Author: G B R
Според МВР, несреќата се случила на 1-ви Мај во 14:55 часот на патот Делчево – Полето во село Киселица. Со возилото управувал В.И. (21) од делчевското село Полето, кој во еден момент изгубил контрола. Покрај другите лица што се превезувале со автомобилот се наоѓале и две 16-годишни девојки од Македонска Каменица кои се здобиле со телесни повреди откако возилото марка „Фиат Пунто“ поради неприлагодена брзина излетало од патот и неколку пати се превртело во нива. Поради сериозноста на повредите, едно од девојчињата е префрлено во скопскиот Ургентен центар, додека другото е задржано на лекување во Клиничката болница – Штип. Увид на местото на настанот…
Од 1 до 9 мај на сцената на Македонскиот народен театар ќе се одвива дел од снимањето на акциониот трилер „Vijay 61“, кој почна да се снима во Индија во февруари, а се очекува да заврши при крајот на годината. „Vijay 61“ е работниот наслов на филмот во режија на еден од најинтересните тамилски режисери, 33-годишниот Арун Кумар – Атле, а во продукција на познатата продуцентска и дистрибутерска куќа „Шри Тенандал Филмс“, која постои веќе 40 години и зад себе има импресивна биографија од стотина филма во речиси сите регионални филмски индустрии во Индија. Снимањето на првиот боливудски филм во…
Македонска Каменица, 3 Април (www.kamenica.mk) Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 30 степени. Во Македонска Каменица и околината слично време со утринска температура околу 11 и дневна до 29 степени. Пооблачно и понестабилно, особено во северните и источните делови, ќе биде во петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за околу 5…
Работнички права има, но малку од фирмите ги почитуваат. Најаларманта состојбата во Регионот е во текстилната и кожарската индустрија, каде на работниците им се кршат правата загарантирани со Закон, велат од Здружението „Гласно“: Дел од нив се неисплаќањето на платата според Законот, овде се прекувремената работа и ноќната смена, потоа неисплаќање на годишен одмор, а проблем се и условите во кои се работи, истакна Горан Трајков, прет. на Здруж. „Гласно“. За ова да се смени, денес претставници на здружението беа дел од протестот кој се одржа во Скопје, од каде синдикатите порачаа дека нема демократија без социјална правда и економска…
На 8-ми Април во Берово се одржаа регионалните натпревари по предметите Природни науки и Биологија за учениците од основните училишта. Учениците од ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица под менторство на наставничките Габриела Стоименовска и Виолета Накова годинава постигнаа одлични резултати. Пласманот на повеќе ученици на државен натпревар само ја потврди огромната посветеност на наставничкиот тим и силната желба на талентираните ученици за знаење и успех. Андреј Ристовски е ученик во IV одд. кој под менторство на Габриела Стоименовска со 93 поени го освои првото место на натпреварот по Природни науки, додека пак второ место е Андреј Атанасовски со…
Детските екипи на ФК Каменица-САСА не знаат за пораз. Тие се новите лидери на табелите од детските лиги во Македонсија и нова гордост и убава приказна на Македонска Каменица. Во сабота ја пречекаа и “нагостија” виничка Слога 1934, каде во четирите одиграни натпревари каменичките млади фудбалски надежи постигнаа 17 голови, а примија само 4. Сето тоа говори за добра организираност и посветеност на клубот и кон најмалите категории. Особено одличниот тренажен процес и пристап кон децата што го има тренерскиот тим е главен виновник што играта на детските екипи резултира со ваква резултатска супериорност во однос на противниците. Еве ги…
Двајца моторциклисти од Делчево се „испокршиле“ на Голак. Со скршеници на нозете, градите и главата, момчињата завршиле во штипската Клиничка болница. Овде стигнале по директен судир со своите теренски мотори. Несреќата се случила вчера на планинта Голак околу три часот попладне, место каде двајцата делчевци на возраст од 26 и 29 години моторите ги возеле често. По судирот, С.Г. и Н.К. прво биле однесени во делчевската болница, но поради сериозноста на повредите тие биле префрлени во Штип. Полицијата работи на целосно откривање на случајот. Извор: СтарТВ
Тие се упорни во нивната мисија… понуди за работа, нудење на препарати за чистење на домот, медицински препарати, козметики… ова се само дел од производите кои трговците постојано ни ги нудат по телефон, смс или приватни имејл адреси. Во тоа се состои целокупната нивна работа. Трговците на овој начин добиваатт процент, а колку повеќе понуди бидат прифатени од страна на купувачите, до толку е поголема и нивната заработка. Меѓутоа, дали знаат дека тоа што го прават е противзаконско и можат да бидат казнети со по 4.000 евра? Голем е бројот на граѓаните кои се жалат дека трговците се упорни во…
Тунис, 28 април 2017 (kamenica.mk) Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (7.носителка) успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Тунис што се игра за награден фонд од 60.000 американски долари. Таа со пресврт успеа да ја совлада четвртата носителка Силвија Солер-Еспоноза од Шпанија со 2-1 во сетови (4:6; 6:1 и 6:2 во гемови). Првиот сет Шпанката Солер – Еспиноза го доби со 6:4, а во следните два сета Ѓорческа доминираше и на противничката и препушти само три гема. Скорот во поени беше 89:74 за Ѓорческа, која имаше и три брејка повеќе во мечот 5:2. Во полуфиналето нашата тенисерка ќе…
Денеска е последниот ден на весниците Утрински и Вест. Згаснува една децениска новинска куќа која беше вистинско богатство на македонското медиумско небо. Сагата на весниците трае веќе неколку години а последните месеци кризата се продлабочи, немаше плати, почнаа штрајкови. Според досегашните информации весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа. Неодамна новинарите штрајкуваа поради неисплатени плати. Тие бараа средба со сопственикот Срѓан Керим, но средба немаше. Во меѓувреме, отворена е нова фирма, со слично име, Медиа Принт ДООЕЛ, кој објави огласи за вработувања на новинари и уредници. Новинарите добија поддршка од…
