Работнички права има, но малку од фирмите ги почитуваат. Најаларманта состојбата во Регионот е во текстилната и кожарската индустрија, каде на работниците им се кршат правата загарантирани со Закон, велат од Здружението „Гласно“:
- Дел од нив се неисплаќањето на платата според Законот, овде се прекувремената работа и ноќната смена, потоа неисплаќање на годишен одмор, а проблем се и условите во кои се работи, истакна Горан Трајков, прет. на Здруж. „Гласно“.
За ова да се смени, денес претставници на здружението беа дел од протестот кој се одржа во Скопје, од каде синдикатите порачаа дека нема демократија без социјална правда и економска рамноправност.
Додека едни протестираа за работничките права, други неработниот ден традиционално го искористија за излет во природа:
- Еве со собравме со друштво, како и секоја година, се дружиме и се забавуваме, велат излетници од Штип.
Други пак, неработниот понеделник го поврзаа со викендот и си направија мини одмор во странство :
- Најатрактивна понуда имаме за Санторини во Грција, а исто така голем дел од граѓаните избраа хотелски аранжмани во Сандански и Банско во Бугарија, изјави Милена Павлова, Т.А. „Феријал Кашиков“ – Штип.
Инаку, 1-ви мај како меѓународен ден за борба за работничките права се слави од 1889-та година, во знак на почит на жртвите на штрајкот што се одржа од 1-ви до 4-ти мај 1886-та година во Чикаго. На овој штрајк, чија цел била воведување на 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полиијата, шри што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени пред суд, а четворица од нив и погубени.
Извор: СтарТВ

