Author: Media Point
Првата група крави стигна како помош на Катар, односно за намалување на штетите од ембаргото што на таа арапска држава и го наметнаа соседите, соопштија катарските власти. Во пратката од Будимпешта имало 165 крави од расата холштајн, што е само прв дел од предвидените 4.000 грла кои Катар ќе ги увезе по воздушен пат, до август. Кравите стигнаа во товарен авион на „Катар ервејз“. За сите 4.000 грла ќе бидат потребни најмалку 60 летови. Стадото е сместено на фарма близу главниот град Доха, а кравите беа дочекани со голем интерес од медиумите. Катарците го доживуваат сево ова како пркос кон соседите, коментираат…
Даноците и војните не постоеле отсекогаш, имало и период кога луѓето живееле нормален и мирен живот. Некои научници сметаат дека во почетоците на Месопотамија постоел мирен живот без наметнување на владејачка елита. Ова се неколку моменти од историјата на кои научниците не им обрнуваат доволно внимание. Антички цивилизации напредувале без владејачка елита? Околу 2700 п.н.е. првиот меѓуградски државен спор се претворил во она што може да се нарече војна. Малку е познато, освен тоа дека Сумерите ги победиле Еламитите и тогаш работите тргнале по удолница. Саргон од Акад го убил постоечкиот крал, ја освоил власта и освоил повеќе од 20 успешни…
Лотаријата заврши, УЕФА ги подели влезниците за Суперкупот, па тргнаа и реакциите на социјалните мрежи, некои се радуваат, други се лути на изборот. Девојка на својот фејсбук профил напиша дека добила билет а не ни знае кои ќе играат. Со билети за Суперкупот се пофалија и многу други на кои ова ќе им биде и прво одење на фудбалски натпревар во животот. Фактот што голем дел од влезниците завршија кај луѓе што ќе одат само за да се пофалат дека биле и да направат селфи, предизвика реакции на социјалните мрежи.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 15-годишно лице од Кочани за сторено кривично дело ,напад на службено лице при вршење работа на безбедноста, а заедно со В.М.(20), Ф.Ј.(30) и 14-годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело тешка кражба. Пријавените со употреба на тврд предмет извршиле тешка кражба во магацин на ГТД „Бетон“-Кочани, каде биле затекнати од страна на полициски службеници на полициската станица-Кочани, при што 15- годишниот малолетник од Кочани со секира замавнал кон полицискиот службеник, го удрил и соборил на земјата нанесувајќи му телесна повреда.
Над 41.000 работници кои имаат прекин во бенефицираниот стаж ќе можат да остварат право на пензија од идната година, ако ги исполнат новите критериуми за пензионирање што ги подготвува Министерството за труд и социјална политика. Како што појасни денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, новиот концепт предвивува дефинирање на возраст за пензионирање и процент на поминати години на работно место со бенeфициран стаж. Тоа значи дека, ако се дефинира овие работници да одат во пензија на возраст од 55 години ќе треба да имаат остварено и одреден процент (80 отсто) од работниот стаж поминат на работни места…
Стотина студенти од Македонија кои се пријавиле за работа во Германија си ги бараат назад парите од агенцијата за посредување при вработување бидејќи наводно се работи за измама. Тие утрово се собраа пред канцеларијата на агенцијата „Венера Кемаловски“ и ги бараат парите кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во Германија. Студентите требало да работат во бутиците „Зара“, рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и досега требало веќе да се заминати. Студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите. На дел од нив и им ги вратил, но голем дел останале без финансиите што ги…
Персоналот во дом за стари лица во норвешкиот град Ејдсволд признава дека кренал паника и повикал полиција кога на паркингот ја забележале „одалката“ на една своја 92-годишна штитеничка. Освен металното помагало, од бабата немало ни трага, ни глас. Се разбира, стравувале дека нешто лошо ѝ се случило, но набрзо дознале дека старицата всушност побегала во Стокхолм со својот помлад љубовник – 87-годишен Швеѓанец. Сега реакциите се поинакви. „Ова е трогателна љубовна приказна“, вели управничката Јанка Холстад. „Замислете да не можете да отидете на романтичен одмор само затоа што сте постари од 90 години. Госпоѓата не направи ништо незаконско, ама нé…
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци. На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот…
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени. Утре во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец кој ќе услови…
Ракометната федеарација на Македонија (РФМ) соопшти дека заедно со словенската федерација изразуваат подготвеност заедно дa конкурираат за организација на сениорските машки Европски првенства во 2022 и 2024 година. РФМ веќе официјално ја испрати својата кандидатура до ЕХФ, а тоа ќе се очекува да го направат и останатите земји кои ќе конкурираат за организација на овие првенства. Од почетокот на 2018 година, ЕХФ ќе почне да ги разгледува сите пристигнати кандидатури, а конечната одлука ќе ја даде на Годишниот конгрес во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година. Ракометната федерација на Македонија во последните години ужива огромна доверба…
