10.XI.2017 (kamenica.mk) За Дарко Трпески од Скопје, инаку долгогодишен веган, попладневниот оброк се претворил во вистинска ноќна мора, кога сфатил дека среде вкусното јадење изел црв од јаболко, мислејќи дека јаде зрел плод кој штотуку паднал од гранка. Тој сега е загрижен за своето здравје, бидејќи внел 3 грама протеини од животинско потекло во својот желудник. „Некаде околу 19:30 го примивме повикот од господинот Трпески со молба итно да дојдеме кај него, за да направиме детоксикација, во народот попозната како перење желудник, зашто се сомнева дека добил труење“, вели д-р Марина Илиева од службата за брза помош. Мобилната екипа на…
Author: Media Point
Матичните служби во Германија ќе мораат да им понудат на граѓаните можност, освен како мажи или жени, да се изјаснат и како припадници на трет пол. Така одлучи Уставниот суд на Германија, а одлуката предизвика поделени реакции. Пресудата е јасна – тоа што во матичните служби и официјалните документи граѓаните мораат да бидат водени како мажи или жени претставува дискриминација на интерсексуалните лица. Одлуката е донесена поради Вања, интерсексуално лице кое од 2014 по правен пат се бори официјално да не биде водена како жена, туку под „inter/divers“. Меѓуполовите лица се генетски, хормонски и анатомски помеѓу двата пола. Според…
10.XI.2017 (kamenica.mk) Лекар од Клиниката за токсикологија попладнево е прободен со нож, пред влезот на клиника. Неофицијално, напаѓачот го пречекал пред самиот влез на клиниката и му нанел две убодни рани со нож. Според првичните информации од Министерството за здравство лекарот е во стабилна состојба. Од таму велат дека се во контакт со МВР, се испитува случајот, а полицијата работи на пронаѓање на напаѓачот. Неофицијално, станува збор за лична пресметка поради нерасчистени односи.
Триесет годишен виничанец пред три години болест го заковала во инвалидска количка. Некогаш здравиот млад човек, сега е целосно зависен од туѓата помош. Сам не можам да одам, со количка, тато и мама ми помагаат, ме подигаат од кревет. На петти спрат живеам, во Виница, и не можам да спаѓам сам долу. Има две-три години како немам излезено надвор. Да сакам да отидам за Штип или за Скопје, по потреба, нема ниту кој да ме симне, ниту кој да ме качи. Нема што да правам, многу се нервирам. Нема што да правам. Имам болки, ме болат грбот, рацете, нозете, вели…
Извори од Белград открија дека искусниот Станиќ се соочува со финансиски проблеми кои го навеле да започне со нова работа во последниот месец, а тоа е возач на такси. Од нешто мора да се живее, па работа си е работа. Неофицијално, финансиските проблеми настанале откако Станиќ се решил да инвестира во отпочнување на бизнис, но поради административни проблеми, парите пропаднале.
Се едуцираат дома, се реализираат во странство. Македонија се празни и тоа алармантно. Веќе е реткост да сретнете млад човек кој нема да ви каже дека размислува, или планира да замине од државата. Без разлика дали станува збор за студент, или некој што работи. Мотивите се различно, но доминантно економски: „Оваа држава е многу мала за животните цели на студентите, барем на оние како мене, а такви се многу. Реално, огромен број сакаат да заминат, меѓу нив и јас. Зошто сакам да заминам, бидејќи сега студирам дизајн на облека, а ако останам тука ќе може да најдам работа во некој…
09.XI.2017 (kamenica.mk) Густ чад се издига од зградата на Градежниот фалкултет во Скопје, кој се наоѓа на булеварот Партизански одреди. Според очевидци, на местото се упатени повеќе противпожарни возила и возило на итната медицинска помош, но засега нема детали за тоа дали евентуално има повредени и што е причината за пожарот. Нема информации ниту од Центарот за управување со кризи, ниту од Противпожарната единица на Скопје. Фото: facebook
09.XI.2017 (kamenica.mk) Фан страната на ФК „Осогово“ излезе со Соопштение кое го пренесуваме во целост. По оставката на досегашната управа, клубот го превзема АД ХОК тело . Целите на ова телот ќе бидат: – Ревизија на досегашната работа – Консолидација на сениорскиот тим – Реорганизација на младинските школи -Изработување на финансиски план за 2018 година -Приведување на полусезоната -Организирање на годишно собрание (нешто кое не е направено повеќе од три години) Назначен е нов стручен штаб во кој членуваат: – Крсте Крстев како главен тренер кој има УЕФА А лиценца – Александар Андов како тренер на голманите кој има УЕФА Б…
09.XI.2017 (kamenica.mk) За помалку од 2 месеци сите приватни компании ќе мораат на своите вработени да им исплатат регрес за годишен одмор или к-15 кој според проценките оваа година ќе се движи од 9.000 денари па нагоре. Некои компании веќе ја извршија исплатата порано, меѓутоа постојат и такви кои чекаат да чукне и последниот час од годината за да го направат тоа – а тоа е 31-ви декември. Поради бројните коментари од страна на нашите читатели дека нивните работодавачи во текот на минатите години се обидувале на разни начини да ја избегнат оваа законска обврска како на пример намалување на…
09.XI.2017 (kamenica.mk) Погледнете го аматерското видео, направено од живописниот предел околу локалниот пат Делчево – Бигла – Виница: https://m.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=jue4LBgHvSM
