Author: Media Point

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. 6.166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари. 8.233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7.134 денари. За возило од 84…

ПОВЕЌЕ ...

Детската градинка „Бамби“ спроведе бесплатни офталмолошки прегледи за дечињата од предучилишна возраст Македонска Каменица, 25. Април 2024 година – Денеска, за 45 дечиња од најголемите групи во детската градинка Бамби – Македонска Каменица беа спроведени бесплатни офталмолошки прегледи. Прегледите беа извршени во самата установа од страна на стручни медицински тимови при болницата Медика С – Скопје. „Со овие бесплатни прегледи, дечињата покрај ран скрининг и детекција на оштетувања на видот, добиваат и потврда за упис во основно училиште“, – изјави директорката на детската градинка Бамби, Тодорка Велиновска. Оваа редовна акција во нашата установа, односно бесплатните офталмолошки прегледи, се…

ПОВЕЌЕ ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди меѓу кои Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена… Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер. Минатата година беше промовирана книгата „Џаро-Живот на коцка“  во која се раскажува за неговиот живот, а авторка на книгата е новинарката Милица Џаровска.

ПОВЕЌЕ ...

И З В Е С Т У В А Њ Е Од Свештенството и Црковното настојателство при храмот Св. Успение на Пресвета Богородица во нашиот град Македонска Каменица Почитувани верници! По повод празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим (Цветници) 28.04.2024 година Недела , ке се отслужи Света Архиерејска Литургија на која ке богослужи Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско каменички г.Марко со свештенство од Епископијата. Пречекот на Архиерејот ке биде во 07:30 часот. По тој повод ги повикуваме сите православни христијани на света, соборна и заедничка молитва! Од црковната управа

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24. Април 2024 година – Вчера, во спортската сала ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица се одигра првиот четвртфинален натпревар помеѓу актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, нашата екипа ЖКК Баскет Кам и екипата на делчевски ЖКК Клубски Патриот. Натпреварот заврши со резултат од 101:52 во корист на домашната екипа од Македонска Каменица. Со целосна доминација на теренот и резултатска позитива во текот на целиот натпревар, која на полувреме изнесуваше 53:22 поени. Сите кошаркарки од домашната екипа имаа можност за поголема минутажа на теренот и покажаа видлива надмоќност во нападот и одбраната. Најпрецизни во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 23. Април 2024 година – Нашиот сограѓанин, 28 годишниот Андреј Малчев се враќа со медал од бодибилдинг Купот на Македонија 2024. Тој, во конкуренција од триесетина бодибилдери, го освои третото место во категорија до 90 килограми. Како што денеска истакна Андреј Малчев, подготовките за неговиот голем подвиг траеле околу 5 месеци. Со интензивна работа и строг режим под менторство на познатиот балкански светски тренер Аднан Госто од Босна и Херцеговина. Малчев, за себе ќе каже дека негова прва спортска љубов е ракометот. Со бодибилдинг се занимава околу 10 години со повремени тренинзи, а интензивно на овој спорт е…

ПОВЕЌЕ ...

КОШАРКА: Баскет Кам со победата над Раднички среде Белград го покори Балканот Во големото финале на турнирот во Белград, екипата од Македонска Каменица го победи домаќинот Раднички со (72:59) Актуелниот македонски шампион, екипата на Баскет кам е освојувач на трофејот на женската Балканска лига. Екипата од Македонска Каменица „излезе“ како победник на последниот турнир од ова ново натпреварување во кое свое учество во премиерната сезона, освен македонскиот првак, земаа екипи од Србија, Црна Гора и од БиХ, односно од Република Српска. Согласно со однапред утврдениот систем за натпреварување, оваа премиерна сезона во Балканската лига беше поделена на неколку турнири, со „домаќинства“…

ПОВЕЌЕ ...

После 4 одиграни кола, екипата на Шаховскиот клуб Каменица САСА од Македонска Каменица има изгледни шанси за пласман во Втората шаховска лига на Македонија. Остварените позитивни резултати на натпреварите одиграни минатиот викенд во Скопје, ветуваат интересна разврска, но и реални шанси за продолжување на натпреварувањата во второлигашкото друштво на шахистите од нашиот град. После 4 одиграни кола, ШК Каменица САСА со пет освоени бодови се наоѓа на делбата на четвртото место од табелата. Им посакуваме успеси во понатамошниот дел од натпреварувањата, кои продолжуваат на 19. Мај 2024 година, со желби за пласман во повисокиот второлигашки ранг на натпреварување. Од ШК…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, на петтата недела од Велигденскиот пост, која Црквата и ја посветува на ,,Света Марија Египетска”, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. За време на Литургијата верниот народ ги прими божествените дарови, а епископот одржа пригодна беседа толкувајќи ја денешната евангелската перикопа.

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Атанасовски објави соопштение за јавност, каде споделува информација, дека целосно е завршено асфалтирањето на уште еден локален пат, во должина од 500 метри, до населеното место кај Филтер станицата во Македонска Каменица. – Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Ги подобруваме условите за секојдневното живеење на граѓаните од сите населени места во Општина Македонска Каменица, – истакнува градоначалникот Атанасовски во соопштението, каде додава дека продолжува посветеното работење за решавање на проблемите, за поубава Македонска Каменица. Општина Македонска Каменица во изминатиот период реализираше изградба на повеќе локални пристапни патишта во руралните средини. Паралелно со овие активности беа…

ПОВЕЌЕ ...