Веќе цел час гори борова шума во непосредна близина на Македонска Каменица, веднаш над Пиштолско маало. Огнот е со голем интензитет и голема брзина на ширење поради силниот ветар што дува во повеќе правци. Опасноста за негово ширење е голема.
ТППЕ од Македонска Каменица помогнати од Шумската полиција и ЈП Камена Река се на терен. Се преземаат сите мерки со сите расположливи средства во моментот.
Со повеќе информации наскоро.
