Author: Media Point

Лотаријата заврши, УЕФА ги подели влезниците за Суперкупот, па тргнаа и реакциите на социјалните мрежи, некои се радуваат, други се лути на изборот. Девојка на својот фејсбук профил напиша дека добила билет а не ни знае кои ќе играат. Со билети за Суперкупот се пофалија и многу други на кои ова ќе им биде и прво одење на фудбалски натпревар во животот. Фактот што голем дел од влезниците завршија кај луѓе што ќе одат само за да се пофалат дека биле и да направат селфи, предизвика реакции на социјалните мрежи.

ПОВЕЌЕ ...

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 15-годишно лице од Кочани за сторено кривично дело ,напад на службено лице при вршење работа на безбедноста, а заедно со В.М.(20), Ф.Ј.(30) и 14-годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело тешка кражба. Пријавените со употреба на тврд предмет извршиле тешка кражба во магацин на ГТД „Бетон“-Кочани, каде биле затекнати од страна на полициски службеници на полициската станица-Кочани, при што 15- годишниот малолетник од Кочани со секира замавнал кон полицискиот службеник, го удрил и соборил на земјата нанесувајќи му телесна повреда.

ПОВЕЌЕ ...

Над 41.000 работници кои имаат прекин во бенефицираниот стаж ќе можат да остварат право на пензија од идната година, ако ги исполнат новите критериуми за пензионирање што ги подготвува Министерството за труд и социјална политика. Како што појасни денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, новиот концепт предвивува дефинирање на возраст за пензионирање и процент на поминати години на работно место со бенeфициран стаж. Тоа значи дека, ако се дефинира овие работници да одат во пензија на возраст од 55 години ќе треба да имаат остварено и одреден процент (80 отсто) од работниот стаж поминат на работни места…

ПОВЕЌЕ ...

Стотина студенти од Македонија кои се пријавиле за работа во Германија си ги бараат назад парите од агенцијата за посредување при вработување бидејќи наводно се работи за измама. Тие утрово се собраа пред канцеларијата на агенцијата „Венера Кемаловски“ и ги бараат парите кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во Германија. Студентите требало да работат во бутиците „Зара“, рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и досега требало веќе да се заминати. Студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите. На дел од нив и им ги вратил, но голем дел останале без финансиите што ги…

ПОВЕЌЕ ...

Персоналот во дом за стари лица во норвешкиот град Ејдсволд признава дека кренал паника и повикал полиција кога на паркингот ја забележале „одалката“ на една своја 92-годишна штитеничка. Освен металното помагало, од бабата немало ни трага, ни глас. Се разбира, стравувале дека нешто лошо ѝ се случило, но набрзо дознале дека старицата всушност побегала во Стокхолм со својот помлад љубовник – 87-годишен Швеѓанец. Сега реакциите се поинакви. „Ова е трогателна љубовна приказна“, вели управничката Јанка Холстад. „Замислете да не можете да отидете на романтичен одмор само затоа што сте постари од 90 години. Госпоѓата не направи ништо незаконско, ама нé…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци. На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени. Утре во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец кој ќе услови…

ПОВЕЌЕ ...

Ракометната федеарација на Македонија (РФМ) соопшти дека заедно со словенската федерација изразуваат подготвеност заедно дa конкурираат за организација на сениорските машки Европски првенства во 2022 и 2024 година. РФМ веќе официјално ја испрати својата кандидатура до ЕХФ, а тоа ќе се очекува да го направат и останатите земји кои ќе конкурираат за организација на овие првенства. Од почетокот на 2018 година, ЕХФ ќе почне да ги разгледува сите пристигнати кандидатури, а конечната одлука ќе ја даде на Годишниот конгрес во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година. Ракометната федерација на Македонија во последните години ужива огромна доверба…

ПОВЕЌЕ ...

Петровден е  еден од најголемите празници по Велигден, посветен на апостолите Петар и Павле. Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади. Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијанитем врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле. На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава…

ПОВЕЌЕ ...

Оваа традциионална средба на врвот Руен (2252) ќе биде подржана од Рудник Саса и Општина Македонска Каменица. Руен по десетти пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната средба „Балканот без граници“. По десетти пат се одржува ова асредба која е во организација на НВО Здравец 2002 од Македонска Каменица, Риен од Крива Паланка и туристичкото дружтво Осогово од Ќустендил, изјави Миран Митревски, НВО Здравец 2002. Врвот Руен кој е највисок врв во Источна Македонија и на Осоговските Планини со своите 2252 метри е место на обединување на околу 2000 планинари кои стигнуваат на врвот…

ПОВЕЌЕ ...