07.XI.2017 (kamenica.mk) Пензионерите од Делчево добија нов клуб. За адаптација и опремување на корисниот простор на клубот и канцелариите и помошните простории кои се со површина од 350 метри квадратни се инвестирани над еден милион денари средства од Здружението на пензионери од Делчево и од Фондот на ПИОМ. – За над 3000 пензионери од Делчево создадовме поволни просторни, хигиенски услови за користење на слободното време во занимавање со пригодни игри и спортско-рекреативни активности. Тие ќе имаат можност и да се освежат со разни пијалоци по пристојни цени, а во иднина во соработка со заинтересирани угостителски фирми планираме да може да…
Author: Media Point
Слушнете како Пољаци ја рокаат “Две невесте тикве брале бре” на кумановски дијалект. Percival е полски музички фолк бенд од Лубин, формиран од музичари фасцинирани од историјата и историските настани. Името не реферира на никаква историска фигура, туку на џуџето Персивал Шутенбах од серијалот новели The Witcher од Андржеј Сапковски, познат полски писател на епска фантастика. https://m.youtube.com/watch?v=LJlqg-14K-E&time_continue=126
06.XI.2017 (kamenica.mk) Колумната во целост е преземена од интернет порталот ЦрноБело. Автор: (О)милена Какви се луѓето денес? Па не се добри, тоа може да го констатираме веднаш. Сите брзаат некаде, секогаш, секаде, агресивни се, дрски, невоспитани. Но, најмногу од сè останато, луѓето станаа лицемерни и многу злобни. Дали затоа што општеството стана еден вид арена за борби во кои ќе преживеат само најсилните, па сите го прифатија тој самозаштитен механизам? Сепак, сè има граница. Но, најголем дел од луѓето денеска се во состојба да газат врз останатите како да се некои чергичиња за обувки, само за да дојдат на своето.…
06.XI.2017 (kamenica.mk) Со сигурност во моментов најдобриот македонски футсал играч, Адријан Мицевски продолжува со блескавите игри во дресот на хрватски Сквер од Дубровник. Во последното коло, нашиот Мицевски буквално им ги „искина конците“ на противничките фудбалери на Томи Сплти. Тоа е екипа која е прв фаворит за освојување на титулата и се наоаѓа на лидерското место. Како за илустрација, годишен договор на само еден нивни играч е како целиот буџет на Сквер. Македонецот едноставно беше незадржлив на теренот, притоа постигна два гола, од кој едниот е поништен иако се чини дека беше регуларен. Згора на се, составот од Сплит до…
Околу 18 часот синоќа во Полициска станица -Виница, пријавен е несреќен случај на местото „Лисичка“ во атар на селото Градец. 25-годишниот И.Г. од селото Градец, управувајќи трактор „Фергусон“ со приколка натоварена со дрва излетал од шумскиот пат и од здобиените повреди починал на лице место. На тракторот бил качен и неговиот татко, 54-годишниот Д.Г. кој се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помоше бил пренесен во Клиничка болница -Штип. Увид на лице извршила екипа на Полициска станица Виница.
05.XI.2017 (kamenica.mk) Сообраќајна несреќа се случила вечерва на магистралниот пат Штип – Кочани кај фабриката за масло „Брилијант“. Каmenica.mk нема повеќе информации за тоа. АМСМ соопшти дека од 21:00 часот магистралниот пат Штип-Кочани кај фабриката за масло „Брилијант“ е во прекин поради сообраќајната несреќа. Со нови информации ќе ве информираме, веднаш по добивањето на истите.
05.XI.2017 (kamenica.mk) Во време на родова рамноправност сеуште има случаи сестрата да се откаже од наследството и да го подари на братот. Во руралните средини мотив за ова е да се одржи традицијата која трае со векови, а во градовите истата оваа традиција се продолжува од други побуди. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ГОЛЕМА РАСПРОДАЖБА: Купете кола за 1.100 евра! Најчеста причина поради која сестрите се откажуваат од својот дел и му го препуштаат на братот е нивната добра финансиска состојба, а ако тоа не е случај и ако го прифатат браќата знаат да бидат прилично сурови кон своите сестри. Многу често мајките…
05.XI.2017 (kamenica.mk) Во организација на месното население и месната заедница во с.Саса, денес свечено беше пуштен во употреба новиот селски пат кој ги поврзува Мечкарско и Чукаревско маало. Станува збор за локален пат, во вкупна должина од над 2км, кој поврзува неколку рурални средини, а е од витално значење за жителите на овој крај. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа во оваа свечена пригода со краток говор најпрвин ги поздрави жителите на село Саса и сите присутни гости. Изрази голема благодарност и посебна радост, заради фактот што својот прв градоначалнички мандат го започнува со вакава убава…
05.XI.2017 (kamenica.mk) Ова видео е направено од случаен минувач покрај школскиот двор во кочанското село Тркање. Децата наместо со фудбалска топка играат фудбал со празни пластични шишиња. Срамота! Извор: Мотика
5.XI.2017 (kamenica.mk) Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени. Во Каменица Македонска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе достигне до 16 степени. Во понеделник кон вторник ќе се зголеми облачноста и во вторник во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во ноќта кон среда и особено во среда преку денот ќе има повремени врнежи од…
