Author: G B R
Петок 05. Април 2017 (kamenica.mk) Македонска Каменица Еве ги цените на производи кои што денес можат да се купат на некоја од тезгите на Градскиот пазар: Патлиџан 100 ден Пипер 120 ден Јагоди 100 ден Цреши 120 ден Лимон 80 ден Портокал 70 ден Банани 70 ден Млад компир 50 ден Лукче …
Денес со почеток во 12:30 часот во Домот на културата во Македонска Каменица учениците од ООУ “Кирил и Методиј” и ДСУ “Миле Јаневски – Џингар” пред своите соученици и граѓаните на Македонска Каменица ги читаа своите лични творби на тема “Народни херои”, инспирирани од ликот и делото на Гоце Делчев, Миле Јаневски -Џингар и Вера Јоциќ. Сите ученици учесници добија Благодарница за своите творби и учеството од организаторот на литературното читање КИЦ “Романса” од Македонска Каменица.
Црниот дроб е најголемата жлезда во човековото тело, во која се наоѓаат околу 300 милијарди клетки наречени хепатоцити, кои извршуваат повеќе од 500 различни физиолошки функции, од кои многу се неопходни за одржување на животот. Дека црниот дроб не работи како што треба покажуваат следниве симптоми: Болки во стомакот – чувството на болка од десната страна под ребрата е еден од знаците за заболен црн дроб. Црниот дроб го опфаќа поголемиот дел од стомачната шуплина, а неговиот крај се наоѓа на десната страна, и ако истиот е оштетен или воспален, се јавува болка. Жолти очи или кожа (жолтица) – кога…
Македонската женска репрезентација до 18 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА во Талин, Естонија. Нашата младинска женска селекција предводена од Астрит Мерко забележаа две победи, на првиот натпревар против домаќинот Естонија со 3:1 и против Летонија по подобро изведување пенали. Јана Чубриновска, Улса Максути и Дервиши Рабиа беа стрелци на головите за Македонија во триумфот против Естонија. Јана Чубриновска беше стрелец на израмнувачкиот погодок во второто полувреме од пресметката против Летонија. Нашата селекција втората победа ја славеше по подобро изведување пенали, 3:1. Шемсовиќ, Максути и Белистојановска погодија од белата точка за Македонија, нашата голманка Рочи одбрани…
Погледнете го видеото во кое прославата на фудбалерот за постигнат гол наликува на “прослава” за автогол: https://m.youtube.com/watch?v=ncTRkqkdnRE
Одлична видео-симулација од Њујорк-Тајмс направена за брзината на Усеин Болт во однос на останатите олимписки победници во минатото на трката од 100 метри. Кога би се натпреварувале денес сите олимписки победници на иста патека некои од нив би заостанале зад Болт дури и по 20 метри. Видеото е направено врз победничката трка на Усеин Болт на олимписките игри во Лондон. Погледнете: https://m.youtube.com/watch?v=_L_vq5JYQlE
„Почина другарот Тито!“, пред 37 години со солзи во очите на ТВ Дневникот изговори спикерот Миодраг Здравковиќ. Цела СФРЈ плачеше, загубата на другарот Тито беше вистинска трагедија иако се знаеше дека Јосип Броз Тито е тешко болен. Години подоцна се испостави дека Државната безбедност, по налог на тогашната врхушка, со месеци криела што всушност се случува. Дали Тито навистина умре на 4 мај? Дали, можеби, умре порано, во текот на празникот? Ако веќе многу години ја залажуваа јавноста за датумот на неговото раѓање, зошто не би лажеле и за датумот на неговата смрт? При крајот на април членовите на лекарскиот…
Последните анализи на Државниот завод за статистика покажуваат дека најбогато се живее во Скопје, а најсиромашно во Кочани и Виница. Скопје се развива многу побрзо, за разлика од другите градови во Македонија, а селата за жал од ден на ден се повеќе се запустуваат и осиромашуваат. Податоците покажуваат дека најсиромашно е во тетовско и штипско, а најбогато во скопско. Тука статистиката покажува драстични регионални разлики. Оттука не е изненадување зошто речиси сите сакаат во метрополата, коментираат експертите според кои за подобрување на состојбата се потребни сериозни инвестиции и долгорочни стратегии. 42.6% од сите економски активности се одвиваат во главниот град,…
Начинот на кој Македонија ја преброди кризата на југословенската федерација на почетокот од деведесеттите е потврда на тезата дека има моменти во историјата на една држава кога поединецот прави фундаментална разлика. Во историјата на македонската држава, Киро Глигоров беше таквата личност. Книгите велат дека само големи кризи раѓаат големи водачи, зашто тоа го налага нужноста условена од судбинското „да се биде или не“. Велат, исто така, дека спокојни времиња исфрлаат на површина просечни политичари кои се производ на партиски и лични калкулации. Времето во кое на чело на Македонија дојде Глигоров беше опасно, опасно како за иднината на една меѓународно…
Кога друштвото ти живее и “тупка у место” за луди плес: https://m.youtube.com/watch?v=3vd3LF2fhiA
