Author: Media Point

о Откако заработи потешка повреда уште на почетокот на неделното градско дерби со Вардар, напаѓачот на Работнички, Влатко Стојановски, денеска е опериран во Скопје. Стојановски имаше повреда на Ахиловата тетива, а хируршкиот зафат успешно го изведе д-р Несторовски во Градската општа болница „8 Септември“. „Влатче, ти посакуваме брзо опоравување и те чекаме да ни се вратиш на терен“, му порачаа од клубот. извор: sportsport.mk

ПОВЕЌЕ ...

Одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се наоѓаат кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри пред Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец, како и на патниот правец од Македонска Каменица кон Кочани, каде при вакви временски услов, честа е појавата на поголеми камени одрони. извор: денешен.мк

ПОВЕЌЕ ...

Се продава парцела погодна за изградба на деловен или објект за домување во Македонска Каменица Парцелата има површина од 910 м2, со излез на улица Церска. Погодна е за изградба на деловен објект, магацински простории или објект за домување. Има можност за приклучок на водоводна, канализациона и електрична мрежа до парцелата. Парцелата е со чист имотен лист. Цена за 1 м2 е 20 евра. Исто така, парцелата може да биде издадена на подолг временски период. Истата е погодна користење како автоплац, простор за вашите градежни машини, градежни материјали и слично. Повеќе информации можете да добиете доколку се јавите на контакт…

ПОВЕЌЕ ...

Силна динамика на градежните активности во Македонска Каменица како никогаш досега. Заврши асфалтирањето на локален пат во приградската населба Грчка маала во вкупна должина од околу 300 метри притоа поставувајќи цевки и пропусти на критични делови од патот. – Во изминатиот период, во селските и приградските средини како и во централното градско подрачје имаме извршено пробивање на нови земјени патишта и реконструкција на веќе постоечките во вкупна должина од околу 18 километри, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски за градежната офанзива која се случува во повеќе населени места во општината. Како одговорна локална самоуправа, додава Атанасовски, ќе продолжиме со рамномерното развивање…

ПОВЕЌЕ ...

26 годишен маж од Македонска Каменица е лишен од слобода, бидејќи се обидел да изврши обљуба врз 68 годишна жена. На 15.04.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.04.2024 се обидел да изврши обљуба врз 68-годишна жена од друго село во Македонска Каменица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Дваесет и едногодишно момче е тешко повредено откако со своето возило излетал од патот Делчево-Берово. „На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Атанасовски: Продолжуваме со градежната офанзива во општина Македонска Каменица Продолжува градежната офанзива во Македонска Каменица, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски во краткото соопштение каде додава дека целосно е завршено асфалтирањето на крак во село Дулица во должина од 400 метри. Исто така, како што истакна градоначалникот Атанасовски, започна изградбата на локален пат и во населеното место кај Филтер станицата во село Моштица.

ПОВЕЌЕ ...

Како ден за паметење, го оценија членовите на Копачката нивниот вчерашен настап на 28. Фолклорно изворен фестивал “Гајда” Ињево 2024. Освоената втора награда на овој престижен фестивал е круна за нивната посветеност, редовните проби и тимското работење. – Нашата автентична изведба на пијанечкиот изворен фолклор се состоеше од: Обичај „Жетвари“, со песната „Снце се слага да зајде“ во исполнение на Вида Илиевска, потоа со придружба на Мирко Симоновски на тамбура, жените го изведоа орото „Копачката“, по што тапанџиите направија езгија на тапани и мажите ги изиграа ората „Ситно“ и „Копачка“со Адријан Стаменовски-прв тапан и Ана, Матеј и Николче- придружба, -…

ПОВЕЌЕ ...

Остра реакција од ЖФК Каменица САСА по завршувањето на дерби натпреварот со ЖФК Љуботен во Тетово. Срамното судење на Пилешков, како што истакнуваат од каменичкиот женски фудбалски клуб го реши натпреварот. Во продолжение текстот на соопштението од ЖФК Каменица САСА. Грабеж на Годината ЖФК Пилешков 2:2 ЖФК Каменица САСА 2 пенали , измислени фаули , за жал не можеше да шутне да даде гол за хет трик. Сега разбра цела Македонија зошто мораше тој да биде актерот иако вчера судеше Прва Лига Мажи! Други судии јавно немаме за вакви работи па сабота,недела,понеделник пинг понг тој ќе биде! 💰 Коментари од…

ПОВЕЌЕ ...

Некои велат, плукнат Даме Груев, други пак, Христо Ботев. Споредбата е главно поради брадите, иако тие не се единствената сличност. Сите се револуционери…Првите двајца, во борбата за ослободување од османлиското ропство, а нашиов, Дејан Донев прави револуција во винската култура…Тивко, полека, со многу дегустации и круг на вински пријатели кои концентрично се шири, а центарот е – неговата Винска соба Не е скопјанец, туку е наш каменичанец! А поради него Скопје е побогато за еден од најзначајните настани кој се чека со нетрпение секоја година. Станува збор за Скопскиот вински салон – Винодонија. И не е само тоа. Дејан Донев…

ПОВЕЌЕ ...