Author: Media Point

02.XI.2017 Каменица (kamenica.mk) Во електронскиот дневник, наставниците ќе имаат обврска да запишуваат имиња и презимиња на учениците, распоред на часови и отсуства на учениците Ова е предлог на одговорните во Бирото за развој на образованието, кои го доставиле до Министерството за образование и наука, каде пак, треба да се официјализираат предложените измени.Досега многупати наставниците реагираа дека се преоптоварени со обврски, дека имаат многу големи бироктатски задолженија и во пишаниот и во електронскиот дневник, што пак, им остава многу малку време да се подготват и да се посветат на наставата. За нивната преоптовареност, како и за преоптовареноста на учениците со часови, со години предупредуваа и…

ПОВЕЌЕ ...

Денес е четврток, 2 ноември 2017 година, 306-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:01, а ќе зајде во 16:32 часот. Денот ќе трае 10 часа и 31 минути. И ова утро во Македонија денот го започнуваме со ведро и невообичаено студено утро за овој период од годината со утринските температури кои што се неколку степени под повеќегодишниот просек за овој период од годината. МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -6 до 4 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со…

ПОВЕЌЕ ...

Има многу бенефити од тоа да се непушач – ќе живеете подолго, поздраво, поубаво, а ако сте вработени во јапонската компанија Piala Inc, дури и ќе одмарате подолго. Оваа компанија им дава на непушачите плус 6 дена платен одмор во годината, а причината не е ниту заради здравје, ниту за безбедност, туку само заради тоа да се биде фер и праведен. Паузите за пушење цигара во тек на работно време траат отприлика 15 минути (со оглед на тоа што зградата има многу катови и губат многу време), па непушачите почнале да се жалат дека работат многу повеќе од оние кои…

ПОВЕЌЕ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата со која странците можат да добијат зелена карта за престој во САД, објави АФП. „Денес го започнувам процесот на укинување на програмата за лотарија. Ќе побарам од Конгресот веднаш да почне со работа тоа да се укине.“ Оваа програма делуваше добро, но не е добра и не беше добра, ние сме против неа. Сакаме програма базирана на бракови, за луѓето кои се во брак да можат да дојдат тука“, рече Трамп. Објавувањето на ваквата одлука следеше по откритието дека терористот одговорен за нападот во Менхетен во САД пристигнал преку Програмата за лотарија…

ПОВЕЌЕ ...

Во спомен на починатите, православните верници ја одбележуваат Задушница, еден од најголемите христијански празници. Сеќавајќи се на покојните претци, верниците на овој ден се молат за простување на гревовите. Во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на починатите. Наспроти обичаите на гробовите да се носи и раздава огромно количество храна, од Македонската православна црква апелираат дека смислата на овој ден  е во молитвата, а жртвата треба да се ограничи на варена пченица, вино и леб. „Во православната црква имаме само безкрвни жртви.…

ПОВЕЌЕ ...

Експертите отсекогаш верувале дека земјотресите не може да се предвидат, но со најновиот развој на паметни машини, научниците сметаат дека ова е веќе минато, пишува Експрес. Ова следеше по конструирањето на машина која може да ги „слуша“ карпите. Кога одредени видови на карпи ќе се стават под зголемен притисок непосредно пред да се случи земјотрес тие пуштаат тивок звук на татнеж. Една група истражувачи од Универзитетот во Кембриџ создаде услови за појава на ефекти врз карпите при силни земјотреси во лабораториски експеримент при што користеше ново развиена машина со вештачка интелигенција (АИ) која ги издвои знаците што означуваат дека следи потрес. Ефектот…

ПОВЕЌЕ ...

Србин кој живеел во Виница, пронајден мртов во Македонски Брод. Неговото тело, во стан во Македонски Брод го пронашол радовишанец кој веднаш повикал лекар од најблиската приватна ординација, но истиот само можел да ја констатира смртта. Причините за смртта на Србинот не се познати, но според лекарот кој прв имал контакт со починатиот, на неговото тело немало видливи траги на насилство. Сепак, по налог на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. Засега нема информации што точно Србинот работел во Виница и која е причината за неговиот престој таму. Извор: СтарТВ Штип

ПОВЕЌЕ ...

01.XI.2017,Каменица (kamenica.mk) Планинска велосипедска тура по падините на Осоговските Планини реализираа 15 велосипедсти од Македонија и Бугарија, откривајќи ги природните потенцијали за одржлив туризам во овој регион. Активностите се дел од проектот Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговијата, што започна на крајот од 2015 и ќе трае до март идната година. Главна цел на проектот е зачувувањето на биолошката разновидност, со заеднички напори на локалното население. Притоа се спроведуваат активности за поддршка на одржливото менаџирање со шумите, подобрување на знаењето за крупните цицачи и анализирање и демонстрирање на потенцијалот на Осогово за еко-туризам. Во рамки на…

ПОВЕЌЕ ...

21.X.2017,Каменица (kamenica.mk) Каменичанецот Оливер Стоименовски, репрезентативец на македонската младинска репрезентација и неговиот Карабах извојуваа голема победа во младинската Лига на шампиони, откако на гостински терен кај Атлетико Мадрид славеа со минимални 0-1 (0-1). Оливер Стоименовски (18) годинава настапува во Карабах (Азербејџан), каде пред почетокот на сезоната премина од скопски Работнички. Ова е негов особен личен успех, бидејќи сезонава со својот нов тим одигра редица натпревари во Лига на шампиони. Азербејџанскиот шампион дојде до голема победа и први три бода во ЛШ, а Стоименовски ги одигра целите 90 минути на натпреварот и беше столб во дефанзивата. Единствениот погодок на мечот беше…

ПОВЕЌЕ ...

На неколку часа пред истекот на рокот, општинските изборни комисии од 7-те општини од регионот каде имаше гласање во втор круг, немаат добиено приговор од ниту едно избирачко место. Рокот за поднесување пријави истекува во 02.00 часот по полноќ. Ако дотогаш никој не поднесе приговор, општинските изборни комисии веќе утре ќе можат да им ги доделат уверенијата на новоизбраните градоначалници и членови на советите. Решенија треба да добијат градоначалниците и новите советници во Македонска Каменица, Штип, Виница, Зрновци, Чешиново Облешево, Карбинци и Пробиштип. Избраните градоначалници уште одсега најавуват итно решавање на граѓанските проблеми, за кои во некои општини тврдат дека…

ПОВЕЌЕ ...