Објавено на 8 септември, 2017 „Почитувани, Со ова писмо Ви се обраќаме со цел да помогнете со донирање на парични средства за малата Хана од Виница која има само три и пол години, на која и е дијагностицирано леукемија при Клиничкиот центар во Скопје. Од таа причина и со оглед на висината на трошоците за нејзиното лекување кои ние самите како семејство не можеме да ги обезбедиме, Ве молиме да донирате средства во Ваша можност за продолжување на животот на Хана… Секој Ваш денар е драгоцен во оваа состојба, бидете хумани!!!“ Подадете рака и донирајте за Хана повторно да ја…
Author: Media Point
Делчево го славеше својот бренд- пијанечката слива. Музика, оро и штандови ги промовираа традиционалните специјалитети од сливи карактеристични за Пијанец. Традиционално се подготвуваат учениците сами да ги работат производите, вели Јадранка Атанасовска проф. во СОУ „М М Брицо“. Од мармалад од сливи имаме подготвено палачинки, торти, чоколада и се прават многу специјалитети, вели ученичка од ООУ „Св. Климент Охридски“. Неизоставен дел беа и казаните каде се вареше делчевска жолта ракија. Најважно садовите да бидат чисти, но и да се внимава комината добро да созрее, да не биде ни нестасана, ни престасана, изјави Јован Медарски. Традиционалните Пијанечки денови на сливата годинава…
Тежок инцидент се случил во Виница откако едно лица, физички нападнало четворица други. Иако помногубројни, нападнатите не можеле да се одбранат зашто биле лица постари од 60 години, додека напаѓачот е момче на 27-годишна возраст. Освен што бил млад, виничанецот бил и исклучително агресивен и насилен, веројатно под дејство на поголема количина алкохол или некоја наркотична супстанца. Инцидентот се случил во близина на Здравствениот дом во Виница, каде тројца тамошни жители и една гостинка од Берово, излегле да се прошетаат. Според нивниот исказ, тие со ништо не дале повод за бесот на младиот напаѓач и веројатно биле случајни жртви на…
Трагедија во Кочани. Син го пронашол татка си удавен во каналот за наводнување, откако претходно го пријавил за исчезнат. Потрагата по родителот, за 42-годишниот кочанец С.Ј. завршила вчера попладне. Безживотното тело на 70-годишниот татко го нашол во каналот кај кочанското село Грдовци, во м.в. „Бавчи“. Во шок и неверување, но со надеж дека нешто може да се направи, синот повикал екипа на Итната медицинска помош, но за жал, тие само ја констатирале смртта. На телото на старецот немало траги на насилство, па веројатно е дека кочанецот одлучил сам да си го одземе животот. По извршениот увид на лице место, телото…
По синоќешната централната прослава на празникот 8 септември пред Владата, денес продолжува одбележувањето на 26-годишнината од прогласувањето на независноста. Па така делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев на гробиштата во Бутел утринава положи цвеќе на гробовите на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, а делегација предводена од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска положи цвеќе пред споменикот “Ослободители на Скопје”. Министерството за одбрана во Крушево организира искачување на Бушева Планина под наслов “Заедно кон врвот”. Македонија денес слави 26 години од успешно спроведениот референдум на кој 95 отсто од македонските граѓани се изјаснија…
За осум месеци во Македонија во сообраќајни несреќи загинало 91 лице. Според статистиките на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за време на продолжените викенди, како што е овој, бројот на несреќи е зголемен. „Септември е период во годината кој е соодветен за организирање на продолжен одмор или пократко патување во земјата или соседството. Карактеристично за секој продолжен викенд е зголемениот интензитет на сообраќај и поголемата фреквенција на автомобили, а тоа во комбинација со неодгoворното учество во сообраќајот може да доведе до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди и зголемување на бројот на загинати и повредени лица во…
Тринаесет години заробени во сопсвениот дом. Вака живеат две сестри на возраст од околу четириесетина година во стан на улицата Димче Лахчански во Битола, кои мајката, по смртта на таткото во 2004 година, ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет, објави Телма. Мајката и ќерките живеат од скромна пензија, но со исклучена струја, често гладни и жедни. Од здрави, прави и високообразовани личности, двете сестри сега се оболени, приковани за кревет, живеат во нехигиенски услови, со рани по целото тело, а од станот се слушаат лелеци. Веќе утре следува целосна сторија за состојбата на ова семејство од Битола.
Двесетина планинари од ПСД „Голак“ од Делчево и планинари од соседна Бугарија за прв пат орагнизирано го искачија врвот на Малешевските Планини, Илијов врв, висок 1803 метри. Почетната точка ни беше локалитетот Равна Река кај Пехчево 1100 метри се до крајната цел. Испешачивме 16 км по двата правци за 6 часа со висинска разлика од 700 метри, изјави Љупчо Чучуковски, ПСД „Голак“- Делчево. Традиционално овој период, делчевските планинари го искачуваат највисокиот врв во Макеоднија, Кораб, но оваа година тие сакаат да ги промовираат Малешевските Планини како иделана дестинација за љубителите на планината. Сакавме да го искачиме Илиов врв многу малку…
Четириесет и едногодишниот скопјанец И.Т. синоќа со нож го убил својот татко во нивниот дом во населбата Црниче. Полицијата била повикана од нивна сосетка на улицата Чедомир Кантарџиев во Скопје, која пријавила дека соседите се тепаат. Кога пристигнале полицајците, на прагот на дневната соба го пронашле избоден Љ.Т. (68), а лекарот од Итна медицинска помош констатирал смрт. Како што соопшти СВР Скопје, сопругата на Љ.Т. изјавила дека додека со сопругот седеле во дневната соба, дошол нивниот син, ја откорнал влезната врата и влегол внатре, по што ја избркал од собата. Потоа почнал да го влече татко си и во…
7 септември 2017 Успех на референдумот за независност, надеж за подобро утре, но и сомнеж дали Република Македонија ќе може да продолжи сама без да биде во рамките на СФРЈ, е впечатокот што се добива кога ќе се прелистаат весниците ден пред одржување на референдумот на 8 септември 1991 година. Во моменти кога беснееше воениот виор низ просторите на поранешна СФРЈ, Македонците одлучија да се одделат од поранешните републики и сами да продолжат да ја градат независна, суверена и самостојна Република Македонија. На референдумот одржан на 8 септември, 95, 26 проценти рекоа „за“ независна Македонија. Глигоров: Не верувам дека кој…
