Продолжениот празничен викенд ги наполни бугарските туристички центри, но и плажите во Грција. Само преку Граничниот Премин Делчево на 8 Септември за Банско или Грција заминале 2000 патници. Најмногу од Скопје, но и Тетово, Охрид, Штип и од цела Македонија. За продолжениот викенд на ГП Делчево поминале на влез и излез 7750. Само на 8 септември на влез и излез се евиднетирани 3075 патници од кои 2000 беа на излез и 90% од нив се македонски државјани. Најмногу патуваа за Банско Бугарија и Грција, изјави Марјан Димитровски, командир на ПС на ГП Делчево. Зголемената фреквенција на возила и за…
Author: Media Point
ЕВН од Штипско семејство сакаше да наплати заостанат долг и изгуби на суд. Семејство од Штип доби правосилина судска пресуда против компанијата: Ова е крајна разврска, Апелација Скопје го потврди случајот и веќе немаат право на жалба, немаат право на друга инстанца. Мислам дека ако отидат и на меѓународен суд ќе изгубат, зашто сите правни нормативи се исцрпени во матичната земја. На оваа постапка имавме вештачење, извештачивме, докажавме дека по ниту еден правен основ ова семејство на ЕВН не и должи ништо, објасни Емил Недков, адвокат. Случајот се води уште до мај 2015 година, кога семејството решило да побара правна…
Сеча на огревно дрво во смрт однесе уште едн млад живот од Истокот. Овој пат, жртва е 43-годишен жител на делчевското село Габрово, кој животот го завршил приклештен од трактор, натоварен со исечени дрва. Смртта младиот делчевец го пречекала кај местото викано Кремењач. Тој седел во приколицата врз дрвата кога возачот се обидел да го стартува тракторот, но обидот завршил со превртување на возилото. Левото тркало, силно го пориклештило делчевецот во пределот на половината, по што тој таму се разделил со животот. Лекарска екипа, само ја констатирала моменталната смрт. Надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а телото на…
16 години од терористичките напади на 11 септември САД одбележат 16 години од стравичните координирани терористички напади, кои на 11-ти септември 2001-та година го шокираа светот. Доналд Трамп, прв пат како претседател ќе присуствува на одбележувањето на годишнината, која ќе почне со минута молчење во истото време кога првиот авион се заби во светскиот трговски центар.. Нападите во кои загинаа вкупно 2.998 луѓе, ги извршија припадници на терористичката група Ал Каеда со киднапирани авиони. Тој трагичен настан го означи почетокот на американската и западната глобална кампања против тероризмот, која резултираше со војните во Авганистан и во Ирак.
Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со…
Први погодоци за ЖФК Каменица САСА на официјален натпревар од Првата македонска фудбалска лига. Денес како дел од второто коло, каменичките девојки гостуваа во Тетово и против ЖФК Тетово одиграа интересен натпревар со солидна и рамноправна игра на теренот. Стрелци на историските први постигнати голови за ЖФК Каменица САСА на денешниот натпревар се: Моника Георгиева, Евгенија Велиновска и Вероника Николовска. Домаќините постигнаа седум голови. Тренерот и Шеф на Стручниот штаб на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски е задоволен од играта на девојките и начинот на извршување на задачите во играта. Свесен за фактот дека ова сепак е прва сезона и…
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Фокус“, И.Ш., сопатниците Н.Ѓ. и Н.Н., додека, со телесни повреди се здобиле три деца (две на 10-годишна возраст и едно девет години), сопатници во возилото „Форд Фокус“. И.Ш. и Н.Н., по укажаната лекарска помош, биле задржани на лекување во Медицински центар Штип, а Н.Ѓ., по укажаната лекарска помош во Медицински центар Штип, поради сериозноста на повредите бил пренесен на лекување во Клинички центар Скопје. Трите деца, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.…
Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе добие нов стадион кој ќе се гради во скопската општина Карпош, на местото каде што сега игра второлигашот Локомотива, неофицијално дознава „Спорт1“ од извори блиски на општината. Сопственикот на Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко одамна имаше намера да изгради нов, помал стадион каде што црвено-црните би ги играле натпреварите од домашното првенство. Проектот за изградбата бил готов, доставен до надлежните во општина Карпош, од каде што без проблем се согласиле да бидат домаќини на најголемото фудбалско име во Македонија. Остануваат само да се средат бирократските работи за да може да почне изградбата на новиот црвено-црн храм, за кој…
Вчера се одигра редовното второ коло од Втората македонска фудбалска лига. Екипите на Каменица-САСА и Борец одиграа драматичен и жесток дуел пред многубројната каменичка публика. Тежок и тензичен на моменти натпревар кој долго време се играше без гол, со многу шанси на двете страни. Пресудна беше 65 минута кога Андреј Кудијан го постигна единствениот гол, кој им донесе три бода за велешани (0-1). Голот беше постигнат при ситуација во која домаќините судијата да го прекине натпреварот заради укажување помош на повреден играч. Тој го продолжи натпреварот, а гостите ја искористија шансата и ја претворија во водство. Најзрели шанси за домаќините во…
Разорната моќ на ураганот Ирма предизвика водата на брегот на Бахамите да се повлече многу повеќе од вообичаеното. – Не можам да верувам. Ова е Лонг Ајленд на Бахамите, а водата од океанот исчезна, пишуваат локалните жители на социјалните мрежи. Ураганот Ирма, кој го погоди островот во петокот беше толку силен што го промени изгледот на Лонг Ајленд. Експертите веруваат дека во недела навечер нивото на водата, сепак, треба да се врати во нормала.
