Author: Media Point

26. Јули 2017г (kamenica.mk) Во сообраќајна несреќа што се случи утрово на регионалниот пат кон Делчево загина едно лице.Несреќата се случила кога возило со странски привремени таблички удрило во мотокултиватор. Од силината на ударот возачот на мотокултиваторот излетал и удрил во колата здобивајќи се со тешки телесни повреди,на кои им подлегнал на патот кон болница.И возачот на колата и возачот на мотокултиваторот се од Делчево, информираат од Полицијата. На лице место на несреќата беа излезени екипи од МВР и од ОЈО.Сообраќајот додека траеше увидот беше блокиран ,но возилата се пренасочуваа по друг алтернативен пат.

ПОВЕЌЕ ...

Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Официјални делегации и претставници на институции денеска ќе положат цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Традиционалната крводарителска акција „За Скопје со љубов. Дарувај крв – биди хуман“ ќе се спроведува од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Организатори се Црвениот крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Пауновска ќе присуствуваат на проширениот капацитет…

ПОВЕЌЕ ...

27. Јули 2017г. (kamenica.mk) Неофицијално дознаваме дека на патниот правец кон Делчево се случила сообраќајна незгода, и според неодифијални извори има загинато лице. Полицијата е излезена на терен, повеќе информации очекуваме во текот на денот. Патниот правец кон градот Делчево е во застој.

ПОВЕЌЕ ...

Жител на Делчевско казнет со 1.500 лева , односно околу 750 евра во Бугарија. Казната му ја одредил судот во Благоевград откако било утврдено дека го пречекорил дозволеното време за престој во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. За сторениот прекршок се разбрало, откако тој одлучил да се врати во Македонија. При проверка на пасошот на граничниот премин „Станке Лисичково“ церинарниците утврдиле дека делчевецот ја претерал. Наместо легалните 91 ден, делчевецот кај источниот сосед поминал дури 577 дена, односно еднаипол година. Тој во Бугарија влегол во ноември 2015 –та и наместо да ја напушти државата во февруари 2016, тој никаде непријавен и…

ПОВЕЌЕ ...

12-годишното момче, кое синоќа околу 22 часот падна од третиот кат од станбена зграда во Штип е во животна опасност. Од КАРИЛ во Скопје информираат дека е извршена хируршка интервенција на главата и на повредите што ги здобило момчето при падот. Според соседите, станува збор за несреќен случај, односно детето не видело дека е отворена вратата на балконот која нема никаква заштитна ограда и занесено во менување канали со далечинскиот управувач на телевизорот, паднало. Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев изјави дека детето кај нив било примено со тешки телесни повреди поради што е препратено во Скопје. –…

ПОВЕЌЕ ...

25. Јули 2017г. (kamenica.mk) ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: Поради недостаток на вода за пиење во текот на летниот период во одреден дел од денот, се замолуваат сите корисници на водоводната мрежа во градот, совесно и рационално да ја искористуваат водата за пиење и да не се троши беспотребно. Водата исклучиво да се користи за пиење и основни потреби за домаќинствата. Истата да не се користи за наводнување на зелени и градинарски површини во дворот, перење на автомобили,теписи и сл. Ј.П.,,Камена Река ” од денес започна да спроведува инкасаторско-комисиски контроли за начинот на потрошувачка на вода. Истите ќе патролираат…

ПОВЕЌЕ ...

25. Јули 2017г. Македонска Каменица (www.kamenica.mk) На фотографијата можете да ги видите двете куќи во кои била сместена полициската станица во село Калиманци од времето на првото и второто српско владение од минатиот век во нашиот крај. Полициска станица кога за голем број луѓе од нашиот крај, во тогашниот период била “Куќа на стравот”, позната по силните и тешки измачувања. Добар дел од нив, во неа и ги загубиле своите животи, од неа враќање немало. Многу од притворените и затворените, никогаш не се вратиле дома и не се дознала правата вистина за нивната смрт. Доколку имате некоја вистинска приказна или…

ПОВЕЌЕ ...

Кривична за двајца полицијци од Берово. На луди возачи им прогледувале низ прсти, утврдила внатрешна контрола на МВР. Во првиот случај, еден од пријавените, со радар извршил сообраќајна контрола на брзината со која се движел возач од  Делчево, кој управувал „БМВ 320“, при што е констатирано дека не место на кое е дозволено да се вози 40, тој возел со 74 км/час. Полицаецот, на делчевецот му прегледал низ прсти, па запишал дека делчевецот возел до 69 км/час, со што наместо 50 во возачката книшка му внел само 25 негативни поени. Исто така, до надлежниот суд не изготвил и не…

ПОВЕЌЕ ...

Настанот се случи синоќа околу 19 часот на градскиот базен во Велес. Причина за истиот е лежалка и чадори за користење во базенот. Скопјанец на возраст од 21 година најнапред бил удрен со шише во глава од страна на непознато лице , пренесува Канал5. Од ударот момчето се здобило со  расекотина на десното око. По ова настанала групна тепачка, поради што  интервенирала и полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на летото, луѓето спијат во просек два часа помалку отколку во другите сезони. А за возачите ненаспаноста е особено голем проблем, уште повеќе, кога сега е сезона на одмори, кога се патува најмногу. Соодветно, 5-6 часа спиење ги зголемуваат барем за 2 пати шансите за сообраќајна несреќа поради заспивање зад воланот. Истражување на Фондот за безбедност во сообраќајот при Американската асоцијација на автомобилските возачи докажува дека колку помалку спие еден возач, толку поголема е веројатноста тој да предизвика инцидент на патот. Експертите утврдиле дека со спиење од 4 часа, ризикот за несреќа се зголемува 11,5 пати. Истражување на…

ПОВЕЌЕ ...