14.XI.2017 (kamenica.mk) Неколку бели тартуфи со вкупна тежина од 850 грама продадени се за 75.000 евра на традиционалната аукциска продажба во Алби на северниот дел на Италија. По пат на сателитска врска претприемач од Хонгконг ги купил тартуфите. – Ситуацијата е малку подобра во последно време, но оваа година нема да биде одбележана со голема продажба на бели тартуфи, рече Изабела Џаниколо од Центарот за студии за тартуфи во Италија. Според неа, сушата придонела за помал број тартуфи и лош квалитет на тартуфите. Цените на тартуфите на аукциските продажби се многу поголеми на пазарите каде цената се движи од околу…
Author: Media Point
Некаде во Тунис, трета лига. Добро исполнети трибини, убав терен и: пар ролинзи кои два пати по ред му успеваа само на Зидан. Без заебанција само на Зидан. Што би рекли: Спаваш ли мирно Зинедине Зидане бе!?
13.XI.2017 (kamenica.mk) Во среда на 15.XI.2017 година, со почеток од 19:00 часот во салата за состаноци, Советот на општина Македонска Каменица ќе ја одржи својата втора седница по ред. Присутен на седницата на Советот ќе биде и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. На претходната, прва конститутивна седница која се одржа на 08. Ноември 2017г. беа избрани сите ограни и потребните комисии при Советот на општина Македонска Каменица за негово успешно и непречено функционирање. За претседател на Советот на првата конститутивна седница беше избран м-р Иван Кузмановски, како единствен кандидат за функцијата предложен од советничката група на СДСМ. Советот…
Новина во менито на kamenica.mk. Од денес е активен сервисот “Избери Музика”, кој е дел од пробниот “пилот” проект “Radio Talk Kamenica.Mk”. До дооформување и остварување на целосно замислената идеја на уредничкиот тим, можете да се послужите со менито на разноврсна и урбана музика што ви ја нудиме преку панелот на www.radiotunes.com. Кон времениот музички програм можете да пристапите од тука, со клик врз сликата или директно од банерот поставен на почетната страна на www.kamenica.mk Остануваме отворени за соработка и идеи, ги очекуваме вашите конкретни предлози на оваа и сите други останати теми од урбаното живеење на градот, се со…
Силен оган од дрва, квалитетен камен варовник и печка изѕидана по теркот на Турците кои некогаш живееле во делчевското село Звегор, е формулата на стариот варџија Пане кој единствен во регионот го чува занаетот и произведува квалитетна вар за варосување , но и за лекување. Најкавитетна вар во Источна Македонија бидејќи е многу квалитетен каменот. Нашата вар се пече 72 часа, значи три дена и три ноќи. Нашата вар се пече на 1900 степени ја прајме квалитетна. Молерите во Делчево сите се кај мене, само ми с ејавуваат буре таму, буре ваму.Продавам по 30 тони вар во годината. Сите ми…
Четиринаесет основци од кумановското село Бајловце учат во никакви услови, немаат чиста вода за пиење, тоалет, ниту надгледни средства за нормална настава. Факултети.мк го посети училиштето и помина еден ден со учениците и нивните наставници. Бисера и Мила пешачат по шест километри преку ридот до дома Бисера и Мила секој ден стануваат во шест наутро, се облекуваат, ги ставаат ранчињата на грб и излегуваат од дома. Навидум сосема обична слика за ученици што одат на училиште. Но Бисера и Мила и уште десетина деца од неколку села од Општина Старо Нагоричане во зима мора да се „опремат“ и со…
13.XI.2017 (kamenica.mk) Просечната плата во соседна Бугарија продолжува да расте. Во септември просечната бруто месечна плата изнесувала 1064 лева, што претставува зголемување од 11,5% во однос на истиот период од минатата година. Факторите за растот на платите се неколку. Од една страна, конкуренцијата на пазарот на трудот ги стимулира компаниите да се натпреваруваат за вработените нудејќи повисоки плати. Од друга страна, годишното зголемување на минималната плата за 9-10% и придонесите за социјално осигурување за 1 процентен поен ги зголемува платите во секторите со ниски трошоци за работна сила. Највисока е просечната плата во Софија – 1427 (715 евра) лева во…
12.XI.2017 (kamenica.mk) Вечерва, 12 ноември, со почеток од 21 часот, во арената „Вембли“ во Лондон ќе се одржи годинашното доделување на европските музички награди на Ем-ти-ви, а домаќинка на манифестацијата ќе биде британската ѕвезда Рита Ора. Таа ќе има и свој настап на сцената во „Вембли“, каде што ќе запеат и Деми Ловато, Камила Кабејо, Шон Мендес, Кеша, Стормзи, „Килерс“, Лиам Пејн, Тревис Скот, „Ју-ту“, Дејвид Гета со Чарли Екс-си-екс и Френч Монтана, „Клин бандит“ со Шон Пол, Ен Мари, Џулија Мајклс и Зара Ларсон, како и популарниот американски рапер Еминем,кој деновиве се врати на сцената со новиот сингл „Walk On Water“ во дует со Бијонсе. Според…
Полициски екипи ноќеска на терен спроведувале акциски контоли во објектите низ главниот град. Како што дознаваме од неофицијални извори, на мета на ноќната акција на МВР биле угостителски објекти, ноќни клубови, агенции за обезбедување и други објекти. Од МВР официјална потврда за контролите за сега нема. Очевидец за Скопје Инфо сведочи дека полициски специјалци во оружје упаднале во познат ноќен клуб во скопската населба Капиштец. Според неговите изјави полицијата ги легитимирала присутните и направила рутинска контрола на објектот. Најверојатно контролите на полицијата во објектите траеле до утринските часови, па официјални информации од МВР за тоа што полицијата открила и кои…
12.XI.2017 (kamenica.mk) На Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам се појавија нови слики од судир меѓу автомобил и запрежна кола. Овој пат коњот кој ја влечел запрежната кола удрил во задниот дел од автомобилот и го искршил стаклото. Засега причините за сообраќајната несреќа не се посочуваат, но ваквите инциденти за ќал и не се така ретка појава. Запрежните коли немаат задолжително осигурување и не е дозволено да се вклучуваат во сообраќај за што следат дополнителни казни. Исто така доведувањето во опасност на коњите воопшто не е хуман третман на едно животно.
