтензивни, особено во смисла на т.н. кумулативна топлина Истражувањата од областа на климата и климатските промени откриваат дека просечниот број на т.н. топлотни бранови се зголемил од вкупно два во 60-тите години на минатиот век на ниво на година, на повеќе од шест во изминатите пет години! Траењето на сезоната на топлотните бранови исто така е продолжено.…

ПОВЕЌЕ ...

Во центарот „Аква“ денеска, во рамките на општинската манифестација по повод Петровден, се одржува традиционалната Берза на винили, како дел од мултимедијалниот настан насловен „24 часа урбан здив“. Ова е четврта по ред Берза на винили, која, според организаторот Тошо Филиповски сѐ повеќе станува регионална. – Нашата тенденција е да доаѓаат што повеќе луѓе од што повеќе држави. На учесниците им се допаѓа амбиентот и гостопримливоста на Кочани, па ќе се трудиме да ја одржиме оваа приказна и да ја развиеме во културно лето, вели Филиповски. Годинава на Берзата на винили има 13 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора…

ПОВЕЌЕ ...

Погледнете дел од атмосферата од Младински самит, организиран од Младинскиот образовен форум, по повод Светскиот ден на вештини на младите, каде учествуваа 9 наши млади сограѓани како претставници од Здружението “Надеж – Норе” од Македонска Каменица. – За време на самитот, претставници од младински организации од целата државата ги зајакнаа своите знаења и вештини за употреба на вештачка интелигенција при аплицирање проекти, наоѓање алтернативни извори на финансирање, управување со проекти како и привлекување публика за настани и создавање бренд на (социјални) медиуми, – истакнуваат за настанот од Младинскиот образовен форум Преку вакви иницијативи, Активноста на USAID North Macedonia за млади…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Јули 2024 година – 19 годишниот Флорим Асани е најново засилување во редовите на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Доаѓа од Академијата на тетовска Шкендија, каде бележи успешни натпревари во повеќе младински категории. Со ова доаѓањето на младиот Асани, нашата екипа ФК Каменица Саса ја засилува десната бековска позиција. Заедно со претходните засилувања македонскиот второлигаш од Македонска Каменица ветува силно подбрен состав на повеќето позиции во играта. Се надеваме дека спојот на искуството и младоста треба да даде значително подобри резултати во текот на претстојната натпреварувачка сезона. Следен натпревар во рамки на подготвителниот период, Саса ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Јули 2024 година – Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во среда на 17. Јули 2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (трето) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот…

ПОВЕЌЕ ...