Под мотото „Скопска линија, европска вожња“, од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се одржи 16-то издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Фестивалот ќе биде отворен со шведската сатирична комедија „Плоштадот“, годинешниот победник во Кан, а ќе кулминира со премиерата на „Исцелител“, првенецот на македонскиот режисер Ѓорче Ставревски, по што ќе следува и 10-дневен филмски маратон. Првите кадри од приказната за „Синедејс 2017“, која овојпат ќе биде распослана од 9 до 19 ноември со 10 дополнителни дена за „филмскиот маратон“, што подразбира дека на радост на зависниците ќе потрае дури до…
Author: Media Point
Македонскиот шампион Вардар го претрпе и четвртиот пораз во Лига Европа. Овој пат Вардар загуби со 3-0 на гостувањето во Сан Себастијан од Реал Сосиедад. Избраниците на Јавенвски уште еднаш прикажаа бледа игра, во која противникот доминикот доминираше во текот на целиот меч. Резултатот беше отворен во 31.минута кога по изведениот корнер, Хуанми погоди со глава за водство на Реал Сосиедад од 1-0. ИакоШпанците имаа уште неколку шанси сепак резултат не се промени се до 69.минута кога Де Ла Бела постигна прекрасен гол за водство од 2-0. Конечниот резултат го постави Баутиста во 81.минута. Следен натпревар на Вардар…
Дали на студентка која во текот на студирањето станала мајка и сака да го продолжи студирањето и следуваат одредени погодности и кои? Одговара Димитар Низамовски од Младинскиот образовен форум (МОФ)
02.XI.2017 (kamenica.mk) Против фирмата „ЈОВАНОВ ТРАНС“ ДООЕЛ с. Јакимово, Виница е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. Кривична е поднесена и против 30-годишниот И.Ј од с. Јакимово-Виница, управител во фирмата. Според полицијата на 25.07.2017 година фирмата вршела незаконски ископ на минерални суровини од место викано „Чифличко Поле“ во близина на реката Осојница, атар на Виница, од катастерска парцела, за којашто, друго правно лице, односно фирма од Виница, поседувала дозвола за експлоатација, со што е причинета материјална штета од 216.450 денари. Пишува: Фокус
02.XI.2017 (kamenica.mk) Буџетот за 2018 година тежи 3,44 милијарди евра. Се предвидуваат повисоки плати за десет проценти за сите припадници во армискиот состав. Обезбедени се средства за пет проценти покачување на платите на докторите и медицинските сестри во јавните здравствени установи и планирани се средства за зголемување на платите во основните и средните училишта и во градинките. Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари. Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека и сега да се подготват законите ќе нема време целата реформа да почне да…
02.XI.2017 (kamenica.mk) Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати. Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица. Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив со што и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај. Во Кривичниот суд…
Компанијата Колинс, која издава речник на англискиот јазик, го прогласи изразот „лажни вести“ (fake news) за израз на годината. Според Колинс, употребата на овој израз се зголемила за 365 пати од 2016 година, кога првпат беше употребена во контекст на вестите за Хилари Клинтон, дел од кои беа објавувани од Фејсбук корисници во Македонија. Американскиот претседател Доналд Трамп брзо го прифати и популаризираше овој израз, обвинувајќи ги медиумите кои го критикуваат, пред се телевизијата Си-Ен-Ен, дека се „фејк њуз“. Оттогаш изразот стана препознатлива кованица на претседателот. Според речникот Колинс, овој израз со помал интензитет се користел од почетокот на 21 век,…
02.XI.2017 (kamenica.mk) Неверојатен лапсус на гостин во емисијата Среќни луѓе, која се емитува на Алфа телевизија. Учесникот во играта зборот „зоолошка“ го прочита 300(триста)-лошка. Цело студио паѓаше од смеа.
02.XI.2017 (kamenica.mk) Дванаесет здравствени установи ќе добијат инкубатори за интензивна нега, одлучи Владата на денешната седница. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ќе добие 24 инкубатори, Детската клиника – 6, а 10 инкубатори ќе бидат доставени до десет здравствени установи во земјата. „На денешната седница Влaдата ја усвои одлуката за давање на трајно користење на осум инкубатори за интензивна нега на Јавната здравствена установа, како и одлука за давање на трајно користење на уште шест инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести од Скопје“, се вели во соопштението од Владата. Во него се додава дека…
02.XI.2017, Каменица (kamenica.mk) Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево –…
