Author: G B R
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Утре и задутре односно, времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво и релативно топло за овој период од годината. Дневната температура утре се очекува да биде за 1 до 2 степена повисока во споредба со просечната за овој период од годината, в сабота дневната температура се очекува да биде повисока од просечната за овој период за 2 до 4 степени. В сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а в недела ветерот ке продолжи да се засилува но ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика заладување односно пад на температутара за 4 до…
Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против А.Ш. (37) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Како што ина нформираа од полицијата 25 септември 2016 година на плоштадот во Гевгелија пријавениот нудел на продажба марихуана на лице, без притоа да знае дека се работи за полициски службеник. По преземени мерки извршен е преглед над пријавениот, како и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 10,42 грама марихуана и пет стебла од растението канабис сатива, соопштија од полицијата.
Во недела на 23 Април, детските екипи на ФК Каменица-САСА одиграа два натпревари од Детска лига – Исток против екипите на ФК Младост-Тошев. Екипите на ФК Каменица-САСА и во овојпат беа победници не само резултатски, туку и според нивната доминација на теренот и контрола на играта. Еве ги резултатите од двата натпревари во кои Каменица-САСА забележа уште две убедливи победи во низа: I натпревар: 2004/5 ФК Младост-Тошев : ФК Каменица-САСА 2:6 2007/8 ФК Младост-Тошев : ФК Каменица-САСА 0:3
Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод – „пивска јога“. Имено, тие користат пивско шише за баланс и за изведување вообичени јога вежби. – Сакам на луѓето да им биде пријатно – не само да седнат в бар и да пијат пиво, туку во истовреме и да практикуваат јога, ја истакнува Вовченко својата амбиција. Таа идеја ја добила од двајца јога инструктори од Берлин. Тие пак, биле инспирирани од американскиот фестивал „Burning Man“. „Пивската јога“ е спој помеѓу две работи коишто сите ги сакаме – пивото и јога.…
Зовре незадоволството и кај делчевските овоштари. 50-ина земјоделци со земјоделска механизација протестираа покрај регионалниот пат Делчево Берово, но плашејќи се од прекршочни казни, со 5- минутна симболична блокада на регионалниот пат Делчево-Берово, го ирзазија незадоволоството од игнорантскиот однос на надлежните за нивните штети од пролетните мразеви, неисплатените субвенции, но и од политиките на осигурителните компании кои не осигуруваа од пролетни мразеви. Само за Ресен и Кавадраци се зборува, за нас никој не спомнува, а имаме големи штети. Јас лично имам штети 150 тони сливи и 60 тони вишни. Вкупно штетата во Делчево е 1, 3 милиони евра, изјави Славчо Гоцевски,…
Во Македонска Каменица на ул.Каменичка (магистрален пат Штип – граничен премин Делчево) се издава под кирија повеќенаменски објект. Истиот е во одлична состојба и може да се користи веднаш на неограничен временски период. Поседува простор со вкупна корисна површина од 1500m² распоредени на три нивоа (приземје, спрат и подкровје). Објектот се изнајмува во целина, а истиот може да се преадаптира и користи согласно потребите и дејноста на корисникот. Поседува и свој паркинг простор од 140m² во склоп на дворното место. Цена по договор. Телефон за контакт и информации: 078 311 766 (Горан)
Можеби дел од вас знаат што означува оваа бројка, но за тие што не знаат, добро е да си прочитаат. Сигурно малкумина од вас знаат што значи последната бројка на вашата лична карта, која се наоѓа на задната страна во долниот десен агол. Ретко се случува кај некого последната бројка да изнесува нула бидејќи кај повеќето се најчесто едноцифрени бројки, меѓутоа, има и такви каде што им стои и двоцифрен број, во зависност од тоа колку луѓе се слични на вас. Оваа бројка всушност значи колку луѓе наликуваат на вас според контурите на лицето
