Author: Media Point

Огромен интерес кај пензионерите од Македонска Каменица за реализираната акција за бесплатна проверка на крвна слика. Акцијата беше спроведена по повод Светскиот ден на здравјето. Прегледите беа вршени во просториите на Здружението на пензионери во Македонска Каменица. Средствата за реализација на акцијата се обезбедени од Здружението на пензионери во Македонска Каменица. Според информациите добиени од Здружението на пензионери спроведени се над 100 прегледи и проверки на комплетна крвна слика на пензионери од нашиот град.

ПОВЕЌЕ ...

КСОМ се прошири со СПАЈС, ќе бараат од новата влада да се зголеми минималната плата На Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ денеска и се приклучи Синдикатот на приватен, административен и јавен сектор – СПАЈС во кој членуваат синдикални организации од рударството и синдикати од јавните претпријатија во локалната самоуправа. Договорот за приклучување го потпишаа претседателот на КСОМ Марјан Ристески и претседателот на СПАЈС Јовица Јовановски. -Со денешното пристапување на голема бројка на синдикалци во нашите редови нашата Конфедерација веќе прераснува во синдикат кој го препознаваат работниците. Од новата Влада веднаш ќе бараме да почне социјалниот дијалог…

ПОВЕЌЕ ...

Бројни противпожарни возила се упатија на местото на пожарот Пред малку избувна пожар во Универзалната сала во Скопје. Чадот е видлив од многу места во Скопје. Бројни противпожарни возила се упатија на местото на пожарот. Засега нема информации за причините за пожарот.

ПОВЕЌЕ ...

Екипата од Македонска Каменица го потврди првото место со убедлива победа (89:63) против Бадел 1862, и трипл-дабл на Кметовска… Со две расположени, за игра, кошаркарки, тешко дека екипата на Бадел 1862 може, барем во овој момент, да биде конкурентна со екипата која ја брани титулата, но и другите трофеи освоени во текот на оваа сезона. Тоа се покажа и во дуелот од седмото коло од „Оролоџото“ односно последното во регуларниот дел од сезоната. Кошаркарките на Баскет Кам 2011 стигнаа до убедлива гостинска победа (89:63), за потврда на првата стартна позиција пред почетокот на плеј-оф натпреварите. Ја најавија уште во првиот…

ПОВЕЌЕ ...

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец или Благоец, и се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден, поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“. Денеска именден празнуваат: Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун… Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов. Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, затоа што беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе за зачнувањето и вочовечувањето на Синот Божји.…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ј.(72) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност. На 21.02.2024 во населба Оризари во Кочани, пријавениот го пуштил неговото куче во круг на фабрика, по што тоа нападнало едно лице и му нанело повреди, соопшти полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Фото: Архива – Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи. МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која  учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот – Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“. -Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана…

ПОВЕЌЕ ...

Целосно е изгаснат шумскиот пожар во село Костин Дол Денеска во село Костин Дол, Македонска Каменица во пладневните часови од 12:30 до 14:30 часот, тројца пожарникари од ТППЕ Македонска Каменица со 1 противпожарно возило и двајца шумски работници, беа вклучени во гаснење на шумски пожар кај месноста Вировите. Пожарот е целосно изгаснат. За вкупно зафатената површина од огнената стихија следуваат дополнители информации.

ПОВЕЌЕ ...

По распишаниот конкурс за хумористична поетска творба по повод 1. Април – Денот на шегата, ЗРА “Пијанечки Глас” ги објави резултатите во категориите за ученици од основни училишта и категорија за возрасни. Во Категорија – ученици од основни училишта: II награда – На прошетка , Бисера Владимировска, ООУ„Кирил и Методиј“ Македонска Каменица III награда – Први април – ден на шеги, Лина Стојковска, ООУ„Кирил и Методиј“ Македонска Каменица III награда – Априли-ли, Стефанија Стефанова, ООУ „Кочо Рацин“ с.Блатец Во категорија за возрасни автори, жири комисијата во состав Миле Ѓорѓијоски, Васил Маневски и Дијана Петрова, не доделија награди за пристигнатите творби.…

ПОВЕЌЕ ...