Author: Media Point
Натпреварот кој ќе влезе во ракометната историја на репрезентативниот ракомет на Македонија, ќе се игра со почеток во 19:30 часот. Младинците ќе го играат полуфиналето на Мундијалот во Алжир против фаворизираната селекција на Франција. Со оглед на тоа што никаде нема ТВ пренос, сите љубители на ракометот мораат да се снаоѓаат со лајв стрим на интернет. kamenica.mk се погрижи и пронајде линк за следење на историскиот натпревар на младинската репрезентација на Македонија. Мечот меѓу Македонија и Франција можете да го следите на следниов линк: https://m.youtube.com/watch?v=ksBjs00T6qA
27. Јули 2017 (kamenica.mk)Решението за подигање на вооружено востание донесено на Солунскиот конгрес, требало да се потврди на одделни конгреси на секој револуционерен округ. Битолскиот окружен комитет, конгресот на својот округ го свикал на 30 април 1903 година во с. Смилево, родното село на Даме Груев. Даме одлуката за востанието ја прифатил како завршена работа и решен самиот да ја преземе фаталната одговорност. Оттука неговата изрека: Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!Карев: Ние сме пред денот на востанието, а народот нема со ништо да го пресретне Според Никола Петров Русински, конгресот започнал со работа на 17/30 април 1903…
27. Јули 2017 (kamenica.mk) Вчерашниот пријателски натпревар помеѓу екипите на Каменица-САСА и Кит-Го од Пехчево, кој се играше во рамките на подготвителниот период пред почетокот на Втората македонска фудбалска лига беше прекинат во 60 минута. Натпреварот требаше единствено да им послужи на екипите за подготовка и проверка на формата на играчите, но гостите незадоволни од начинот на кој судијата го водеше натпреварот, најпрвин тренерот на екипата, а потоа и играчите го напиштија теренот. Врв на нивното незадоволство беше 60 минута од натпреварот кога побараа “непостоечки” пенал за судијата, по што со кратка вербална расправија излегоа од теренот. Моменталниот резултат на…
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. Весник на РМ број 21/98 и 18/07) и Програмата на неработни денови за 2017 година која ја изработи Министерството за труд и социјална политика следната среда (2-ри август) – Денот на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. ПРОЧИТАЈ: МВР СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА За граѓаните од православна вероисповед следи и продолжен викенд во истиот месец, односно викендот кој започнува по 25-ти август (петок), дома ќе седат работниците во следните три дена заклучно со 28-ми август (понеделник) кој е неработен ден – Успение на Пресвета…
ФК Каменица САСА денес со почеток од 18:00 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица против ФК Кит-Го од Пехчево ќе го одигра својот втор пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона од Втората фудбалска лига. Натпреварот е уште една шанса за меѓусебно воигрување на екипата по сите позици на теренот. Закажаното ждребување за редоследот на натпреварите во оваа сезона која беше закажана за вчера, е одложена за 7 дена. Така ФК Каменица САСА покрај тоа сеуште не го знае распоредот на фудбалските натпревари, по се изгледа сеуште не е познат и составот на противниците. Во наредниот период каменичани ќе…
Ако некогаш во животот сте вежбале во теретана, сигурно сте налетале на некои од овие луѓе. За разлика од останатите кои дошле само да вежбаат, овие се таму да ќарат нешто, да се фоткаат, да покажат на другите колку се силни итн. Ако ви текнува на некои други вакви примери од ваше лично искуство, споделете со нас во коментарите. https://youtu.be/-WwRdnjgGSM
Брзиот начин на живот неретко диктира лош распоред на оброците и уште полош избор на храна. Мит е дека не може здраво да се храните на ограничен буџет, особено во лето кога има толку многу достапни здрави и свежи намирници како сезонско овошје и зеленчук. Овие оброци може да ги подготвите лесно и брзо и да ги понесете со себе на работа и да ја внесете дневната доза хранливи состојки, витамини и минерали што ќе ви дадат енергија во текот на целиот ден. Појадок: Протеински шејк. Во блендер ставете 2 лажици зобни снегулки, 1 лажица протеин во прав, еден грст зрнесто…
13:05 26 јули 2017 (kamenica.mk) Од Министерството за здравство информираат дека директорот на клиниката на прес-конференција ќе објасни што се случува. Заразно заболување е утврдено на Инфективната клиника во Скопје, а во моментов, неофицијалните информации говорат дека клиниката е во карантин откако наводно двајца починале. Директор на Клиниката, Звонко Миленковиќ, кој е и претседател на Комисијата за заразни болести, во моментов се наоѓа во Министерството за здравство, каде за околу еден час треба на прес-конференција да објасни што точно се случува. Во јавноста веќе излегоа информации дека на клиниката биле примени неколку пациенти со заразно заболување. Извор: PlusInfo.Mk
Пратеници во Собранието предлагаат измени на Законот за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, по скратена постапка, со кое се бара да му се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена и за даночен обврзник физичко лице, затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање глоба, пренесува Академик. Во постојното решение се предвидува дека доколку при вршењето на контролата даночниот инспектор или даночниот контролор утврди дека даночниот обврзник не го регистрира прометот преку фискален апарат, не…
Ернест Ебелинг е 63-годишен Германец, кој оваа година на летување во Хрватска дошол со трактор. На патот до Трогир, до каде што се возел девет дена поминал 1700 километри. Патувањето го поделил на девет дена, за секој ден поминувал по 110-120 километри. Неговата сопруга сепак не тргнала со него, туку се одлучила за авионско патување.
