Author: G B R

Во атарот, познат како Калиманско кај селото Црн Камен, десеткувани се повеќе стада. Овдешните сточари се во паника. Велат, вакво нешто досега се нема случено, бидејќи волците никогаш не напаѓале крупен добиток. Особено овие денови кога, нападите зачестиле, објави Канал 5. -Моите крави ги напаѓаат речиси секој ден однесувајќи најмалку по едно грло. Досега волците ми изедоа 16 расни високо млечни крави. Сега, во овој период од три до четири дена, останав покус за шест грла. Тоа се крупни квалитетни крави. И, сега не знам што да правам. Решение во моментов немам, се пожали  Мире Арсов, сточар од село Црн…

ПОВЕЌЕ ...

Играта „Синиот кит“ е лансирана во 2015 година, а за да стигнат до целта, играчите мораат да „решат“ вкупно 50 задачи (по една дневно). Задачите вклучуваат физичко и психичко самоповредување, од типот на: продупчување на рацете, будење во 4.20 и гледање гротескни снимки, правење лузни, како и забрането разговарање со кого било во текот на целиот ден… Исто така, една од задачите е натпреварувачите да се искачат на висока зграда и да ги пуштат нозете слободно да им висат од работ. Меѓутоа, она што е страшно и бизарно е последната задача, а тоа е натпреварувачот да изврши самоубиство (кога играчот…

ПОВЕЌЕ ...

Дали треба да се легализира проституцијата во нашата земја? Вистина е дека ова прашање со години се провлекува низ нашето општество, но барем засега нема никакви најави од институциите за решавање на овој горлив проблем. Телеграф.мк направи анкета во центарот на Скопје и ги праша скопјани дали треба се легализира проституцијата во Македонија? Погледнете во видеото како одговорија нашите сограѓани на ова прашање:

ПОВЕЌЕ ...

Дали некогаш сте се запрашале зошто недела за Велигден може да падне помеѓу 22 март и 25 април? И зошто источните православни цркви го слават Велигден на различен ден од западните цркви? Всушност, постојат онолку недоразбирања околу калкулациите за датумот за Велигден, колку што има причини за конфузија. Во сржта на проблемот лежи многу едноставно објаснување. Најстарите верници во малоазиската црква сакале да го задржат одбележувањето на Велигден во корелација со еврејскиот Пасха затоа што смртта, погребувањето и воскреснувањето на Исус Хирстос се случиле по Пасха, па тие сакале секогаш Велигден да се слават по Пасха. А затоа што еврејскиот…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајна несреќа која што се случила ноќеска ја завеа Струмица во црно, во неа загина младиот фудбалер на Акадамеија Пандев Филип Лазаревски. Уште едно лице заедно со Лазаревски се возеле на мотор по што дошло до трагедија. Инаку Лазаревски важеше за еден од најперспективните фудбалери на Академија Пандев и беше еден од најдобрите поединци во младинските состави од репрезентацијата на Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

Промена на времето со поројни врнежи од дожд и грмежи, најавува УХМР за недела попладне и во вечерните часови кога, како што соопшти, преку Македонија ќе помине влажен бран од север. На места се очекува да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи, а од недела вечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник, предизвикувајќи во наредните денови значително опаѓање на температурата. Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, кое ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалските третолигаши од групата Исток ќе ги одиграат натпреварите од редовното 24-то коло, кое поради Велигденските празници ќе се одигра во сабота. Екипата на Каменица-САСА во ова коло во борбата за нови три бода и трето место на табелата и гостува на ФК Плачковица во Радовиш. Еве ги комплетните парови за ова 24 коло: 1. Овче Поле – Василево 2. Рудар 1947 – Кит Го Пехчево 3. Брегалница Г – Малеш 4. Осогово – Напредок ЗР 5. Беласица – Слога 1934 6. Плачковица – Каменица САСА Слободни: Работник Џ и Тиверија Сите натпревари ќе се одиграат во сабота, 15 април,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14 Април 2017 лето Господово (www.kamenica.mk) Свештенството од Светиот храм “Св. Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица ги известува сите православни Христијани дека со помош од здружението “Воскресение” и група млади верници, годинава успеаа Благодетниот оган од Ерусалим да биде донесен во Светиот храм во нашиот град. Од Благодетниот оган православните Христијани ќе можат да ги запалат своите свеќи пред самото објавување на Христовото Воскресение. Благодетниот оган секогаш се чека на исто место и во исто време – во Црквата на Воскресението на Исус Христос во Ерусалим, односно во Гробот Господов. Благодетниот оган секоја година во исто…

ПОВЕЌЕ ...

Распети петок, или познат како Велики петок, е најтешкиот ден од седмицата пред Велигден. Тоа е денот кога Исус Христос бил распнат на крст, за да ги искупи гревовите на човештвото. Во овој ден од Страсната седмица Божјиот син е погребан во камен саркофаг во пештера, пред која се поставува огромен камен. На утринската служба се читаат дванаесет извадоци од Евангелието, кои раскажуваат за страдањата на Исус Христос. Во овој ден од Страсната седмица постот е особено строг: црквата наредува да не се јаде и пие вода. На Велики петок не се служи Света Литургија, а се вршат царските часови.…

ПОВЕЌЕ ...

Се интензивираат активностите околу спомен обележјето на Драгослав Шекуларац во Штип, авторско дело на Методи Андонов, а паралелно со тоа течат преговорите околу ревијалниот би рекле и спектакуларен натпревар помеѓу ветераните на Брегалница и на белградска Црвена Звезда. Според информациите од некогашниот интернационален ЈУ судија Ванчо Коцев, наголемо се подготвува сценариото за овој исклучително атрактивен настан, за тоа кои сѐ гости ќе бидат повикани да го одбележат овој чин и како сите тие да бидат пречекани, примени и удостоени. Со еден збор, потребна е организациска мобилност, бидејќи во прашање е спортски настан со големо значење и со голем број на…

ПОВЕЌЕ ...