Author: Media Point
Поради високите летни температури и несовесната и неконтролирана потрошувачка на вода од поедини домаќинства и покрај тоа што наплатата им се врши преку водомери, значително се намалени водните резерви во базените со вода за пиење. Поради овие, а и низа други причини Ј.П. Камена Река воведува рестриктивно трошење на водата за пиење по реони. Реон 1 На ден 01.08.2017 год. во периодот од 16:30 до 21:00 часот вода нема да имаат корисниците на водоводната линија од Сувата маала. Реон 2 На ден 02.08.2017 год. во периодот од 16:30 до 21:00 часот вода нема да имаат корисниците на водоводната линија од…
31. Јули 2017 (kamenica.mk) На 5-ти Август, ФК “Каменица САСА” ќе го одигра својот прв меѓународен натпревар, против екипата на ФК “Пирин” од Разлог, Бугарија. Ова ќе биде прв од неколкуте натпревари кои каменичани ќе ги играат надвор од границите во овој подготвителен период пред почетокот на новата сезона. Договорена се уште неколку меѓународни средби, една од нив е со ФК “Пирин” од Благоевград, останува само во текот на оваа недела, управата на клубовите и стручните штабови на екипите да ги прецизираат датумите на средбите. Каменичани на гостувањето патуваат со цел да се претстават во најдобро светло, да го надиграат…
30 јули 2017 (kamenica.mk) Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе има вредност 9. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 31 до 38 степени. Времето во Каменица ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени. Следува период на претежно…
Трагичен настан ги потресе вчера и денеска жителите на Кочани. Во куќата на улицата „Александар Македонски” број 5 во која живееле потстанари вчера еден од другите потстанари ги пронашол крвавите тела на скопјанецот С.Г. (42) и пробиштипјанката Јована П. (25). Полицијата се сомнева дека станува збор за убиство и самоубиство. Скопјанецот С.Г. најверојатно со истрел од автоматска пушка ја убил Јована, а потоа со истото оружје се убил. Увид направил дежурен јавен обвинител од кочанското ОЈО и екипа на крим техника од кочанската полиција. До безживотните тела се пронајдени и неколку испукани чаури од автоматската пушка „Црвена застава“. Истрагата ќе…
29. Јули 2017 Градски стадион во Македонска Каменица (kamenica.mk) Каменица САСА со 3:2 ја победи екипата на штипска Брегалница, претендент за висок пласман во новата сезона од Втората фудбалска лига. Гостите го отворија резултатот уште на почетокот од натпреварот, по што домашната екипа преку пенал успеа да се врати резултатски во игра. Егзекутор од 11 метри повторно беше редовниот стрелец во редовите на Саса, Зоран Златковски. Во текот на второто полувреме тренерите на двете екипи ги ротираа играчите на теренот и изменуваа тактиката во играта. Се извршија повеќе измени во редовите и на двете екипи. По неколку минути игра повторно во…
Македонија ќе игра уште два меча на СП за играчи до 21 година, во Алжир. Со нив може да се поправи крајниот впечаток, односно да се вратат комплиментите кои нашите ракометари ги уживаа по крајот на групната фаза. За тоа потребна е, пред сè победа над Русија, денеска во 13.30 часот. Со тоа би го осигурале, најмалку, шестото место и би тргнале во борба за петтото, со подобриот од Унгарија – Тунис. Навивај за Македонија! https://youtu.be/rSWOAIjcj3o
29. Јули Македонска Каменица www.kamenica.mk Македонска Каменица конечно го добива својот прв женски фудбалски клуб. Во името на ЖФК “Каменица САСА” и под водство од Зоран Златковски, од оваа сезона каменичани ќе имаат можност да уживаат и во фудбалските вештини на младите женски фудбалски надежи. Тие веќе ги започнаа подготовките, а во текот на наредните денови ги очекуваат и своите први засилувања, кои пред се доаѓаат од околните градови во регионот. “На првата прозивка се појавија околу четериесет девојки, дел од нив заедно со новите засилувања на тимот, секако ќе бидат столбот на тимот и ќе го понесат главниот товар…
28. Јули (kamenica.mk) По прекинатиот контролен натпревар во минатата среда против екипата на ФК Кит Го од Пехчево, утре ФК Каменица САСА ќе одигра уште еден контролен натпревар. Овојпат противник на Саса ќе биде штипска Брегалница. Тие пак заради ним нејасни причини завчера го пропуштија пријателскиот натпревар со Беласица од Струмица. Новите засилувања на двете страни ќе имаат шанса за докажување пред почетокот на новата Второлигашка сезона. Блискоста на екипите по квалитет и силните амбиции во клубовите, ветуваат интересна и до крај неизвесна сезона. Па затоа убаво е уште сега да се биде на трибините, каде со сигурност ќе биде…
Погледнете го новото музичко остварување на маестро Џамбо Агушев & Оркестра Агушеви. Снимената џез нумера е надополнета со прекрасно доловени панорамски видео мотиви од нашиот главен град. 28. Јули (kamenica.mk) https://m.youtube.com/watch?v=WW1I1G_991c
28. Јули (kamenica.mk) Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава во 4 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај местото викано Сушичко стопанство. Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале автомобил „Голф“ управуван од Р.П. (46) од Василево и трактор во кој се превезувале повеќе лица. На самото место загинал Д.Р. (24) од делчевско Вирче. Полицијата е на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали.
