Author: G B R

Во првиот натпревар од 20. коло во хрватскиот футсал шампионат, Сквер со резултат 7:3 ја совлада Албона П. Триумфот беше остварен најмногу благодарение на македонскиот интернационалец Адријан Мицевски кој постигна четири голови, а воедно беше и прогласен за најдобар играч на мечот. На табелата води Национал со 50 бодови, додека Сквер (кој има и меч повеќе) е на седмата позиција со 24 бодови и ги одржува шансите за учество во доигрувањето во пресрет на преостанатите две кола.

ПОВЕЌЕ ...

Наташа Николовска (39) од Скопје, самохрана мајка на малиот Марио бара помош од хуманите граѓани, за да се избори со тешката болест, рак на желудник. Болеста и била дијагностицирана на почетокот на април, а пред осум дена таа веќе се оперирала. Сумата која што и е потребна да го продолжи лекувањето со озонска терапија изнесува 12.000 евра, и храбрата мајка верува дека хуманоста на нашиот народ ќе и помогне да ја победи болеста и да го израсне своето дете. Иако се уште е во болница, каде што прима терапија, таа собра сили да разговара со нас, со цел да ја…

ПОВЕЌЕ ...

Гинеколог од Скопје цели девет месеци ја манипулирал и лажел неговата пациентка дека е бремена иако во нејзиниот стомак не постоело никакво бебе. За време  на лажната бременост, докторот правел гинеколошки прегледи, мерел грло на матка, вербално ја убедувал дека е бремена, ја терал да прима непотребни лекарства и терапии и правел гинеколошки скрининзи за детално да се прегледа плодот. На секој преглед и давал ехо снимки на кои се гледа плод, кои претходно ги имал спремено да и ги даде,  и давал хормонална терапија за вештачки да се покажат параметри кои ќе ја убедат дека е бремена, и кажал…

ПОВЕЌЕ ...

Да се биде родител истовремено е најубава, но и најтешка задача која ја има секој човек. Не е лесно правилно да воспитувате дете, да го образувате и да го водите на правиот пат. Понекогаш дури и да сакаме, одредени однесувања на децата не можеме да ги разбереме, ниту пак правилно да се соочиме со нив. Но, постојат неколку однесувања кои никако не смеат да се игнорираат, напротив, треба да се најде начин како да ги спречите и да го научите детето да се однесува убаво. Неколку такви однесувања на кои морате да обрнете внимание доколку се појават: 1. Прикривање Понекогаш…

ПОВЕЌЕ ...

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата на сообраќајната полиција, во текот на следната недела во рамки на меѓународната организација TISPOL-мрежата на сообраќајната полиција, ќе спроведе акција на засилена контрола на брзината на движењето на возилата. Акцијата ќе се спроведува во сите делови на државата кои соработуваат во оквирот на TISPOL со 28 земји членки на ЕУ, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка и Србија. Во рамки на акцијата во среда на 19 април, ќе биде спроведена и акциајта „Speed Marathon“, каде брзината ќе се мери 24 часа непрекинато со рачни радари, радари во системите на видео надзорот и уредите за…

ПОВЕЌЕ ...

Петнаесетгодишниот скопјанец кој имаше изгореници од втор степен како последица од струен удар, почина во Ургентниот центар – Скопје. Како што велат од Министерството за внатрешни работи, момчето добило изгореници од струен удар во депото на Македонски железници во Скопје, откако сакајќи да го фотографира негова другарка, се качило на вагон цистерна и се доближило до електричниот вод кој бил под висок напон. Извор инфо: СтарТВ – Штип

ПОВЕЌЕ ...

Креативниот тим на „ Ти имаш талент„ пред големиот христијански празник – Велигден организираше Велигденска работилница на која се изработуваа велигденски јајца во техниката “декупаж”. Изработените велигденски јајца беа изложени на 14.04 2017г.- Велики петок пред храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица и земаа учество во конкурсот за избор најубаво велигденско јајце каде што здружението доби благодарница. По настанот децата ги донираа велигденските јајца на продажниот штанд организиран за децата со посебни потреби.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 17 април 2017 (www.kamenica.mk) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините. Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и…

ПОВЕЌЕ ...

На 15.04.2017 година во 18,45 часот во ПС-Делчево пријавено е дека во Делчево на м.в.„Пустевски андак“, настанал пожар во куќата сопственост на А.М. (62), при што биле зафатени две соби од кои едната целосно изгорела, додека другата била само опожарена. Во пожарот нема повредени лица. Од екипа на ТППЕ-Делчево пожарот бил изгаснат. Во консултација со инспектор од ДЗС, увид ќе се изврши на 18.04.2017 година.

ПОВЕЌЕ ...

Мотел ресторан „Парк Панорама“ организира велигденски музички викенд. За претстојните велигденски празници се потврдени настапите на „Дикато“ и „Национал бенд“, а гостите ќе можат да се релаксираат во преубавиот амбиент на Ресторанот или во сместувачките капацитети на „Парк Панорама“. Сите дополнителни информации можете да ги побарате на официјалната фејсбук фан страна на Мотел ресторан „Парк Панорама“.

ПОВЕЌЕ ...