Author: G B R

Италијанецот Нело Руџиеро е првиот човек во светот кој склучи брак самиот со себе и отиде на меден месец во Египет, каде што, како што вели, стекнал нови интересни пријателства. – Јас не сакам никого повеќе од себе си – рече Италијанецот. Оваа луда идеја ја добил поради неговите родители, кои упорно сакале да го оженат и својот петти син. На крај тие со радост го прифатиле тој брак. На својата венчавка што беше пренесувана и на телевизија, тој пристигнал на бел коњ, а гостите мислеле дека се работи за прослава на неговиот 40-ти роденден.

ПОВЕЌЕ ...

Во видеото е прикажан целиот процес на правење на нас добро поџнатите “виршли”. Тие често се дел од нашата трпеза. Некои нема да можат да го догледаат видеото до крај, а многу од вас нема никогаш повеќе да ги пробаат вака подготвените виршли. https://m.youtube.com/watch?v=2NzUm7UEEIY

ПОВЕЌЕ ...

МВР издаде соопштение за денешното убиство на градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи. Денеска(06.05.2017) во 10.45 часот во Медицинскиот центар Тетово бил донесен Х.И. (58), градоначалник на општина Боговиње, кој имал повеќе прострелни рани по телото добиени од огнено оружје. Веднаш потоа, во Медицинскиот центар Тетово било констатирано дека градоначалникот Х.И. бил починат. Убиството го извршил Ќ.А. (53) од с. Боговиње во угостителски објект во непосредна близина на општината. На настанот му претходела вербална расправија помеѓу Х.И. и Ќ.А.. Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи им подлегнал на повредите откако утринава бил застрелан со огнено оружје, потврдуваат од Клиничкиот центар во Тетово за „Мета“. Неофицијално, убиството го извршил вработен во општината кој наводно добил отказ од работа. По убиството, А.Ќ се обидел да се самоубие, пукајќи си во слепоочница. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје на КАРИЛ. Полицијата работи на расветлување на случајот од каде што се очекуваат и подетални информации.

ПОВЕЌЕ ...

42-годишниот С.М. жител на делчевското село Град, од денес е со кривична пријава од полицијата затоа што пред два месеца ја запалил плевната на комшијата. Во пожарот, тогаш изгореа 15 тони луцерка , а до темел беше пеплосана и  плевната. Пожарот бил подметнат околу  два часот по полноќ а на пожарникарите им беа потребни околу два часа огнот да го локализираат, бидејќи во плевната бил сместен лесно запалив материјал. Ова било втор обид да се запали оваа плевна. Првиот обид за потпалување на плевната пред неколку месеци не бил успешен. Според обвинението, делчевскиот пироман ќе одговара з акривично дело   „предизвикување…

ПОВЕЌЕ ...

Уште еден интересен конкурс на „Ти имаш талент“. Најдете си модел кој ќе ви позира за да направите црно-бела уметничка фотографија…сликањето направете го во најдобрата резолуција од вашиот телефон или фотоапарат. Дозволено е сликите да бидат обработувани. Сликите и вашите податоци (вклучително и името на моделот), пратете ни ги на мејлот наведен на плакатот…имате право да учествувате со најмногу 3 фотографии. Крајниот рок за прием на дигиталните фотографии е 15-05 2017. По завршувањето на конкурсот здружението ќе ги развие фотографиите во А3 формат и ќе бидат изложени три дена во Дом на културата-Каменица, а потоа стручно жири ќе избере три…

ПОВЕЌЕ ...

Свети великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден) Празник на обновувањето на природата и на животот воопшто. Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др. Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу…

ПОВЕЌЕ ...

Шофер на камион веќе уморен пред викенд, патува и кога гледа на пато една јака женска со туба у раката. Сопрел, качил ја и патуваа тека заедно у тишина и цело време ја поглижда скришно под око. Глеа у неа, глеа у тубата…и не можел да издржи и решил да ја попита. Поглижда па у неа, па у тубата и вика: Винце? – Не! Ракиичка? – Не! А шо е тогаш? Оцет да не е…? – Не е оцет. Нафта е…нафта!!!  (одговара со нервозен глас) Нафта? Е за шо ти е таа нафта!?!? – Оти ве убаво знам ја вас…

ПОВЕЌЕ ...

„Поздравувајќи ја позитивната клима, како и позитивните законски измени во Законот за опојни дроги со кои се овозможува употреба на канабис во медицински цели, како и уважувајќи ги позитивните промени, како во законските одредби, така и во менталитетот на институциите, на ден 13.4.2017 група седум граѓани основаа Здружение за декриминализација на канабис ‘БИЛКА – Скопје’“, велат од Здружението. Како непрофитна организација, истакнуваат од Здружението за декриминализација на канабисот, се залагаме за целосно декриминализирање на канабисот, како во медицински, така и во рекреативни цели и цврсто се залагаме за заштита и унапредување на животната средина. „Во таа насока, во наредниот период…

ПОВЕЌЕ ...

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија денес во Скопје (Telekom Arena) се одржа државен средношколски натпревар во повеќе атлетски десциплини. Апсолутен победник во дисциплината скок во височина со прескокнати 170cm е Марио Ристов од Македонска Каменица. Тој втора година по ред е победник во истата дисциплина, со тоа што минатата година се натпреваруваше како осмо одделенец при ООУ “Кирил и Методиј”, тогаш прескокна 165cm. Марио Ристов е ученик во ДСУ “Миле Јаневски – Џингар” во Македонска Каменица. Тој на натпреварувањето исто како и во подготовките работеше под менторство на професорот по физичка култура и образование Лилјана Петровска.

ПОВЕЌЕ ...