Author: Media Point
Македонска Каменица 15. Јули 2017г. www.kamenica.mk ФК Каменица САСА од Македонска Каменица со засилен состав го започнува подготвителниот период пред почетокот на новата сезона од Втората македонска фудбалска лига. На мета на новиот второлигаш од Каменица се најдоа неколку играчи од регионот. Дел од играчите кои пробниот период го поминуваат во Каменица предничат со младоста и желабата за докажување, додека останатите се искусни и докажани повеќегодишни играчи во домашните и странски првенства. Најпрвин мораме да споменеме дека Горан Гоцевски е старо-новиот тренер на екипата на ФК Каменица САСА. Тренер со кој САСА во минатата сезона ја започна својота успешна приказна,…
Во Дојран вечерва почнува седмото издание на ,,Д Фестивал,, кој ќе трае до недела, 16 јули. Архангел, Рудиментал, Рони сајз, Кирил Џајковски, Куп Оркан Оркестра, Али Фарка Туре Бенд, Егоритмија и Стринг Форсес, се само неколку од педесетината домашни и странски реномирани музички имиња и групи кои ќе настапат на петте отворени сцени на најголемиот летен музички настан во Македонија. Во посебно уредени зони на кампот во кој ќе бидат сместени посетителите, организаторот ,,Пасворд продукција,, планира одржување на бројни панел дискусии, филмски проекции, работилници, предавања, мултимедиумски презентации и уште многу содржини поради кои фестивалот во Дојран станува магнет за младата…
Македонска Каменица, 15 јули 2017 (kamenica.mk) Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари од денеска до 15-ти следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично. Одлуката, исто така, не важи и за организирана група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови и парк шумите.…
Од Скопје до Рим Малта и Ваксјо. Стартуваа новите летови на Визер од аеродромот Александар Велики. Големиот интерес од граѓаните вроди со плод. Авиокомпанијата го базираше и четвртиот авион на скопскиот аеродром, што покажува дека авиосообраќајот во земјава е стабилен и има потенцијал за раст истакнуваат од ТАВ Македонија. Новиот воздухоплов овозможи 139 вработувања. Новата Влада останува посветена на заложбите за континуирано подобрување на авиосообраќајот во земјава. Со развојот се зголемува и бројот на дестинации достапни за македонските граѓани, истакна министерот за транспорт и врски Сугарески. Новите летови, особено линијата до Малта е пред се значајна за големиот број македонски…
Во тешка сообраќајна несреќа се повредени четворица полицајци откако возилото Лендровер сопственост на МВР, а управувано од полициски службеник излеталот од патот кај Радовиш по што се превртило. Како што пренесува порталот Sky, сите четворица патници во автомобилот се повредени и пренесени во болница. ПРОЧИТАЈ: (ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ: Веднаш пријавете доколку го видите овој човек Несреќата се случила во 15 часот и 10 минути завчера, а за настанот се известени и од внатрешната контрола на МВР. Се уште е непознато како всушност дошло до превртување на Лендроверот.
Проблеми и болести го притиснаа народот. Лекови се трошат како никогаш. За само една година, жителите од Истокот, испиле два милиона кутии лекови, или по 13 кутии по човек, што е над републичкиот просек. Само за лекови кои се на товар на Фондот за здравство, лани се потрошени речиси четири милиони евра. Здравјето многу и нагло им попуштило на жителите во Кочани, Берово, Зрновци и Делчево, каде за напишани 69.000 рецепти, повеќе од лани. Пораст на потрошувачката на лекови , има речиси во сите општини од регионот, а граѓаните се едногласни во ставот, дека без лекови – нема живот: Пиеме…
Овие Пољаци им се силна конкуренција на лудите Руси. Погледнете го видеото и видете со каква тешка артилерија располагаат лудите полски адреналински зависници: https://m.youtube.com/watch?v=NRxdRULen6Y&time_continue=363 Извор: мотика
Извршено е неправилно и незаконско постапување на затворски полициски службеници и на службеници од одделот за отсек општ криминал врз двајца полицајци, информираше денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев Тодев. – Само во последните две недели независниот синдикат евидентира два случаја на двајца претседатели на синдикални организации. Едниот случај е со претседателот на синдикалната организација на СВР Струмица, а вториот е со претседателот на независниот синдикат на затворската полиција на сите затвори на Рапублика Македонија, истакна Делчев. И во двата случаја според него извршен е мобинг врз полицајците од нивните надредени. Од НСП бараат од надлежните министерства да преземат мерки за неправилно и…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 24- годишниот А.В од село Конопница за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот закон. Според информациите на 02.овој месец, околу 01,30 часот, на ул. „Свети Јоаким Осоговски“, при интервенција на полициски службеници поради претходно нарушен јавен ред и мир, пријавениот физички нападнал полициски службеник, удирајќи го со двете тупаници 4 пати во пределот на градите. Од очевидци дознаваме дека,причина за напад врз полицаецот била претходна расправија и тепачка меѓу млади од Крива Паланка. Ноќта на втори јули час…
Постојат и луѓе кои имаат грижа на совест дека нешто згрешиле. Овој човек решил да ја подмири сметката за следно полагање со цел да му се извини на момчето. Браво Новак. Бр
