Author: G B R

Македонска Каменица,10 Април 2017 (www.kamenica.mk) Фото: Драган Костовски Распоред на Богослужбите по повод Страдалната седмица и Велигден во храмот “Св. Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица: Велики Четврток – 07:00 часот утрена со Света литургија – 09:30 часот општ Маслосвет ( секој верник, може да присуствува и да понесе со себе масло и брашно) – 17:00 часот Читање на 12-те Страдални Евангелија Велики Петок – 07:00 часот Читање на Царските часови и изнесување на Светата плаштеница (поставување на гробот на Спасителот Господ Исус Христос) – 17 часот Извршување на опелото, оплакување и Свето погребение (читање на статиите). Светиот храм…

ПОВЕЌЕ ...

Сончево и релативно топло со умерена облачност. Попладне ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен дожд, особено во планинските подрачја. Претпладне ќе дува слаб ветер од јужен правец, а попладне ветерот ќе се промени во северен и ќе биде слаб до умерен. Утринските температури ќе се движат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 22 степена. Во среда попладне услови за дожд ќе има повеќе во јужните делови од земјава. Во среда ќе дува и умерен…

ПОВЕЌЕ ...

Речиси 25 минути се тепале во близина на продавницата на улицата „Радански пат”, пред да пристигне полицијата, околу 22 часот. Тројца штипјани синоќа крвнички си размениле тупаници, а заиграла и метална шипка. Подебелиот крај во тепачката, во која учествувале тројца штипјани на возраст од 25, 30 и 45 години, го извлекол најмладиот од нив, кој завршил на Хирургија. Според полицијата, причината за тепачката е вербална расправија која излегла од контрола. Сега хоспитализираниот во болница, 25 годишен напаѓач ја земал металната шипка и замавнал кон останатите двајца учесници, нанесувајќи им повреди. Од Полициската станица во Штип, по комплетирање на случајот најавија…

ПОВЕЌЕ ...

Сите знаеме дека основата на совршено тело и здравје е водата. А една од најчестите грешки е пиењето на премалку вода или илузијата дека таа може да биде заменете со некој други течности. Но од колку точно вода дневно има потреба нашиот организам? Тоа зависи од нашата тежина. За да дознаете која е најприкаладната доза за вас, ви нудиме да ја погледнете следната табела, по која ќе се ориентрирате најлесно и точно.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица,10 Април 2017 (www.kamenica.mk) Фото: Драган Костовски Распоред на Богослужбите по повод Страдалната седмица и Велигден во храмот “Св. Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица: Велики Четврток – 07:00 часот утрена со Света литургија – 09:30 часот општ Маслосвет ( секој верник, може да присуствува и да понесе со себе масло и брашно) – 17:00 часот Читање на 12-те Страдални Евангелија Велики Петок – 07:00 часот Читање на Царските часови и изнесување на Светата плаштеница (поставување на гробот на Спасителот Господ Исус Христос) – 17 часот Извршување на опелото, оплакување и Свето погребение (читање на статиите). Светиот храм…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската футсал репрезентација со пораз ги отвори квалификациите за ЕП 2018 во Словенија, откако во „Алмати арена“ во Казахстан загуби од домаќинот со 0-3 (0-2). Нашата селекција беше рамноправна во поголемиот дел од мечот, посебно во првото полувреме во кое имавме најмалку пет шанси за гол, но пресуди искуството на Казахстанците кои се трета футсал-сила во Европа затоа што на последниот европски собир во Србија ја освоија бронзата. Головите вредни победа ги постигнаа Шерик Жаманкулов, кој го матира одличниот Петровски во 12 и 18 минута од натпреварот, како и Алберт Акбаликов кој погоди во второто полувреме. Македонија имаше свои шанси…

ПОВЕЌЕ ...

За првпат, две држави ќе формираат заеднички здравствен кластер и регистар на сите здравствени установи од пограничните региони. Овој вид на соработка ќе го промоовирата општините од Источниот регион и округот Благоевград: Целта е развој на прекугранична соработка како фактор за постигнување на интегриран и квалитетен раст во обезбедување медицински услуги, трансфер на добри практики и подобрување на административната и економска интеграција, објасни Александар Николов, координатор на проектот. Проектот опфаќа размена на искуства и заеднички буки на лекари од двете страни на границата: Размената на искуства и создавањето на заеднички кластер ќе не направи вистински партнер, изјави Атанас Крнчев, проектен…

ПОВЕЌЕ ...

Сао Паоло, 7 април 2017 (МИА) – Мистериозното исчезнување на еден Бразилец покрена лавина на теории на заговор откако беше откриено дека неговата соба била полна со „многу чудни записи“, книги и статуси  на филозофи од 16 век познати по своите теории за Универзумот. Бурно Боргес мистериозно исчезнал на 27 март по семејната вечера во градот Рио Бранко во северозападниот дел на Бразил. Но, исчезнувањето на овој студент по психологија предизвика меѓународен интерес на интернет беше објавена снимка од неговата соба. На видеото се гледа дека на ѕидовите и подот на собата се испишани илјадници зборови и нацртани чудни дијаграми. Можат да…

ПОВЕЌЕ ...

Паланчанката Љ.Ѓ. доби кривична пријава затоа што на 4 април со шрафцигер, со еден удар во пределот на градите, се обидела да го лиши од живот нејзиниот сопруг од село Конопница. Откако го ранила, таа го однела во болница во Крива Паланка, а поради сериозноста на повредата, истиот бил префрлен во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

ПОВЕЌЕ ...