Author: Media Point
Секој четврток и недела – летна забава во пица ресторан Филитеа – Кочани Бидете дел од најдобрата забава во градот!!!! В четврток Акорд бенд во пица – ресторан Филитеа. Одлична храна и добра музика – Пицерија Филитеа Кочани 11.07.2024 (четврток) 20:30 ч. Највкусните пици и пастрамајлии во градот за вистински љубители на храна, единствено во„Филитеа“. Богато мени и голем избор на бургери, скара, поховано, стек во сос, ладни сендвичи и десерти.
ЖФК Каменица САСА склучи договор со Арта Рама – ново мега засилување за посилен и поквалитетен среден ред на екипата! – Ни доаѓа од екипата на Хајвалија, Косово со која има неколку шампионски титули и настапи во лигата на шампиони, – велат од ЖФК Каменица САСА Станува збор за искусна фудбалерка која ќе одговори на повеќе позиции во средниот ред и веруваме дека ќе постигнеме многу успеси заедно, – стои во соопштението од каменичкиот фудбалски клуб
Во понеделникот во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, наместа со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 9. Утринските температури се движат од 13 во повисоките источни области на земјата, до 21 степен на крајниот југ. Во текот на денот највисоките соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната…
Македонска Каменица, 07. Јули 2024 година – Денеска, кога православната црква го празнува денот на ,,Раѓање на Свети Јован Крстител”, неговото преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, началствуваше со Светата литургија во нашиот храм посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. – По Евангелието Епископот одржа содржајна беседа во која ја потенцира Божјата Семоќност, која се докажува токму со денешниот настан на чудесното зачнување и раѓање на Свети Јован, – велат од епархијата За време на Светата Литургијата, како што пишуваат од епархијата, епископот го ракопроизведе во ипоѓаконски чин отецот Виктор Крстевски од Делчево. Нека му е честит и…
Нов земјотрес во Македонија со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Македонија, а епицентарот на истиот е во близина на Пехчево. Земјотресот е на длабочина од десет километри.
На денешниот датум седми јули, (Јулијански календар 24 јуни), православните христијани го празнуваат Јановден (Иванден), празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Тој е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Богородица) кому црквата му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на Свети Јован Крстител, Собор на Свети Јован Крстител, итн. Оттука може да види…
Нашата млада сограѓанка Михаела Павловска ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по геонаука во Пекинг Михаела Павловска е наша млада сограѓанка, родена на 29. Мај 2008 година, во Македонска Каменица. Ученик е во скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин во Скопје. Како одличен ученик со солидни познавања од областа на географијата, најпрвин освојува прво место на општински и регионален натпревар по преметот географија. Успесите на Михаела продолжуваат на државниот натпревар, каде како првонаградена обезбедува место во поширокиот состав на македонскиот олимписки тим за XVII меѓународна олимпијада во Пекинг. Со остварените резултати на селективниот натпревар спроведен од Македонското…
Во тек се работни и градежни активности на вработените во ЈП Камена Река за подобрување на условите за живеење, вршени според потребите и барањата на граѓаните од урбаната и руралните средини на Македонска Каменица. Како што истакнуваат од ЈП Камена Река, во моментов се поставува бетонското плато за изградба на филтер станицата во село Цера. Со изградбата на оваа филтер станица трајно се решаваат проблемите за снабдување со чиста и здрава вода за пиење на жителите од Стара Каменица и село Дулица. – Паралелно со овие активности, вршиме инсталирање на елементите од филтер станицата. Поставувањето и пуштањето во употреба на…
На 03.07.2024 во 16.40 часот во с.Звегор, делчевско, полициски службеници од Полициската станица Делчево го привеле З.Ѓ. од истото село, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 03.07.2024 во 12.47 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек, М.П.(52) од Виница, кој управувал мопед „пежо“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР…
ДИЦ ги соопшти резултатите: Матурантите со просечна оценка 3,25 МОН ќе почне преговори со универзитетите за ослободување на поголеми простори и амфитеатри, за од следната година да може да се спроведува државната матура. Дополнително, ќе се инсистира да имаат и блокатори, за матурантите да не ги користат мобилните телефони. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на прес-конференција заедно со директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска, претставувајќи ги резултатите од полагањето на државната матура. Како што беше објавено, добиени се пообјективни резултати во споредба со минатите години. Годинешната средна оценка на матурата е 3,25 и…
