Author: Media Point
Светот ја достигна највисоката температура досега забележана во неделата, 21 јули, според прелиминарните податоци од „Коперник“, програма на Европската унија за набљудување на Земјата. Просечната температура на површината во неделата достигна 17,09 степени, што е малку повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени. Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија САД, Европа и Русија, пренесува „Ројтерс“. „Коперник“ потврди за новинската агенција дека се чини дека е соборен минатогодишниот рекорд. Податоците се собираат од 1940 година. Минатата година Земјата имаше четири рекордни денови по ред, од 3-ти до 6-ти јули. Климатските промени, поттикнати првенствено…
Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил открило дека тие се позитивни на кокаин. Научниците стравуваат дека тоа ќе доведе до промена во нивното однесување. Биолозите тестирале 13 ајкули од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите единки имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црниот дроб, пишува британски „Телеграф“. Откриените концентрации на кокаин се до 100 пати повисоки од оние претходно откриени кај други морски животни. МИА
Едно истражување вели дека годишно се ужива во над 400 милијарди шолји кафе. Звучи апсолутно неверојатно. Ладно или топло кафе? Пиењето кафе нуди различни придобивки. Студијата покажа дека кафето поттикнува чувство на добрина, пријателство и среќа. Се верува дека зрната кафе содржат витамини од групата Б, калиум, рибофлавин и околу илјада различни растителни соединенија. Кафето е исто така извор на антиоксиданси. Но, дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу топлото и ладното кафе? Постојат неколку начини за правење ладно кафе. Ладниот пијалок се прави со ладна вода за помала киселост. Ладното кафе има тенденција да биде помалку кисело…
Секоја просторија изгледа поубаво збогатен со домашни растенија, вклучувајќи ја и спалната соба. Но, тука пожелно е да се стави зеленило кое нема да ги лиши луѓето од кислород навечер, нема да собира прашина, и коешто е добро за сонот. Одредени растенија во затворен простор имаат дури и корисни ефекти за психофизичкото здравје, пренесува српскиот портал „Политика“. Следат неколку примери… Лавандата, на пр., е позната по своите смирувачки својства и се става во бања. И до креветот може да се стави ќесичка сушена лаванда, а може и саксија со живо растение во домот. Како додаток се користи во многу лекови…
Според резултатите од истражување на Универзитетот Флорида, ако ја имате оваа крвна група, вие сте магнет за комарци. Дали сте забележале дека некои луѓе им се попривлечни на комарците за разлика од други? Науката вели дека за тоа најверојатно е виновна крвната група. За женките комарци и за размножувањето е исклучиво важен протеин од човечката крв. Но, факт е дека некоја крв им е „послатка“. Истражувањата покажале дека двапати им се попривлечни луѓето со нулта крвна група, за разлика од оние со крвна група А. Луѓето со крвна група Б се наоѓаат во златна средина. Дури 85 проценти од луѓето…
Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Цената за екстра лесното масло ќе биде 72,5 денари Од полноќ за денар и пол поевтинува еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и еуродизелот, а екстра лесното масло за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, се намалува и малопродажната цена на мазутот за 1,152 денари за килограм, со што од полноќ ќе се продава по цена од 45, 757 денари за килограм. Новата цена на еуросупер БС-95…
На четвртата Недела по Педесетница, кога се празнува и ,,св. вмч. Прокопиј’’, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. По утрената, а пред почетокот на Светата Литургија Епископот го ракопроизведе во чин чтец божјото чедо Драганчо Маринкоски. После читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ се причести со Светите Божествени дарови.
Управата за јавни приходи (УЈП) најавува дека од следната седмица ќе почне исплатата на повратот на ДДВ преку Министерството за финансии, следејќи го назначувањето на новиот директор. Паралелно, формирана е Комисија за унапредување на процесите за ДДВ, која ќе работи на редизајнирање на внатрешните процедури за да се обезбеди ефикасност и заштита од злоупотреби. Новата комисија веќе извршила детална анализа на предходно одобрените барања за поврат, идентификувајќи ризични случаи кои бараат дополнителна инспекциска контрола. За останатите износи, кои не покажуваат ризик, повратот ќе започне веднаш. Исто така, УЈП информира дека воведуваат централизиран мониторинг и координација на процесите за ДДВ во…
На граничниот премин „Евзони“ на влезот во Грција се создаде огромна гужва. Како што информираат српските туристи кои моментално чекаат за влез Грција, „паднал“ компјутерскиот систем на грчките гранични власти. Туристите од граничниот премин во Фејсбук групата „Грчка инфо“ јавуваат дека кај „Евзони“ во моментов се чека три и пол часа, а ништо подобра не е состојбата и на алтернативниот премин „Дорјан“ каде возилото се задржува еден час помалку. – Велат нема да работи до вторник, пишуваат загрижените српски граѓани во коментарите. Izvor: a1on.mk
Македонската православна црква и верниците денеска го празнуваат денот на Светиот великомаченик Прокопиј, христијански светител од IV век. Иако ретки се семејствата кои го слават овој празник како своја крштенска слава, овој светител уште од античко време бил многу почитуван на нашите простори. Иако не е црвена буква во црковниот календар, во Македонија многу се почитува денот на Свети Прокопиј. Овој светец спаѓа во рангот на „огнените светци“, во кои спаѓаат и Свети Илија и Огнена Марија. Традиционално, овој ден се смета дека не е добар за капење во реки и други проточни води. Се вели „Ни во планина, ни…
