Author: Media Point

По меѓусебна пресметка, сопружници од Виница завршиле во притвор Вчера во Виница биле приведени сопружниците С.Ѓ. (37) и С.Ѓ. (25) откако било пријавено дека најпрво сопругот физички ја нападнал неговата сопруга, а потоа и таа со остар предмет упатила закани кон партнерот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Велика сабота, ден на кој според Христијанското учење се спојува тагата за Исусовото распнување и радоста која ќе следи за Неговото воскресение. Денеска православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Тие уште наутро ги посетуваат храмовите каде со желби за здравје, среќа и мир ја слушаат литургијата и се причестуваат. Здравје прво за сите па за другото не сме многу за жалење. Најубав ден што може да постои, среќа и само убави работи да се случуваат, мир. Радост среќа, здравје се за мене значи. Секоја година откако знам за себе јајца фарбам,…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се одбележуваат 121 година од смртта на револуционерот Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на денеска одиграното 28. Коло од ВМФЛ, екипата на САСА славеше со минимални 1:0 против ФК Кожув Гевгелија. Резултат кој обезбеди значајни три бодови во борбата за продолжување на второлигашкиот статус на нашиот каменички фудбалски клуб. По завршувањето на натпреварот, од управата објавија кратко соопштение во кое истакнуваат: Драги наши навивачи, поддржувачи и љубители на фудбалската игра, Нашата екипа ФК Каменица Саса успеа да слави над екипата на ФК Кожув Гевгелија со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Александар Смилков, кој во 48′ успеа убаво нафрлената топка од левата страна, со прецизен удар со глава да…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА го повтори резултатот од 22. Коло во ПМФЛ (Жени) поведувајќи ја екипата на ЖФК Топ Гол од Битола со 3:0. Идентичен резултат од минатонеделниот натпревар во Струмица против Тиверија. Исти беа и стрелците на головите. Туане Фрагосо повторно стрелаше двапати и еден погодок постигна секогаш одличната и борбена Ана Димитровска. – Очекувана победа и нови три бодови,  со целосна контрола на натпреварот. Брза игра со многу шанси и постигнати голови. Гостите од Битола во одбрана одиграа на ниво. Браво на сите, – истакна Зоран Злстковски, тренер на нашиот Женскиот фудбалски клуб Каменица САСА од Македонска Каменица, при…

ПОВЕЌЕ ...

Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Распет петок) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, а  верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус. Велики петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен. Продолжува периодот…

ПОВЕЌЕ ...

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи да се укине поскапувањето на полисите за автоодговорност со што се враќаат старите цени. Ова е епилогот по денешниот нов состанок во Министерството, откако осигурителните компании самоиницијативно ја поскапеа задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила за 15,4 отсто. Комисијата предлага измени на Тарифата за премии за осигурување со кои трошоците за вршење дејност на осигурителните компании се ограничуваат на 15 до 30 отсто од техничката премија, со што ќе се вратат старите цени. Конечната одлука треба да ја…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска со објава на социјалните мрежи, градоначалникот Атанасовски го објави почетокот на изградбата на водовод кој опфаќа поголем дел од домаќинствата во селата Луковица и Тодоровци. – Започна изградбата на нова водоводна линија за потребите на населението во село Луковица и село Тодоровци во вкупна должина од 2 километри, – стои во објавата од градоначалникот Атанасовски Реализацијата на овој проект има огромно значење за жителите од Луковица и Тодоровци. Покрај постојаното снабдување, тие добиваат проверена чиста и здрава вода за пиење.

ПОВЕЌЕ ...

Се продава плац на атрактивна локација во Македонска Каменица Плацот се наоѓа на улица “Вера Јоциќ” во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Вкупна површина на парцелата изнесува 314 м², со градежна маркица за градба од 136 м², која вклучува изградба на објект со П+2+Пк (приземје + два ката и поткровје). Парцелата е со целосно извршен ископ на земја, истата е подготвена за градба. Локацијата на објектот нуди перфектни услови за деловна намена на објектот. Цена по договор. Повеќе информации може да добиете на следниов контакт телефонски број: +389 70 351 580 (вибер)

ПОВЕЌЕ ...