Author: Media Point

Вечерва со почеток од 19:00 часот, во Струмица ќе се одигра натпревар од треттото коло на Втората македонска фудбалска лига. Се среќаваат Беласица и Каменица-Саса. Домаќините со нова бода ќе се зацврстат на една од челните позиции од табелата, а гостите од Македонска Каменица ќе допатуваат со надеж за освојување на првите бодови во оваа сезона. Мечот се игра во вечерен термин (19:00ч), така да kamenica.mk на верните љубители на фудбалот во Македонска Каменица ќе им овозможи линк со видео стрим од натпреварот.

ПОВЕЌЕ ...

29-годишен овчар од струшкото село Подгорци е осомничен дека извршил полов напад врз холандска државјанка на возраст од 55 години. Според информациите на Министерството за внатрешни работи настанот се случил вчера околу 14.30 часот во атарот на селото Вевчани. Холанѓанката К.С.К. го сликала стадото овци, по што овчарот се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото. Откако ја сликал, К.С.К. се поздравила со овчарот и тргнала кон своето возило. „Во тој момент 29-годишниот А.А. со употреба на физичка сила ја турнал на земја, легнал врз неа и почнал да ја допира по интимните делови од телото. Сторителот…

ПОВЕЌЕ ...

Од недела во Истибања започнува 32. издание на меѓународнииот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“. Програмата ќе започне во недела во Истибања со големото оро, кое по звуците на гајдата, тамбурите, кавалите ќе се игра од сите ансамбли од странство и Македонија. Потоа шродолжуваме со големото дефиле низ Истибања, по кое на центарот на селото ќе настапат сите ансамбли со кратко претставување од една до две минути, вели Стојко Митковски, раководител и организатор на фестивалот. Веднаш по дефилето и ората, фестивалот ќе биде свечено отворен од градоначалникот на Виница, Емил Дончев. Вечерта ќе се организира македонска национална вечер, каде гостите од другите…

ПОВЕЌЕ ...

Северна Кореја лансирала балистичка ракета од Пјонгјанг во правец на исток, соопшти војската на соседната Јужна Кореја. Ракетата била лансирана од квартот Сунан во Пјонгјанг. Јапонија објави дека ракетата минала преку теротиријата на таа земја и дека паднала во водите на Тихиот океан. Јапонската телевизија НХК ги предупреди жителите на Хокаидо и Тохок да најдат засолниште откако проектилот ја прелета Јапонија, односно го прелетар просторот во близина на островот Хокаидо во 7:06 часа според локално време. Според податоците на јужнокоејската војска ракетата паднала во Тихиот океан на 2.000 километри источно од Хокаидо, што значи дека ракетата прелетала 3.700 километри. Инаку…

ПОВЕЌЕ ...

Германската плата најмалку вреди во Швајцарија, а најмногу во Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Трошоците за живот во Македонија се двојн пониски, алкохолот е доста поевтин, а цигарите чинат скоро три пати помалку. Институтот за економски и социјални науки од Дизелдорф направи анализа на статистиката од Еуростат и националниот завод за статистика за да ги спореди животните трошоци во 37 европски земји, Америка и Јапонија. Листата од овие земји е разновидна – од Швајцарија, Луксембург и скандинавските земји, каде трошоците за живот се доста високи, па се’ до балканските магистрали каде што е најевтино за живот, но заработувачката не…

ПОВЕЌЕ ...

По овие скали до шести спрат во зградата, наречена Бродот во Делчево, треба да се качува и симнува секој ден 27-годишната Марина, лице со церебрална парализа, за да стигне до станот кој им го додели државата.Радоста на Марина и нејзината мајка од веста дека државата се сетила на нив, многу брзо се претворила во очај, кога виделе дека за нив е невозможна мисија да стигнат до станот. Во Бродо ни дадоа една соба ама на шести спрат, тоа дете е инвалид јас сум самохрана мајка, изнемоштена ништо не гледам имам перде на очите. Јас живеам за тоа дете…седмаче ми се…

ПОВЕЌЕ ...

Иако навивачите на Вардар долго чекаа нивниот миленик да се пласира во групната фаза од некое од натпреварувањата на УЕФА, што годинава конечно им се оствари, сепак за денешниот дуел со Зенит од првото коло од Лигата на УЕФА, стадионот може да зјае полупразен! На неполни осум часа пред стартот на мечот, непродадени се точно 15.985 билети. Што е рамно на фијаско. Дури иофицијалниот веб сајт на Зенитобјави дека на стадионот не се очекуваат повеќе од 20 илјади гледачи, што дури би било и премија со оглед на тоа како се одвиваат работите. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Билетите за Мундијалот во Русија од…

ПОВЕЌЕ ...

Пешак на 30-годишна возраст од кочанско Грдовци загинал во сообраќајна несреќа што вчера се случила на автопатот Скопје-Велес, кај местото „Рако Жинзифов“. Во него удрил автомобил „мерцедес“ со српски регистрации управуван ос 45-годишен Србин. Несреќата се случина синоќа околу 23 часот. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на обвинителот, телото на починатиот било предадено за обдукција. Возилото било упатено на технички преглед, а од возачот била земена крв за анализа.

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималните дбевни температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. Во Каменица, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 12 до 32 степени. Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има зголемување на…

ПОВЕЌЕ ...