Author: G B R
Македонска Каменица, 22 АприлД (www.kamenica.mk) Детските екипи на ФК Каменица-САСА минатиот викенд беа единствените што остварија победи. Во двата одиграни натпревари на домашен терен убедливо ја совладаа ФК Зрновка I натпревар 2004/5: ФК Каменица-САСА : ФК Зрновка 6:1 II натпревар 2005/6: ФК Каменица-САСА : ФК Зрновка 12:6
Тројца жители на Истанбул продавале дрога во Штип. Турските државјани, од кои еден бил со одобрен престој во Штип, а другите двајца се со постојано место на живеење во Истанбул, веќе подолго време во Штип се занимавале со продажба на дрога. По претходни информации, полицијата извршила претрес кај лицето со одобрен престој овде и пронашла одредена количина на дрога. Потоа , него го поврзала со двајцата негови сонародници, по што сите завршиле во полиција и со кривини пријави. Станува збор за лица на возраст од 23 до 27 години, но полицијата не соопштува по кој основ тие биле во…
Александра Либантино има само 11 години, а веќе е име на кое сите му предвидуваат светла музичка кариера. Погледнете го восхитот на сите што ја слушаат нејзината прекрасна изведба на “I have nothing” од легендарната Whitney Houston: https://youtu.be/mo6BWBji9TA
Македонска Каменица – 21 Април (www.kamenica.mk) Верскиот објект во Делчево – Манастирот Св. Богордица Источен петок Балаклија е повторно цел на кражби. Откако претходно беа украдени иконите на Света Богородица, иконата на Свети Јован Златоуст, иконата на Исус Христос, денеска крадецот со секира го скршил стаклото и влегол во манастирот, при што украл икона. Од првичните информации дознаваме дека сторителот е уапсен, а полицијата од СВР Делчево е на увид. Од информациите со кои располагаме дознаваме дека сторителот во текот на изминатите денови бил приведен од страна на полицијата за обид и за други кражби, па откако бил пуштен на…
На една голема фарма со над 150 крави имало само три бика и фермеро искал да купи оште еден. Старите бикове разбрали за идејата на газдата со новио бик и си праат муабет меѓу себе… Првио: – Ја живеа на оваа фарма пет години и на мене ми се падаа сто крави за оправјање. Нема лутење и ја нема да отстапа ни една од них и на новио бик…да си знаете и вие и он!!! Вторио: – Ја па ако сам тука на фармата три години, на мене ми се падаа 50 крави. И ја нема да дам ни една…
Погледнете во видеото во кое кочанчанец ги брка облаците и го повикува сонцето. Видете сами дали причината за ладното време и снегот во Април лежи во овој ритуал или затоплувањето на времето ќе биде резултат на неговите моќи: https://m.youtube.com/watch?time_continue=2&v=ifiZmd8wvvk
Поради повреда на некој тенисер или поради временски непогоди честа е ситуацијата еден тениски натпревар да биде прекинат на одредено време, но сигурно досега не се случило поради гласно водење љубов. Токму тоа се случи на Сарасота Опен на мечот меѓу Кругер и Тиафо. Во шестиот гем во вториот сет, на сервис на Тиафо од околните станови се слушна гласно водење љубов. Мечот на кратко беше прекината а Тиафо извика „Невозможно е да е толку добро“, додека противникот „лансира“ една топка во правец од каде доаѓаа звуците од страсниот секс. По комичната ситуација мечот продолжи, а победа извојува Тиафо со 2-0…
Тројца му помагале на Б.С. да го изведе најголемиот грабеж од трезорот на НЛБ Банка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Единицата за економски и компјутерски криминал, како што вели МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе писмено известување за лицата: Г.С. (43) брат на првопријавениот Б.С., за Е.П. (24) вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ Тутунска Банка и за Б.М.(38), пријател на првопријавениот, сите од Скопје, за кои постојат основи на сомнение дека извршиле кривично дело „затајување“ и „помагање“, со што на првопријавениот Б.С. директно му помогнале во извршувањето на кривичното дело со кое противправно се стекнал со…
Никола од Кочани ја запроси Мартина на спектакуларен начин! Погледнете го видеото снимено на врвот Пониква, за кое Мартина мислела дека само снимаат трикови со мотор:
Македонска Каменица,19.Април 2017 www.kamenica.mk Лозјата во Италија полека ја празнат Македонска Каменица и другите градови од крајниот Исток на државата. Иста е ситуацијата и во соседните Делчево, Виница и Кочани. Со бугарскиот пасош в џеб и торби полни храна илјадници жители на овие градови заминуваат на работа на лозјата во Италија, објави Телевизија Стар. Меѓу нив е и невработениот Сашко од Делчево кој веќе трет пат оди сезонски на работа во Италија. „Одам да печалам. Овде нема иднина“, вели Сашко Ѓеоргиевски. За еден месец овие луѓе ќе можат да заработат и по 2 илјади евра, пари за кои овде треба…
