Author: Media Point

Победникот на Вимблдон, Роџер Федерер бележи скок на најновата АТП ранг листа објавена денеска и од петтото се проби на третото место. Две места „падна“ Стан Вавринка, исто како и Милош Раониќ, додека во ТОП 10 влезе бугарскиот тенисер Григор Димитров.

ПОВЕЌЕ ...

Мајкрософт лансира нова апликација за паметни телефони која ја користи силата на вештачка интелигенција за да им помогне на слепите да го „видат“ светот околу себе. Фото: pixabay Апликацијата Seeing AI ги препознава предметите и им ги опишува на луѓето со оштетен вид. Доволно е да се инсталира апликацијата, да се вклучи камерата, а вештачката интелигенција ќе препознае што има на екранот и тоа ќе му го опише на корисникот. Истата може да препознае и луѓе и нивните чувства. Најдобро е тоа што за употреба на оваа апликација не е потребна врска со интернет. Истата е примарно направена за американски…

ПОВЕЌЕ ...

Вашата апликација е успешна. Ова е пораката што ја очекуваа над 100.000 фудбалски фанови од Македонија но и од цела Европа. Само 23.000 од нив имаа среќа. Тие своите карти ќе ги добијат по пошта на адресата која ја навеле во апликацијата, а УЕФА веќе им ги наплати од кредитните картички. Според објавениот правилник на европската куќа на фудбалот, на скопската арена ќе можат да влезат само оние чие што име е наведено во апликацијата. На вратите од арената ќе треба да покажат документ за идентификација. Доколку сте купиле карта, а не можете да го гледате натпреварот, вашиот билет нема…

ПОВЕЌЕ ...

Претпладнево времето во Македонија помина сончево со мала до умерена облачност. УМХР пак за попладневно најави нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно на југот и истокот од земјава, а процесите е можно да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер. Што се однесува до температурата, максимумот ќе стиге од 23 Целзиусови степени на крајниот запад на земјава, преку 28 во Охридско-струшкиот Регион, за каде исто така е прогнозирано невреме, до 33 степени во Демир Капија. Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2).…

ПОВЕЌЕ ...

Перуанските власти запленија 1.520 крастави жаби, кои требало да завршат во афродизијачки препарати и да бидат продадени на пазар во Лима, соопшти перуанскиот Национален центар за шуми и фауна (СЕРФОР). Краставите жаби во пластични вреќи се пронајдени во тајно преградие на автобусите во северен Перу и биле дехидрирани, но живи. „Тие биле подготвувани за продажба во Перу, а потоа требало да послужат како состојки во медицински цели и во подготовка на афродизијачки напиток“, изјави покраинскиот шеф на СЕРФОР. На пазарот продажбата на 1.510 крастави жаби би достигнала вкупна вредност од три илјади долари. Екстракти од жабите служат за изработка на…

ПОВЕЌЕ ...

Толку многу книги и текстови постојат за различностите помеѓу жените и мажите и сè повеќе се пропагира идејата дека никогаш не можеме да ги ускладиме интересите, освен ако не ги разбереме различностите. Сепак, колку и да ви се чини спротивно на сè што сте слушнале, овие сличности не’ поврзуваат: Не сме совршени – Сите очекуваме да имаме совршена мајка, ќерка, девојка, момче, брат или татко, но тоа не е возможно. Престанете да очекувате премногу. Обидете се да ги разберете несовршеностите и да простите. Стереотипите не’ повредуваат – Стереотипите врз база на половите не’ навредуваат сите подеднакво. Ослободете се од нив и одберете…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во Кратово, ФК Каменица САСА против екипата на ФК Силекс, го одигра првиот пријателски натпревар во подготвителниот период, пред почетокот на новата сезона. САСА е дел од Втората македонска лига и потребата од натпревари со “посилни” екипи е огромна за тимот од Каменица. Натпреварот е шанса плус за докажување помеѓу играчите и нивно “запознавање” на теренот. Иако натпреварот заврши со 1:0 во корист на домашните со гол постигнат во последната минута од слободен удар, тренерот на “Каменица САСА”, Горан Гоцевски е задоволен од прикажаната игра на своите избраници. Всушност, шанса за докажување на овој подготвителен натпревар добија скоро сите…

ПОВЕЌЕ ...

Уставниот суд го укина членот 98, став 5, алинеја 6 од Законот за административни службеници, кој се однесува на престанокот на работниот однос на административниот службеник по сила на закон ако наврши 62, 63, 64 или 65 години старост (за жени), односно 64, 65, 66 или 67 години старост (за мажи). Укинувањето на оваа законска одредба според Уставен е, меѓу другото, поради тоа што не пропишува еднаква правна положба на  граѓаните. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: СУПЕР ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Државата ќе дава по 12.000 денари месечно „Предвидувањето со оспорената одредба на административните службеници да им престане работниот однос на различна возраст во зависност…

ПОВЕЌЕ ...

Њујорк, 15 јули 2017 (kamenica.mk) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака ѕидот на границата со Мексико да биде проѕирен и на него да бидат поставени соларни панели. Трамп рече дека не се шегува кога говори за соларни панели бидејќи „тоа може да покрие дел од трошоците“, јави Си-Ен-Би-Си. Тој додаде дека мора да се види што се случува од другата страна. – Ќе ви дадам пример. Колку и да звучи страшно, кога да речеме фрлаат вреќи со дрога преку ѕидот, и ако од другата страна има луѓе, а вие не ги гледате – ви паѓа на глава вреќа од…

ПОВЕЌЕ ...