Author: Media Point

Денеска е Велики четврток Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 април. Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („…Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“…

ПОВЕЌЕ ...

Први мај, уште познат и како Меѓународниот ден на трудот е празник кој се одбележува ширум светот, во чест на борбата на работниците за добивање на основните работнички права. Во многу земји, Денот на трудот е дури и национален празник, како што е кај нас, сепак оваа празнување најмногу го отпоздравуваат Синдикатите кои секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. Во 1886 година, пред 138 години, работниците во градот Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа  борба за воспоставување на осумчасовен работен ден. На првиот конгрес на Втората интернационала…

ПОВЕЌЕ ...

Светиот храм Св. Успение на Пресвета Богородица во нашиот град Македонска Каменица, Делчевско – каменичка Епископија, Македонска Православна Црква ОА објави Распоред на Богослужбите за Страсната и Светла седмица во храмот. ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: 02.05.2024 г. – Вечерна со литургија на Св.Василиј Велики и општ маслосвет веднаш по литургијата. -Чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко пречек во 08:00 часот . -Читање на 12 – те страдални Евангелија со почеток од 17 : 00 часот . ВЕЛИКИ ПЕТОК: 03.05.2024 г. -Читање на Царски часови и Вечерна Богослужба со изнесување на Светата плаштаница со почеток од 07:00 часот . – Оплакување на…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, на Велики Понеделник беше поставено новото црковно ѕвоно на камбанаријата во Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во нашиот град Македонска Каменица. – Новото црковно ѕвоно веќе поставено на црковната камбанарија, Епископот делчевско – каменички г. Марко го освети на 24. Март о.г. Тогаш, при чинот на обраќање кон присутните, Епископот г. Марко искрено се заблагодари кон донаторот на црковното ѕвоно, градоначалникот Димчо Атанасовски кој самоиницијативно и со сопствени сретства го набави црковното ѕвоно, – стои во соопштението од свештенството објавено за таа прилика – Се надеваме дека новото ѕвоно ќе ја збогати милозвучноста на црковните ѕвона и долги…

ПОВЕЌЕ ...

На 27.04.2024 во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка. Со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево. Извор: skopje1.mk / Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Очекувано, екипата од Македонска Каменица беше убедлива на гостински терен во Делчево (96:55) против Патриот 2016 Екипата која го брани шампионскиот трофеј – Баскет кам 2011 е последниот учесник во полуфиналната серија на плеј-офот. Во вториот натпревар од четвртфиналната серија, екипата од Македонска Каменица беше убедлива на гостувањето во Делчево каде го порази новиот член на Првата А“ лига – Патриот 2016 со (96:55). И со максимални (2-0) ја затвори оваа серија, и се пријави во првата „четворка“, онаа која ќе разигрува за финалето. Димова беше прво поентерско име на мечот во Делчево, реализираше 35. поени за победничката екипа. Зубац…

ПОВЕЌЕ ...

Победа над ЖФК Тиверија од 1:3 оствари нашата екипа ЖФК Каменица САСА со головите на Туане Фрагосо и Ана Димитровска во денешниот натпревар одигран во Струмица. – Интензивен натпревар со одлични трансформации во двата правци на играта! Тимски дух на многу високо ниво и заслужена победа! Честитки за сите девојки! – истакнаа од клубот по натпреварот Со оваа победа, ЖФК Каменица САСА останува на втората позиција, со бод помалку од лидерот ЖФК Љуботен од Тетово.

ПОВЕЌЕ ...

По 90 одиграни минути на градскиот стадион “Билјанини извори” во Охрид, екипата на ФК Каменица Саса успеа да го анулира водството на домаќините и да освои бод на ова исклучително тешкото гостување. Првото полувреме со шанси на двете страни, заврши без голови. Фудбалерите на ФК Охрид го отворија резултатот на почетокот од второто полувреме, момент од кој нашите фудбалери ја преземаа иницијативата на теренот. Дојдоа до израмнување во финишот од натпреварот. Но, не успеаја да дојдат до посакуваната победа за нови три бодови на салдото. Голот за нашата екипа ФК Каменица Саса го постигна Мартин Димоски во 84 минута, откако…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска православните христијани ја слават Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели:…

ПОВЕЌЕ ...

„Синот на скромното семејството на Бранко и на Душка, Миле со својата сопруга и неговиот син единец, го привлече униформата на македонската армија. Се стави како водник во БСН Волци во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата. Таму каде што е потребно, во Тетово и на Шар Планина, Миле е заедно на служба со своите колеги бранители. На 28 април 2001 година, Вејце и настанот на најголемиот вандализам на албанските терористи го прекинуваат животот на водникот Јаневски чија семејна лоза ја продолжува синот додека непреболот трае кај најблиските и сите оние што го познаваа“. Во…

ПОВЕЌЕ ...