Author: Media Point
Денеска православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде…
Пожарот кој денес избувна над село Негрево во општина Пехчево, како што известува малешевскиот портал МалешНет, е локализиран. Од таму упатуваат благодарност до вклучените во акцијата од ДПД Пехчево, ТППЕ Берово, ПШС “Равна Река” Пехчево при ЈП “Македонски Шуми” и до месното население кои заеднички го локализираа и ликвидираа денешниот пожар.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз. Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1. Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф. Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.
Денес нешто по 15:00 часот ДПД Кочани со едно возило и 7 члена се упати на терен со цел за гаснење на сериозен шумски пожар во атар на село Главовица. – Се работи за пожар на тешко пристапен терен на кој се интервенираше до самиот мрак. На терен беа и ТППЕ Кочани со 8 припадници, ТППЕ Македонски Каменица со 5 пожарникари, ДПД Саси со 3 члена и тим од Национални шуми од едно возило и 4 вработени, – информираа од Доброволното противпожарно друштво од Кочани Пожарот се уште е активен, а на терен остaнуваат екипи од ТППЕ и Национални шуми…
Вишокот холестерол што телото не го користи доведува до акумулација на холестеролниот плак во крвните садови и попречување на протокот на крв. Оваа состојба се нарекува атеросклероза и може да доведе до згрутчување на крвта, срцев и мозочен удар. Причината за покачениот холестерол е делумно генетска, но се зголемува и поради лошите навики во исхраната, како што се консумирање премногу храна богата со заситени и транс масни киселини. Недостатокот на физичка активност, пушењето и дебелината исто така придонесуваат за покачен холестерол. Иако не можеме да ги контролираме нашите гени, можеме да внимаваме што јадеме. Имено, некои намирници го зголемуваат нивото…
Денеска, 28-ми јули, петтa недела по педесетница, Православната Црква ги празнува Светите Оци учесници на Шесте Вселенските Собори Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. После читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која ја протолкува денешната евангелска перикопа. За време на Литургијата верниот народ ги прими Светите Божествени дарови.
Решавањето на Рубиковата коцка не е само игра. Тоа е доказ за човечката генијалност и возбудата за освојување на невозможното. Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје, може да намести Рубикова коцка за пет секунди. Тој е најмалиот шампион во Северна Македонија, а во 2018 година во Тирана на седумгодишна возраст го постигнал првиот рекорд. „Љубовта за коцките ми започна во 2015 година кога ја добив мојата прва коцка во мојата колекција и тој ден беше како љубов на прв поглед. Моите родители мислејќи дека како и секогаш кога ќе ми купат нова играчка ќе ја сакам само две недели, па потоа…
Метереолозите за денеска најавуваат претежно сончево и топло време со слаб променлив ветар и УВ фактор 9. Минималната температура ќе се движи од 10 до 21 степен Целзиусов, а максималната температура ќе достигне 39 степени Целзиусови. Во Македонска Каменица времето ќе биде сончево и топло со слаб северен ветар. На почетокот на неделата се очекува сончево и топло време со умрена облачност. Во понеделник се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде од 12 степена до 22 степена, а максимална температура од 33…
Следниот викенд е продолжен, има уште еден неработен ден во август Во сезоната на годишни одмори, јули мина без ниту еден неработен ден, додека во август има два неработни дена. Тоа се 2 август (петок), Ден на Републиката и за православните верници – 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). izvor> Курир Во сезоната на годишни одмори, јули мина без ниту еден неработен ден, додека во август има два неработни дена. Тоа се 2 август (петок), Ден на Републиката и за православните верници – 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). До крајот на годинава…
