Author: G B R
ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица утре (Четврток) ќе биде домаќин на државно првенство во ракомет (полуфинале и финале) помеѓу женските екипи од Основните Училишта во државава. Натпреварите ќе се играат во големата спортска сала според следниов распоред: – 11:30 влечење ждрепка- – 11:45 претставување на учесници – 12:00 I полуфинале – 13:00 II полуфинале – 14:00 разигрување за третто место – 15:00 Финале Екипи кои што обезбедија пласман во првите четири оснивни училишта покрај домашната женска екипа во ракомет се: ООУ “Ванчо Прке” од Делчево, ООУ “Димитар Поп Беровски” од Скопје и ООУ “Коле Канински” од Битола. Домашниот терен и…
Дека женскиот фудбал може да биде проследен со насилство на теренот сведочи неделниот инцидент на натпреварот меѓу ЖФК Железничар и ЖФК Младост во Нови Травник. Добриот натпревар, кој се заврши со резултат 1:1, го засени насилничкото однесување на Силвија Секачиќ од домашната екипа. Таа во 87 минута ја турна на земја гостинската фудбалерка Адна Љубановиќ, и седна на грб и со тупаници ја удираше во главата. Ниту главниот судија не успеал веднаш да ја одалечи насилната Секачиќ. Во тие моменти се личело како Ултимејт борба, затоа што Секачиќ и понатаму удирала по Љубановиќ, сведочат очевидци. Дури откако притрчале останатите фудбалерки…
Синоќа околу 21 часот, граѓанин пријавил во полиција дека во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје нашол жена со повреди од нож во пределот на рацете, исечени вени и убодна рана на вратот. Итната медицинска помош констатирала смрт кога пристигнала, а МВР ја идентификуваше жртвата како Ј.М.С. (53) од Скопје. Дознаваме дека станува збор за лекарка и професорка на Медицинскиот факултет. Од МВР велат дека се врши увид на местото каде била пронајдена жртвата и најавија повеќе информации подоцна денеска.
Новоформирано Здружение на нашинците кои живеат и работат во градот Виторио Венето и неговата околина во Италија, достоинствено го претставија нематеријалното културно богатство на нашата земја како и гастрономските специјалитети на Македонија. Здружението „Аминта“, а со поддршка на асоцијацијата на граѓански здруженија од градот, која во себе вклучува 47 организации, го организираа таканаречениот „Ден на Македонија“, настан кој имаше хуман карактер. „Секако без тавче гравче, сарма, ѓомлезе не може да се замисли претставување на нашата земја, приредивме една трпеза, за која можам дека кажам дека беше гозба не само за очи туку и за вкус, поставивме маси во боите на Македонија, на нашето…
Вечерва со почеток од 21 часот нè очекува првата од трите фестивалски вечери на годинешното, 62. по ред издание на „Евровизија“, во чии рамки се натпреваруваат 42 земји. Од осумнаесетте полуфиналисти вечерва, само десет ќе си обезбедат пласман во големото финале, каде што ќе им се придружат на домаќинот Украина и земјите од „големата петка“. Честа прв да настапи на сцената на Меѓународниот изложбен центар во Киев ќе ја има шведскиот претставник Робин Бенгтсон, а последна, под реден број 18, ќе запее Тријана Парк, која ќе ги брани боите на Летонија. За место во финалето денеска ќе се борат и…
Тимот на КК Карпош Соколи – Скопје ќе се бори за двојната круна откако избраниците на Николиќ успеаа да слават по втор пат во храмот на кошарката за 3-0 во полуфиналната серија. Натпреварот започна со акцентот на одбрана па во тешките и долги напади првиот „чекор“ го направија домашните играчи кои успеаа да ги искористат и ситните грешки на гостите од Карпош. Шутот на ги служеше „соколите“ во текот на првото полувреме, меѓутоа влезот на Пери на местото на Соколов помалку ја раздрма монотоноста во нападите на избраниците на Николиќ. Во вистински час се разбуди Бојан Трајковски па серијата на…
Кривична пријава е поднесена против 27-годишниот У.М. од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело противправно лишување од слобода. Во април годинава на ул. „Маршал Тито“ во Делчево пријавениот пресретнал 17-годишно девојче од Делчево, кое било со својата баба, и со употреба на сила ја ставил во такси-возило. Девојката се противела и сакала да замине, но У.М. ја удрил во пределот на носот нанесувајќи ѝ телесна повреда. Такси-возачот се вознемирил од настанот и му пратил порака на сопственикот на такси-компанијата, во која напишал да биде сопрен од полицијата во Македонска Каменица.
Компанија за хортикултура од Велика Британија „Томпсон и Морган“ разви растение на кое растат домати и компири наречено Домпир. За прв пат веста за оваа растение е објавена во 2013 година а сега е конечно достапно на пазарот. Во Канада е достапно веќе една година, а уште една компанија од Нов Зеланд направила сличен ваков хибрид. Доматите и компирите се припадници на истото растително семејство. Ова ги право совршени кандидати за да бидат составени заедно и да се создаде нов вид на растение. Оваа техника била позната со векови но сега таа е усовршена. Од „Томпсон и Морган“ велат дека…
Многу е лесно да се најде изговор за да не патувате сами, како на пример, непознатото, осаменоста, непознавањето јазици… Сите овие грижи спречиле многу луѓе да го искусат соло патувањето, но можеби е време вие да го направите тој чекор. Ако ви е потребна мотивација сте дошле на вистинското место. Погледнете ја оваа „тура“ низ државите кои се најдобри за самостојните патници. 1. Шкотска Овде има многу млади луѓе и сите се пријателски настроени. Јавниот превоз е одличен и го олеснува движењето наоколу. Во Шкотска можете да најдете огромен број хостели. 2. Словачка Како и во Шкотска, и овде јавниот…
07. Април 2017 (kamenica.mk) Македонска Каменица Екипата на ФК Каменица-САСА денес на градскиот стадион во Македонска Каменица одигра одличен натпревар на кој постигна убедлива победа против струмичка ФК Тиверија. Тренерот на екипата и прв стрелец во тимот на каменичкиот тим дури четири пати се запиша во листата на стрелците. Стрелец на петтиот преостанат гол беше Стефан Атанасовски за конечни 5:0. Натпреварот беше решен уште во првиот дел во кој ФК Каменица-САСА веќе водеше со 4:0. Саса моментално се наоѓа на четвртото место на табелата. Следното коло ФК Каменица-САСА го игра против ФК Осогово на гостински терен. Иако Осогово е со…
