
Неисправна е водата за пиење во селата Градец и Трстија во општина Виница, покажале најновите анализи на Јавното комунално претпријатие “Солидарност“.

– Во населените места Градец и Трстија квалитетот на водата не е на задоволително ниво. Анализите покажаа присутво на одредени бактери. Правиме напор со добиените резултати и мерките кои ни се дадени, да ја санираме состојбата и водата да биде исправна за пиење. Во текот на годината се јавуваат периоди кога водата е неисправна за пиење од селските водови како последица на поплави или врнежи, изјави Игор Спасовски, директор на ЈКП „Солидарност“ Виница.

