Author: Media Point
06. Август kamenica.mk ФК Каменица САСА се врати поразена од гостувањето во Бугарија. Со 2:1 екипата на ФК Пирин од Разлог ја совлада Саса. Иако каменичани на ова свое прво меѓународно гостување прикажаа одлична игра во првиот дел од натпреварот, во второто полувреме домаќините успеаа да го свртат резултатот во своја полза. Куриозитет е фактот што Каменица САСА покажа подобар фудбал додека на терен беа првите екипи на двата тима, пресвртот во играта и резултатот следуваше по неколкуте измени во двата табора. Стрелец за екипата на ФК Каменица САСА повторно беше Ефтим Аксентиев во првиот дел од натпреварот. Аксентиев во…
Во понеделник во просториите на ФФМ ќе се оддржи извлекувањето на паровите за следната натпреварувачка сезона од Втората Македонска Фудбалска Лига Исток и Запад и првото коло на Купот на Македонија. Ова значи дека Каменица Саса ќе ги дознае своите противници во првата полусезона од лигата. Вчера се одржа и извлекување со кое се одреди распоредот за новата сезона за млади категории во рамки на системот на Фудбалска федерација на Македонија. Од пред десетина дена познат е и распоредот на новата сезона во Првата Македонска Фудбалска Лига, а првото коло е закажано за 13 август.
Здружението фолклорна група „Копачка“ од делчевското село Драмче е најуспешната група која презентираше традиционална музика и игра на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, а особено внимание привлекло самото оро „копачка“. Копачката е македонско машко соборско оро, кое потекнува од селото Драмче, во областа Пијанец, во околината на Делчево. Изведувачите се мажи кои се држат за појас, со левата рака пред десната. Орото се игра полетно и темпераментно, со мали, брзи чекори на полустапалата. Тоа обилува со потскоци, доскоци, странични движења, ножици и поткопнување со нозете по подот, од што е произлезено името на орото. Од 2014 година,…
Властите во Казахстан неодамна објавија дека земјата ќе се откаже од кирилицата и својот казашки јазик наскоро во целост ќе го изразува со латиничната алфабета. Постои и предлог името на државата Казахстан на казашки повеќе да не се пишува како „Kazakhstan“ туку „Qazaqstan“. Се планира преминот латиница да започне до крајот на 2017 година. Казашкиот припаѓа на турското семејство јазици и е сроден со турскиот, азербејџанскиот и узбекистанскиот, кои веќе одамна ја користат латиницата. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ДОГОВОР: Кој ќе смени „дизелаш“ добива 2.000 евра Во текот на историјата, Казахстан се служеше со разни писма, па дури и со латиница, во периодот…
– За непочитување на одредбите од Законот за шумите, на физичките лица кои ќе бидат затекнати во шума без соодветна дозвола од ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. За непочитување, пак, на Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството, информира МЗШВ. Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена…
Поради високите летни температури и несовесната и неконтролирана потрошувачка на вода од поедини домаќинства и покрај тоа што наплатата им се врши преку водомери, значително се намалени водните резерви во базените со вода за пиење. Поради овие, а и низа други причини Ј.П. Камена Река воведува рестриктивно трошење на водата за пиење по реони. Реон 3 На ден 04.08.2017 год. во периодот од 16:00 до 20:30 часот вода нема да имаат корисниците на водоводната линија од ул. Каменичка, ул. Вера Јоциќ, ул.14 Јуни, ул. Ленинова, ул. Пиринска, ул. Горна Река. Реон 1 На ден 05.08.2017 год. во периодот од 16:00…
Вирус на хеморагична треска, болеста која одзеде два живота во Гостиварско, а неколкумина хоспитализира, е изолиран кај девојка од Виница: Се работи за 22-годишна Ромка, кај која е реагирано многу бргу. веднаш е препратена на Клиниката за нефрологија во Скопје, каде е изолиран ХАНТАЛ вирус, причинител на хеморагична треска со бубрежен синдром, истакна д-р Горан Николов, спец. епидемиолог. Засега нема точни податоци за тоа како таа се заразила со вирусот, но се претпоставува дека извор на заразата се глувци. Според лекарската анамнеза, таа потврдила дека во близина на местото на живеење имало глувци, па веројатно е дека таа дошла во…
https://m.youtube.com/watch?v=5S_RKS4H1WA&time_continue=15
Македонскиот првак Вардар го заврши сонот за настап во Лигата на шампионите. Во вториот меч „црвено-црните“ не успеаја да ја сочуваат минималната предност од Скопје (1-0) и во Копенхаген загубија со 4-1 (2-1). На резултатот влијаеја последните дваесетина минути од мечот, кога Седлоски фрли се на една карта, а исто така, влијаеја и грешки на голманот Гачевски. Вардар во моментите кога прими два гола имаше и играч повеќе, но сепак, тоа не успеа да ги смени настаните на теренот. Поради поразот, Вардар се сели во плеј-офот од Лигата на Европа, каде го чекаат уште два европски меча до пласман…
Голем шумски пожар беснее во атарот на општина Зрновци. Горат огромни површини на нискостеблеста шума со смрека, во месноста Трнавца меѓу Видовиште и Теранци. Огнеите јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена дабова и букова шума: За гасенење на пожарот кој од час во час земна се поголем замав, помош побарав и од републичкиот Центар за управување со кризи,од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Блаже Станков, градоначалник на о. Зрновци. Бидејќи се работи за непристапен терен…
